Решив да средам исхрана и да почнам со некакви вежби.
Забегав и јас со паметот дефинитивно...
Се решив да пробам со следење на калории и такви ствари, па направив еден дневен план со оброци. Не знам колку сум прецизен со бројките пошо доста различни нутритивни вредности за релативно исти ствари се вртат по интернетов.
Ако некој ми примети некаква грешка нека ме корегира.
Ова е само за еден ден, ќе пробам да направам повеќе варијации и комбинации од продукти кои сметам дека би можел да ги комбинирам.
Ден за тренинг:
Грчки јогурт + 2 банани = 280 кал.
300г компир + 300г стек = 730 кал.
Pro Gainer = 650 кал.
Салата со авокадо и домат + 200г ориз = 500 кал.
200мл белки + 4 парчиња интегрален леб = 500 кал.
50г апетисани = 300 кал.
Од сето ова внесувам горе-долу:
- 200г протеин
- 375г јгх
- 85г масти
Цел- мускулна маса
75кг, 178цм
15 - 20% сало
Примарен таргет - 80кг