„Сирија е фабрика на терористи кои се подготвуваат за напад на Европа”
21.10.2015 | 20:30
Извор: Точка
Француски џихадисти откриваат како изгледа животот во ИСИС. Најновиот извештај кој се состои од сведоштва на француски џихадисти кои живееле во Исламската држава, нуди подобар увид во тамошната заедница.
Документот го составил францускиот Оддел за криминал и помилување, откако ги собрале сведоштвата на француските борци кои биле испитани откако се вратиле од ирачко-сириската област. Потоа извештајот им бил испратен на сите во земјата кои се занимаваат со истражување на тероризмот.
Џихадистите опишале како рутите за влегување во земјата многу се промениле од почетокот на конфликтот. За да ги прикријат своите траги, некои од француските кандидати за џихадисти денес патуваат преку Белгија, Германија, Швајцарија и Шпанија во Истанбул, пишува
Business Insider.
Според сведоштвата преминувањето на границата не е воопшто тежок и најлошиот дел е искачување преку оградата од жица. На овој дел од патот, некои идни џихадисти можеле да одберат дали сакаат да се приклучат во ИСИС или во Џабхат ал-Нусра, сирискиот огранок на Ал Каеда, додека другите без прашање се водат кај исламистите.
Обука и секојдневие
Откако ќе се заколнат на верност, им ги одземале документите, а бидејќи ги сметале за новодојдени, не смееле да ја напуштат резиденцијата следните месец или два. Во текот на тој период поминуваат низ обука.
Во камповите за обука се буделе во 5:30 часот наутро за утринска молитва. После тоа следувало вежбање (трчање, склекови), па воени вежби (пукање од автоматско оружје, лансирање ракети и гранатирање). Потоа на ред било вежбањето на психичката издржливост (да создадат отпорност на студ и глад) и верско подучување.
За време на тренингот морале да одат и на ноќни стражи, а после завршувањето ги распоредувале во катиби (баталјони) според културните и јазични афинитети.
Исламската држава или ал-Нусра на борците им обезбедувале сместување и добивале надоместоци чија висина зависела од задолженијата.
Еден човек кој е под истрага откако се вратил во Франција, открил дека војниците во неговиот дом примале околу 100 долари месечно.
Мачења и убивања
Во извештајот се наведува дека некои француски милитанти учествувале во изнудување против сириски цивили, особено во Азаз и Ал-Раки, каде што оваа недела исламистите ги натерале сите мажи постари од 14 години да се пријават кај религиската полиција или да ризикуваат казна.
Еден борец кој учествувал во мачења, признал дека бил на јавни егзекуции на кои на луѓето само им го сечеле грлото, како што се барало според екстремистичката интерпретација на шеријатскиот закон. Тој дури и признал дека му ја држел главата на еден затвореник, додека другите му ја отсекле.
Дилери, хомосексуалци, бунтовници и оние обвинети за практикување магија или прељубници, биле убивани на улица и нивните тела останувале неколку дена изложени на улица, со натпис кој би објаснил што направиле.
Еден маж кој ги опишал камшикувањата на дилери на канабис или тутун, навел примери како на едно 14-годишно момче му ја отсекле главата бидејќи прекинал молитва, како на еден постар маж му ја отсекле главата бидејќи го обвиниле дека е вештер и како едне хомосексуалец бил фрлен низ прозорец.
Во извештајот исто така стои дека Французите особено внимаваат на еден француски џихадист за кој се сомневаат дека е авторизиран да промовира терористички проекти во земјата, пишува Business Insider.
Исто така,
еден неодамна уапсен џихадист опишал дека Сирија е како фабрика за тренирање на терористи кои се подготвуваат да ја нападнат Европа во блиска иднина.
http://tocka.com.mk/1/174557/sirija-e-fabrika-na-teroristi-koi-se-podgotvuvaat-za-napad-na-evropa