Алооо, присутен си?
Ти подржуваш закон и власт која ќе убива луѓе ако не веруваат во Аллах? Власт која се дрзнува како христијанството од XII век да вели дека власта доаѓа од Богот?
Нормален си?
Кој ќе дозволи некој друг да му застане на патот на својата волја? Никој!
Ти и било кој друг ќе се дрзнува против волјата на другиот во што да верува, што да прави и како да го живее животот?
Ц, нема да биде лесен тој пат што ти го замислуваш... I promise that
Куранот има стриктни искасапени и не толку едноставни погледи и закони кои не одговараат на сите на Земјата! Доказ дека твојот бог не создал ништо освен обединување на номадски пустински племиња пред многу векови, слично како евреите и нивните 12 племиња!
Приказната се повторува...
Но бог да создава држави денес... не биди смешен. Мислам дека богот си го троши времето да создава нова планета за малкуте вредни да ги пренесе подалеку од оваа луда карпа што се тркала околу сонцето!
Хепта,
Вака значи...
Гледам дека очигледно нешто не сваќаш или не сакаш да сватиш.
Проста паралела
Замисли си свој дом(имаш своја жена,свои деца,свој кодекс на однесување,свој двор и свои правила).
Јас си си имам свој дом(свои деца,жена,мој кодекс на однесување,мои правила...)
Јас во мојот дом живеам онака како што јас сакам.Ти можеш да дојдеш кај мене како гостин и како гостин нормално ќе ги почитуваш тие правила.Јас кај тебе ако дојдам,како гостин ќе ги почитувам твоите правила и твојот однос.
Тоа е мојот дом,тоа е твојот дом.
Ако во мојот дом децата се бунтуваат против мојот кодекс на однесување и моите правила,можат слободно да се иселат.Ако нејќат ќе пукне боксот нели.
Во твојот дом,како ќе се однесуваат твоите деца не ме интересира,твој дом-твоја работа.
Јас не се занимавам со тебе.Можеме да сме пријатели ако сакаш,можеме да си разговараме и слично.Како живееш ти со своите деца и жена не е мој проблем(тоа е твој проблем).
Проблемот е овој ,што тебе не ти се допаѓа мојот дом,мојот начин на однесување,моите деца,моето семејство.Не ти се допаѓа мојот начин на живеење и сакаш да ме уништиш и мене и моето семејство.Во тој момент кога ќе ме нападнеш,нормално ќе ти возвратам,ќе се бранам.Нема да оставам да ми го уништуваш она што сум го градел.
Проблемот е друже што вие неможете да поднесете таква држава и со такво уредување(вас исламот ви боде очи).Се маскирате и лицемерите кажувајќи:“тоа е лоша држава“ само поради фактот што вас тоа ви е лошо.
Исламот е вера,нација,јазик,култура....исламот е се.
Ова е исламот,не ти се допаѓа во ред е со мене.И мене не ми се допаѓа твојот начин на живот па не се трудам да те променам(си живееш во својот дом онака како што сакаш и си веруваш во што сакаш).
Лицемерно е да се представуваш како либералец а зборуваш како треба да се уништат луѓето со различен начин на живот од твојот.
Преска спомена дека не те интересираат религиите,нели? Тогаш,во што е проблемот?
--- надополнето: 14 декември 2012 во 23:42 ---
Јас па мислев за друго е куранот, а не уметност на војувањето... И Сун Цу да ви позавиди богати....
Куранот не налага војување,куранот налага самоодбрана.За уметност на војување погледни го другиот дел од историјата на светот(оној за нацизмот,виетнам,хирошима и нагасаки...па да видиш ти уметност на војување)