12-14 минути се подготвува стандардниот ориз, со се припрема нека се макс 20 мин
Mastering на овој скил ќе ви тргне многу главоболки и замарање околу исхрана.
1 чаша ориз со 1.5-1.7 чаши вода, ако додадете плус златна мешавина и печурки ќе додадете и за нив уште вода (вообичаено јас му ставам 1 чаша ориз, 1 рака златна, 150тина гр шампињони и 2 чаши вода).
Отприлика оди вака: го плакнам оризот и му ја цедам таа вода целосно, сецкам свежи шампињони, додавам златна мешавина, па зачини (вегета, црн бибер, нане, куркума, црвен пипер) + 5-10 грама путер, додавате вода 2 чаши и се става поклопец. Го оставаш поклопено 12 минути (првите 6 на највисока температура, па намалувам за 2 нивоа) после 12та минута го отворам да видам до каде е (обично уште 1 минута го оставам колку да испари водата), секое зрно се одделува од останатите.
Јас учев од мастерот