Samo takva opcija po moe ima logika za seto ova.
Нема логика.
Кој се досега мотивите што се презентирани во јавност?
1. Убиен е човек за 500€ и за да му се одземе возило за да се изврши некое злодело. - АПСУРД!
Коли имаш на секој чекор и иста можеш да украдеш
2. Девојчето е грабнато и убиено во рок од 2-3 саати. Убиството е во 11 часот - Првата објава на социјалните мрежи од страна на мајката во 12 часот.
Каква е таа паника? Од што ги фатило паника за да ја убијат?
3. И на крај главниот мотив - КОРИСТОЉУБИЕ!!!!! За што?
За мочан стан од 50-60.000€?
Апсурдот да биде најголем - Кој го врши кривичното делото, убиство, во двата случаи? Љупчо Палевски Палчо
Цитат од еден медиум:
Нејасно е како Палевски, кој вртеше милионски бизниси во 90-тите, дошол до ниво да киднапира дете за изнуда од десетици илјади евра.
И како капак на се, инволвираноста на таткото на Вања. Бил наркоман кој должел пари и ова со киднапирањево демек било умислен план за да го отплати долгот. Кому тогаш должел пари? На Палчо?
Медиуми се смеат на досега пласираното. Адвокатон Јанаки Митровски излезе во јавност се чуди и се крсти на изјавите од МВР и ОЈО.
Не КОД, не ИРЛ, ФБИ да се викне да го протумачат сево ова... пошто ќе помине нештово, Душичка, Загреота, Смртна Казна... до петок ќе помине.... Иде продложен викенд ќе се мане едно шетање до Охрид или Солун. Здравје ќе имаме и лидерска средба ќе се среди датумот со Изборите. ЌЕ спремаме за Св Никола сармата, кој каде за Нова Година?
Вања ќе се заборави, а правдата? Правдата ќе си остане со превез на очи.