Каква Ерменија, каква Русија... Кога прашината ќе слегне и Пакс Американа ќе отиде таму каде одат сите империи кога ќе се забајатисаат, тогаш Азерите ќе го јадат немиен од Иран. Сметка направија многу голема, си тече каматата.
Инаку, само сакав да посочам дека оваа ескалација во регионот е очекувана подолго време и дека по ова би требало да се очекува и на друго место (Азија-прашањето со Формоза, Европа- Турција, Грција, Балканот, Шпанија..., Ј.Америка) каде ќе се отвори воен конфликт со што се креира мислење -ете гледате целиот свет полуде, сите против сите само ние западната империја (градината) да остане како сила која ќе ги помирува-спасува и посредува.
Што се однесува до Иран. Во тој регион има две сили кои претендираат да доминираат Иран и Турција. Израел е само носач на авиони на САД и неговата сила со помош на медиумски манипулации е многу преценета па штом САД започне со самодеструкција тој носач може многу лесно да биде потопен.
Во регионот има многуброен народ Курди кој е распрснат во целиот регион и во главно им служи на овие од западнава империја па затоа и нема своја држава туку е насекаде подстанар и предмет на поткусурување. Регионот има големи резерви на енергенси и затоа се водат сите војни таму а како повод се користат религиозни и други мотиви. Чудно ми е само што скоро за сите се зборува но најмалку за германија која има многи “блиски“ односи со Турција а полека влегува и во Иран според веќе познатата им доктрина Берлин-Багдад.
И за последниве случувања кои многу се медиумски експлоатирани.
-во овој твит има интересни информации за обезбедувањето на објектите од можни напади со дронови;
-понатаму излегоа и некакви карти на кои се гледа како Амерокењците учествувале,
Има и една добра работа а тоа е посредувањето на Кина и РФ во надминување на несогласувањата во тој регион, за сега западнава империја го минира секој нивен потез.
Во секоја случај ќе продолжи ескалацијата, ударот врз петродоларот ги заболе и сигурно ќе сакат да спасат што можат.