Исчезнати лица

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.759
Поени од реакции
9.882
Зошто била убиена..Изнуда,уцена,рекет,заплашување ОК. Непоимливо.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.539
Поени од реакции
7.652
Кој генијалец во МВР одлучи дека е подобро дури утре да одржат пресконференција?

Најмалку што можеа да направат, откако неколку дена луѓето се обземени од страв и подложни на милион шпекулации, е да покажат сериозност, а не да пуштаат информации по медиуми и да остават уште повеќе да продолжи хистеријата.
Јавно обвинителство ќе има прес.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
6.887
@c i t r o Емкаа
Од извори во истрагата Вечер.мк дознава дека уапсено е уште едно лице вечерва, учесник во целата операција, лицето е со име Александар Ѓ. (татко на Вања) , дознава Вечер.мк грозоморни детали од истрагата. (Ќе чекаме утре обвинителството да каже за какво користољубие станува збор)

Тој е на распит пред судија на претходна постапка.

Истовремено, двајцата од тројцата уапсени, сведочеле дека тие биле заедно со Палчо кога е киднапирана малата Вања од пред влезот на нејзината зграда.

Тие сведочат дека биле во кола со него (со Палчо), кога го земале девојчето.

Потоа кога стигнале во село Бразда, сведочат дека ЉП викан Палчо директно пукал во девојчето, телото го оставиле во истото село, запаленото возило Цитроен го запалиле таму во истото село Бразда (бидејќи Палчо имал таму викендица и познат му бил теренот)


 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.536
Поени од реакции
43.083
Овие имале некој луциден план, што ни у филм не успева, кој инстантно тргнал наопачки и ова им било решението, или почнале да паничат, девојчево да вреска исто, да се дере или па да проба да избега, и еден од нив да и пресуди, секоја теорија држи вода, и онаа дека со велешанецот сакале да направат дека он уствари го направил ова, ама искрено наместо да се замараме и погодуваме, па и да се испотепаме тука кој попрво ке упеца некое добро инфо, да почекаме истрагава што и како ќе покаже иако ова знам дека нема шанса да се деси.

Ова реално е надреално сценарио и барем добивме одговор како тоа некој за дуг би ја убил, зашто реално оние класика мафијаши, лихвари сеедно, да киднапираат нечије дете, да, ама да убијат, тоа не се десило кај нас, не е типично ова за таков профил на луѓе, ова е онака баш рандом ко што спомна некој поназад со Ламбе и бугарскиот клуб, рамноземјаши, политички активни фаци и од оние забеганине '' патриоти '' испаднаа на крај извршители на овој грозоморен чин. Сигурно све ќе се разоткрие и би требало сите битни прашања да добијат и одговор.

Палчо може бил политички активен зашто гледам има луѓе што се соменваат дека некој го мести ради работите што ги зборел, ама ваљда сте свесни и во какви психoпатски работи веруваше, ставаше слики од авиони и радари, оние летки што пуштаат авиони, како кружат над Скопје и не трујат, од таквите забеготини беше овој што веруваат у доста теории на заговор, за мене таквите од увек имале некое ментално растројување и никад не сум ги сметал за нормални. Какви навидум мирни личности се испоставувало дека се убијци, нема ништо чудно и во ова, ваква забеготина ко Палчо да е директно вмешан во истово.

Утре ќе има прес од 9 и 30, би требало барем дел од прашањата да бидат одговорени.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.557
Поени од реакции
939
Навистина сум потресен од исходот на ситуацијата и незнам веќе што да кажам. Нека почива девојчето во мир, а за убијците ЖИЛОТИНА на плоштадот, да им се исечат глави пред народот.

Инаку, ако навистина тој Палчо стои зад убиството на ова девојче, и ако тој навистина има политичка партија по име "ДЕСНА" со тој знак што ми наликува на некаков нацистички симбол... Епа јас мислам дека го имам видено седиштето на неговата партија. Се наоѓа одма после веро кога одите према железничка. Еве локација:


Прајте што ќе прајте со информацијата, јас не повикувам на никакво насилство, правење неред, подметнување пожар, итн...

Се надевам надлежните органи барем тие да си ја завршат работата.

А овие што се на власт, на 8ми мај ќе го јадат дебело (или кога и да се оддржат изборите).

Народот ГЛЕДА и народот ќе ви СУДИ.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.578
Поени од реакции
43.126
Сеа на твитер читам дека на вештачење била земена колата од таткото на девојчето, со таа кола најверојатно била собрана од пред зграда.
Тоа ми помина и мене низ глава кога пишаа дека таткото е приведен. Ваљда или тој лично или со неговата кола е земена, па оттаму и никој не видел/пријавил киднапирање во полиција.

Ама од друга страна, не сфаќам што треба да тргне на лошо за девојчето да заврши убиено после само 2 ипол саати, ако татко и е еден од организаторите. Стварно не гледам зошто би ја убиле.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.485
Поени од реакции
109.579
Каде бе овие со вакви сурати ќе убиваат дете ради долг? Бог да чува еј, на крај ќе испадне дека несакајќи ја утепале и уште повеќе ќе се изнервирам. Нема да ме чуди и тоа да се десило, али што вика Урко џабе шпекулираме боље да почекаме официјален репорт од обдукцијата и испрашувањето на вмешаните па да се комплетира сликата.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.363
Поени од реакции
4.885
Пепел прат модераторите, се избришаја.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.275
Поени од реакции
57.422
Тоа ми помина и мене низ глава кога пишаа дека таткото е приведен. Ваљда или тој лично или со неговата кола е земена, па оттаму и никој не видел/пријавил киднапирање во полиција.

Ама од друга страна, не сфаќам што треба да тргне на лошо за девојчето да заврши убиено после само 2 ипол саати, ако татко и е еден од организаторите. Стварно не гледам зошто би ја убиле.
Татко и ваљда служел како мамец за она на мирен начин да влезе во возилото, после ја оставил да продужи со овие а он да се врати дома и покасно да пријави у полиција, а овие да си бараат откуп од дедото на Вања (татко на мајка и). Тоа ваљда бил единствениот услов за татково да се извади од долговите. У меѓувреме овие ја носат накај Бразда, им се дешава некој хаос нешто и девојчево настрадува.
Вака ми делува некако најлогично.

Треба и судска медицина да изврши вештачење за тоа на каков начин е пукано врз детево, тоа ќе го даде одговорот на прашањето. Дали е ликвидирана, дали е по грешка убиена, дали им избегала па пукале по неа.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.793
Поени од реакции
18.424
Не се овие никакви мафијаши, туку се класични фрикови/мутанти од Hills have eyes ко што некој ги нарече и психопати од кои може само да ти се споврати, кои и сопствена рода би убиле за пари. Вакви напаѓаат само ако осетат дека жртвата е послаба и не може да се брани. И верувам дека нема долго да издржат во затвор. Јадна мајка со што се справувала и со што ќе треба да живее.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.156
Поени од реакции
35.014
а овие да си бараат откуп од дедото на Вања (татко на мајка и).
Прво некоја таква теорија беше пласирана, после ја побија зашто наводно дедото бил умрен уште пред 10 години.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.256
Поени од реакции
16.715
Oвие фриковите се совршен пример за тест на се од сите NCIS, CSI стил на филмови на оние сцени каде што со бормашина бушат дел од мозокот задолжен за некоја функција НА ЖИВО, иако е фантазија да си пробаме итоа во живо на плоштад на сите по некој експеримент па ако преживеат идемо даље, др дел од мозокот итн итн...

Гнасоти
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.963
Поени од реакции
14.008
Вања има и помала сестричка?

За жал, на тоа дете најтешко ќе му биде, треба да живее со голема траума, како да не е доволно што вака изгуби сестра, дури ќе мора да се носи со тоа дека и татко и бил вмешан. Страшно!
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.861
Поени од реакции
9.127
Што знам, лично ми нема логика ако ја однеле они у некоја вукојебина она таму да бега и да се испаничиле овие. Ваљда тој дел од планот им бил разработен. А од друга страна, пребрзо е убиено детето за барање откуп. Би рекол дека пријавата у полиција на мајката е клучна, тоа ги испаничило и решиле да се ослободат од телото мислејќи дека нема да ги фатат, ама мислам дека требале и од таткото да се ослободат, поготово ако се потврдат муабетите дека он ја однел и он бил задолжен. Таков човек не заслужува да постои. Монструм.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom