Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.379
Во 100гр. Грав пишува дека содржи 60гр. Хидрати и 20гр. Протеини верно е ?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Во 100гр. Грав пишува дека содржи 60гр. Хидрати и 20гр. Протеини верно е ?
Да. ама во 100грама сува мера, не 100 грама манџа.
Протеин од грав е постоечка работа. И леќа исто.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Едно клише прашање: Знам дека е битна исхраната, но дали со правилен и редовен тренинг и со внимавање во исхрана (не целосно, но да внимаваш да не претеруваш со не здрава храна), можеш да направиш солидно тело?
Во неделата имам 4 тренинзи во фитнес клуб, плус одам и уште 1 ден на кошарка...но, работам во фирма и за првиот оброк немам доволно време да го приготвам па најчесто се состои од Fast Food храна (или понекогаш риба конзерва), а за вториот секогаш обрнувам внимание (пред тренинг гледам да внесам јаглехидрати, после тренинг протеини).
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.612
Поени од реакции
11.155
Едно клише прашање: Знам дека е битна исхраната, но дали со правилен и редовен тренинг и со внимавање во исхрана (не целосно, но да внимаваш да не претеруваш со не здрава храна), можеш да направиш солидно тело?
Да.

А за прв оброк доволно е од дома да си однесеш само овесни снегулки и на работа да им ставиш млеко и по желба додаток како брусница, мед, ореви, лешници, кокос и тадааам ете ти здрав оброк.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Да.

А за прв оброк доволно е од дома да си однесеш само овесни снегулки и на работа да им ставиш млеко и по желба додаток како брусница, мед, ореви, лешници, кокос и тадааам ете ти здрав оброк.
Знам за тоа, ама скептик сум дека "ќе ми држи" до 17 часот. :D

А колку да ставам овесни снегулки и колку млеко во еден оброк?
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.612
Поени од реакции
11.155
Знам за тоа, ама скептик сум дека "ќе ми држи" до 17 часот. :D

А колку да ставам овесни снегулки и колку млеко во еден оброк?
Пошто не сакаш да си ригорозен, овесни снегулки ставај од ракав, па ќе си одредиш со тек на време колку ти одговара, а млеко зависи од тоа дали го сакаш оброкот погуст или не... јас на пример не сакам да јадам многу јаглехидрати овој период па една ќеса од 500 грама ме држи 10+ денови.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Пошто не сакаш да си ригорозен, овесни снегулки ставај од ракав, па ќе си одредиш со тек на време колку ти одговара, а млеко зависи од тоа дали го сакаш оброкот погуст или не... јас на пример не сакам да јадам многу јаглехидрати овој период па една ќеса од 500 грама ме држи 10+ денови.
Па од прилика кај 60-70 грама овесни снегулки, плус додаток мед во млеко, мислам ќе е доволно за еден оброк. Плус, нешто овошје во текот на работното време и кафе, ќе ми е сосем доволно. :)
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.612
Поени од реакции
11.155
Па од прилика кај 60-70 грама овесни снегулки, плус додаток мед во млеко, мислам ќе е доволно за еден оброк. Плус, нешто овошје во текот на работното време и кафе, ќе ми е сосем доволно. :)
Плус можеш да додадеш и доза протеин од сабајле, мислам дека кажуваше дека ти е во план да купиш.

Еве ти и страна ако сакаш да видиш која храна колку калории (јх, протеини, масти) имa:
https://www.wolframalpha.com/input/?i=70+g+oat+flakes
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Знам за тоа, ама скептик сум дека "ќе ми држи" до 17 часот. :D

А колку да ставам овесни снегулки и колку млеко во еден оброк?
не смееш да бидеш толку време гладен, многу малку мускул ке ставаш (ако воопшто ке ставаш)
еден клучен момент во бодибилдинг е редовна, правилна исхрана, не може да седиш гладен 5-6-7-8 сати, мора да јадеш речиси скоро секој 4 сата, независно дали си на маса или шрединг

за снегулки како се готват, аман де :D
 
T

Terroir

Гостин

Не само што можеш туку и има доста бенефити ако седиш гладен одреден број саати, читни малце повеќе за intermittent fasting
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Е сега одлучете се, дали е доволно храна тоа што го пишав горе (овесни снегулки, мед, млеко и овошје до 17 часот и после тоа прописна вечера), или треба да јадам повеќе во текот на денот? :)
 
Што ние да се одлучиме, ти треба да видиш што повеќе ти одговара на дневната рутина. Има луѓе кои повеќе им одговараат повеќе оброци распоредени во текот на денот, на други им епоедноставно да внесат 2 поголеми оброци во 6-7-8 часа и тоа е тоа. Сепак важното е да бидеш во плус калории ако сакаш да ставиш мускул
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.660
Поени од реакции
34.953
Intermittent fasting е супер за чистење, особено во комбинација со кето диета, а за да ставите маса можеби и не е најдобар метод.
@the_kop нема некоја голема филозофија за да направиш два оброци за на работа, сите работиме, сабајлето овесни со протеин+ореви/бадеми/семки од тиква, на работа носи си салата со пржени/варени јајца и оризови галети (10 мин треба да се приготви ова) или пак сардина/туна+салата+оризови галети, за главно јадење парче месо+ориз+салата и уште еден оброк после теретана пак јајца/месо/компир/салата смисли некоја комбинација.
Обично најпрактично ти е од вечер да ти е спремно се, јас од вечерта ја сецкам салатата и ја затворам во пластика без зачини, сабајлето само ги пакувам во 2 пластики по еден оброк и шибам на работа. Стекот фрли го во рерна вечерта, исто можеш филети ослич/полог, свинско, телешко или што и да е, со 5 мин замарање ќе имаш месо за следните два денови.
Ориз полуподготвен користам во последно време, го има во Стокомак околу 90денари за кг, се вари за 15 мин, му ставаш златна мешавина и малку зачини и со 15мин готвење си правиш за два дена.
 
2 dena pravam od toj oriz i e mnogu vkusen :) slucajno go najdov i lesno se vari. ima sega nekoj nov so zacini ali e dosta skap vo vero go ima so nekoj dodatoci grcki sosovi
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
32
Поени од реакции
17
Не само што можеш туку и има доста бенефити ако седиш гладен одреден број саати, читни малце повеќе за intermittent fasting
Хахахаха, седење гладен != intermittent fasting. Ако НЕ ТИ СЕ ЈАДЕ, тоа е фастинг стејт, а за да дојдеш до тој фастинг стејт, ќе ти треба доооолго време да го навикнеш организмот со кето и појќе маснотии. Ако седиш гладен т.е ти се јаде а не јадеш, е тогај тоа не е у реду. Кортизол спајкнува и ти го сјебува шеќерот и да не набројувам што друго.

@the_kop би ти препоручал како што пиша пријателот погоре, спакувај два оброка, не е научна физика одма се прави, пикај у фрижидер и сабајлето стај тоа салад дресингс шо сакаш и на раб ако имате микро, подгреј и јади. И еден тип од мене: ако у текот на денот ти се јаде а немаш што, купи кикирики или незнам ореви, 20г се доволни да те заситат.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom