Исламска држава - појава, развој на настани, можен исход.

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
ИСИС многу лесно може да се порази во светот само доколку Обама биде сменет во САД и Ердоган во Турција.. Обама и Ердоган се тие главните подржувачи, кога тие двајцата ќе бидат сменети тогаш ИСИС ќе се исчезне од светот..
На Саудиска Арабија, на Израел, на Турција и на САД не им се во прилог ни Сирија блиска со Русија, ни успешни Курди ни влијателни шиити. Исламската држава е одличен инструмент за одржување нестабилност и евентуално, уништување на актуелниот сириски режим, за слабеење на шиитското (иранското) влијание и за оневозможување да се создаде курдска држава. Освен тоа овој извор на нестабилност може да биде (и изгледа и е) и извор на голем финансиски профит, па затоа има интерес огнот да се одржува подолго време и по потреба да се разгорува уште повеќе. Ми се чини дека во наредните децении Ирак ќе претставува неисцрпно жариште на нестабилност, фундаментализам, тероризам и сл. Ќе има и за извоз.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
ИСИС многу лесно може да се порази во светот само доколку Обама биде сменет во САД и Ердоган во Турција.. Обама и Ердоган се тие главните подржувачи, кога тие двајцата ќе бидат сменети тогаш ИСИС ќе се исчезне од светот..
Amon_Balkan, за подржувачите во право си, али гледам дека намерно или ненамерно ги имаш заборавено и израелците,односно и Израел..;) Значи + Бинјамин Нетанјаху..:icon_lol:

А инаку

ИСИС= САД,Израел Турција















 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.576
Го убиле и Салопек. Не ни очекував друг исход со првичните услови за ослободување на муслиманки од затворите од Египет , но подоцна побараа 20 милиони долари и очекував оваа пујчето курвинско да направи барем напор да се соберат средства. Нека иде да се слика сега пак гола.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
не врееди за 1 човек да даваш толку милиони или пак да ослободуваш со дебело криминално досие терористи...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.576
Поени од реакции
26.098
Интересна анализа на Дневник базирана на западни медиуми.

Моќната авијација на САД една година ја бомбардира монструозната ИСИЛ и не може да ја уништи

Пред четиринаесет години, веднаш по нападите од 11 септември, јавноста беше принудена да прифати серија од погрешни претпоставки во врска со Осама бин Ладен и Ал каеда. Дел од нив се фокусираа на личноста на Бин Ладен - неговото богатство, здравје и историја. Групата што ја водеше, дотогаш релативно маргинална без реална основа за поддршка и само неколку стотина члена, беше прикажана како разгранета глобална терористичка организација со послушни оперативци и тајни ќелии на секој континент и способност да се мобилизираат, радикализираат и да напаѓаат далеку над својот вистински капацитет. Инциденти без врска со групата или нејзиниот лидер беа одеднаш преформулирани како „операции на Ал каеда“. Секој инцидент, каде било во светот, стануваше дело на Ал каеда. Еден резултат од оваа „фатаморгана“ беше глобалната војна против тероризмот, монументално погрешна стратегија, која е делумно „виновна“ за ширењето на радикалната исламска милитантност изминатата деценија, пишува британски „Гардијан“.

Kонтрола и по цена на Исламската држава

Војната против тероризмот, кампањата без крај, која беше иницирана пред 14 години од Џорџ Буш, сега се претвора во гротеска. Но тероризмот е сега во очите на тој што набљудува. И никаде ова не е поголема вистина отколку на Блискиот Исток, каде што денешните терористи се утрешни борци против тиранијата - и сојузниците се непријатели – смена што најчесто зависи од каприците на западните креатори на политиката. Изминатата година, американски, британски и другите западни сили се вратија во Ирак, наводно за да ја уништат хиперсекташката терористичката група Исламска држава (порано позната како Ал каеда во Ирак). Ова се случи откако ИД зазеде огромна територија во Ирак и Сирија и прогласи исламски калифат.

Но, воената кампања не оди по планираното. Многу Ирачани тврдат дека САД се неми набљудувачи додека сево ова се случува. Светлина врз ова тврдење неодамна фрли декласифицираниот таен извештај на американските разузнавачи, напишан во август 2012 година, кој чудно ги предвидува - и ефективно ги поздравува - изгледите за појава на „салафистички калифат“ во Сирија и Ирак. На споменувањето на можноста за воспоставување прогласен или непрогласен салафистички калифат, Пентагон посочува дека токму ова го сакаат поддржувачите на опозицијата (САД и Западот) за да го изолираат сирискиот режим. Токму тоа и се случи две години подоцна. Тоа не значи дека САД ја создадоа ИД, иако дел од нејзините сојузници во Заливот одиграа улога во тоа - како што лани призна потпретседателот на САД, Џо Бајден. Но во Ирак немаше Ал каеда додека САД и Британија не извршија инвазија. А САД дефинитивно го искористи постоењето на ИД против другите сили во регионот како дел од еден поширок обид за одржување на контролата на Западот.

Есапот се смени кога ИД почна да ги обезглавува заробените западњаци и да ги објавува своите злосторства на интернет, па земјите од Заливот почнаа да ги поддржуваат другите групи во сириската војна, како Фронтот Ал нусра. Но оваа американска и западњачка навика да си играат со џихадистички групи, која потоа им се враќа како шамар, датира уште од војната во 1980 година против Советскиот Сојуз во Авганистан, каде што Ал каеда се роди под закрилата на ЦИА за подоцна да удри во срцето на таа закрила.

Реално гледано, политиката на САД и Западот во „пожарот“ што сега беснее на Блискиот Исток е класична шема на „раздели, па владеј“. Американските сили во Сирија бомбардираат една група бунтовници, а поддржуваат друга, и активно учествуваат во заеднички воени операции со Иран против ИД во Ирак, а во исто време ја поддржуваат воената кампања на Саудиска Арабија против Хутите во Јемен, кои ја уживаат поддршката на Иран. Kолку и да се чини збунувачка американската политика, слабите и поделени Ирак и Сирија совршено се вклопуваат во таквиот пристап. Но, Исламската држава е иновативна. Таа досега не го таргетира директно Западот, како што Ал каеда продолжува да прави, туку повикува на поединци да дејствуваат самостојно во Европа и во САД, или против туристите и западњаците во странство.

Борба против самите себе

Пред речиси една година, САД почнаа воздушна воена кампања против ИД во Сирија и Ирак. Оттогаш речиси секојдневно се објавува статистика од бомбардирањето, односно колку воздушни напади се изведени во Ирак, а колку во Сирија. Ако земеме предвид дека станува збор за најголемата воена сила на светот, која дури и тврди дека во ваквите воздушни напади не дејствува сама, туку со помош на низа сојузници, се поставува прашањето, како тоа Исламската држава с` уште не е спречена во нејзиното дејствување? Напротив, по една куса пауза, ИД повторно незапирливо напредува, посочува „Инфоворс“.

Kога станува збор за односот меѓу ИД и многубројните опозициски милитантни групи во Сирија, важат две правила: т.н. бунтовници можат да ~ се придружат на ИД преку целосна интеграција или тесно сојузништво или можат да станат мета на ИД. Алтернатива не постои. Во тој виор од судири, додека т.н. умерени единици почнуваат нагло да исчезнуваат од сцената, САД и понатаму сметаат дека е можно да се создаде опозиција каква што заговараа уште во 2011 година. Со таква цел тргнаа и во процес на опсежна обука на опозициските сили во Јордан и во Турција. Меѓутоа, во досегашната пракса САД се покажаа како лош актер кога станува збор за обука на локалните борци - во Ирак, војската што ја обучуваа буквално се распадна при првата офанзива на ИД, додека во Авганистан самите се најчеста мета на борците што ги обучуваа. Времето ќе покаже дали таа нова генерација „проамерикански“ борци во Сирија се само мит или пропаганда. Засега постои голема опасност дека истите, по доаѓањето на сирискиот фронт, можат со американското оружје да прејдат на страната на ИД, како што веќе се случи во Ирак.

Имајќи го предвид тоа, лесно може да се заклучи дека САД, намерно или случајно, во исто време ја јакнат ИД и се борат против ИД. Се борат ли, во суштина, САД самите против себе? Факт е дека САД изведуваат воздушни напади против ИД и тврдат дека притоа убиваат многу милитанти. Kако тогаш ИД и понатаму незапирливо напредува и во Сирија и во Ирак? Или е ИД толку силна или нешто е гнило во тие американски воздушни напади. ИД би можела да се запре само со јасно дефинирање на актерите, кога поделбата би била на ИД и анти-ИД сили. Проблемот е во тоа што САД не ја гледаат сириската војска како анти-ИД сила, туку како непријател, пишува „Дејли бист“.

Три држави во Ирак?

Прашање е како САД гледаат и на ирачката војска, т.е. на целокупната слика за единствен Ирак. Зашто сега, кога на Ирак би требало да му се помага со сите расположливи средства, пречесто гледаме во американските стручни геополитички анализи предлози за дезинтеграција на Ирак како единствена држава. Пречесто се споменува создавање три нови држави: курдска, сунитска и шиитска. Не е тешко да се погоди дека с` што прават САД сега го прави со постојани предупредувања до своите заливски, сунитски сојузници: „внимавајте на нашите интереси во регионот!“. Нова сунитска држава на западот од Ирак би била токму она што го сака Саудиска Арабија, која се плаши од победата на унитарен, потенцијално изразито проирански Ирак. Затоа политиката е главна кочница за вистинска и темелна пресметка со ИД и с` додека е така, ИД ќе ја користи ситуацијата, ќе напредува и секој ден ќе станува с` потешка за запирање. Она што е јасно е дека ИД и нејзините монструозности нема да бидат поразени од истите сили што им ја донесоа на Ирак и Сирија или чии отворени и тајни воени одлуки ја „негуваа“ во годините потоа.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
ИД ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНИ- ЌЕ НАПАЃА УЧИЛИШТА И БОЛНИЦИ


Терористичката група Исламска држава се закани со атентати врз училишта и болници во Белгија, информира денеска бриселскиот дневен весник „Соар“, цитиран од ТАСС.


Заканата била пренесена преку аудио порака од 20-годишниот Абдела Најман, кој бил жител на градот Антверпен, но сега војувал во редовите на ИД во Сирија. Тој кажал дека потенцијални цели за напад се „библиотеки, училишта, болници, трговски улици и дискотеки“.

Според проценки на белгиските антитерористички служби, во кралството сега живеат над 100 радикални исламисти, кои се вратени дома по учеството во борбените дејствија во Сирија на страната на ИД.

Правосудните органи сметаат дека уште над 300 белгиски платеници и натаму војуваат во Сирија и Ирак. Поголемиот дел од нив припаѓаат на втората генерација арапски мигранти и имаат белгиско државјанство.

Белгија се наоѓа на првото место во Европа како сооднос меѓу бројот на исламисти кои војуваат во Сирија и вкупниот број на население. Во кралството живее една од најмногубројните арапски заедници.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.091
Поени од реакции
15.952

Еве како си играат децата во градинка во ИС.

Го уништи мендо:(
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.576
Поени од реакции
26.098
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.051
Поени од реакции
6.657
Каде у Чаир е ова поточно знае некој да каже?
Битола строг центар кај Саат Кулата

upload_2015-8-26_23-48-12.png пред иииииииииииии


upload_2015-8-26_23-49-13.png


по реновирањето кое траеше подолго време

upload_2015-8-26_23-50-2.png

upload_2015-8-26_23-50-20.png [DOUBLEPOST=1440625911][/DOUBLEPOST] upload_2015-8-26_23-51-47.png
 

Attachments

Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Па секако историски гледано и самиот Ислам е еден лош експеримент на Ватикан за да го уништи Источниот православен свет прво во лицето на Византија,а сега во Русија.Со самото неучествување во спречување на ширењето на Отоманското царство на Балканот,туку напротив целосна соработка со нив.Истото го гледаме сега,манипулација на целиот свет.Но се додека седат мирни Кина,Индија,Јапонија ова ќе се случува.Тие имаат моќни армии,не се пристрасни ни кон христијанството,ни кон исламот.Тие можат да ја прекинат оваа игра која ја води НАТО раководена од САД и Папството.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Во Битола нема теоретски шанси да има нешто муџахедини бидејќи муслиманите за разлика од тука во Скопје,таму се во многу мал процент и не им стиска газот да прават проблеми

Па и битолскиот имам има кажано сам дека не сака проблеми и дека ако увиди дека некој од таквите му шета по џамиите сам ќе го пријави во полиција,нема да чека од други да го сторат тоа.

Џамијата е кај реката Драгор и неколку пати имам поминато покрај неа и целосно е забарикадирана,како да се прави атомска бомба,а не џамија.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.051
Поени од реакции
6.657
Во Битола нема теоретски шанси да има нешто муџахедини бидејќи муслиманите за разлика од тука во Скопје,таму се во многу мал процент и не им стиска газот да прават проблеми

Па и битолскиот имам има кажано сам дека не сака проблеми и дека ако увиди дека некој од таквите му шета по џамиите сам ќе го пријави во полиција,нема да чека од други да го сторат тоа.

Џамијата е кај реката Драгор и неколку пати имам поминато покрај неа и целосно е забарикадирана,како да се прави атомска бомба,а не џамија.
и шо викаш ти од каде пари за ваква реставрација на оваа и други џамии ?! зошто се инсистира на реновирање во полн сјај ?? вехабии има во битола,можеби не се во некој број но се присутни, има мештани кои почнаа да се облекуваат и да се носат како традиционални муслимани,нормално за тоа им следи надоместок...................
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
и шо викаш ти од каде пари за ваква реставрација на оваа и други џамии ?! зошто се инсистира на реновирање во полн сјај ?? вехабии има во битола,можеби не се во некој број но се присутни, има мештани кои почнаа да се облекуваат и да се носат како традиционални муслимани,нормално за тоа им следи надоместок...................
Таа џамија може да ја реновира и Турција, не мора да значи дека е Саудиска Арабија.

А за Турција, колку нејзините намери и се добронамерни кон Македонија друга прилика.

ОФ ТОПИК

Не можев да најдам тема па видов се разви дискусија во која се вмешува Израел овде, па решив ова да го споделам тука.

Многу ме иритира дволичноста и лицемерието на некои медиумски куќи, кои објавуваат сцени само кога Палестиниците се жртви на Израелските војници, а никако да објават кога Израелци се жртви на палестински фундаменталисти. Многу ме потсеќа на војната во 2001 кај нас и се продолжува се до ден денес, каде секогаш само едната страна е напаѓач, а другата невино јагне.

(ПРЕДУПРЕДУВАМ!!!: СНИМКАТА Е ВОЗНЕМИРУВАЧКА, ПА АКО НЕКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГЛЕДА ЈЕЗИВИ РАБОТИ, НЕКА НЕ ОТВАРА)

WARNING: Graphic content
This morning, a terrorist went on a violent rampage in Jerusalem with a vehicle and a butcher's knife. This is the danger we face. This is the result of Palestinian incitement.


https://www.facebook.com/idfonline/videos/vb.125249070831305/1049059318450271/?type=2&theater
 

Kajgana Shop

На врв Bottom