еве копилината од газди на тв не дадоја помочани 4500 евра за да ја гледаме утакмицата
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111891049109&id=19&prilog=0&setIzdanie=21840
Во услови кога за ТВ-правата за странските фудбалски првенства приватните телевизии даваат и над 500 илјади евра годишно, сега скапа им била цената од 8.500 евра за да го пренесуваат денешниот пријателски меч Иран - Македонија, па пренос нема да има
Денешниот пријателски фудбалски натпревар Иран - Македонија, закажан за 15.30 часот во Техеран, нема да биде пренесуван директно на ниту една македонска национална телевизија, поради тоа што газдите на медиумите не сакале да одвојат сума од околу 8.500 евра за да ги откупат ТВ-правата за преносот.
Македонските љубители на фудбалот, особено кога станува збор за националната репрезентација, денеска ќе може да ги гледаат Пандев, Седло, Попов и другарите, но само на сателитската програма на иранската телевизија. Среќа што иранската ТВ не е со кодиран пристап, па може да се гледа слободно, со каква било сателитска антена која ја фаќа нивната фреквенција.
Но, тоа е варијанта што може да ја искористат мал број луѓе, а другите веројатно ќе ги наполнат обложувачниците, каде што сигурно ТВ-приемниците ќе бидат вклучени на иранскиот сателит. Но, сепак, останува горчина во устата, кога се знае дека на ниту една наша телевизија, особено на националната МТВ, нема да има пренос од дуелот.
- Линиите за трасата чинат 4.500 евра, зашто станува збор за една линија, не за „унилатерал“. Тоа значи дека линијата би одела само до Македонија, како единствена заинтересирана за да го преземе преносот. Отприлика уште толку чинат и ТВ правата, но ниту една телевизија не беше заинтересирана да ги откупи. Сакам да разјаснам дека пониска цена не може да се добие, зашто толку пари бараа носителот на ТВ-правата за иранската репрезентација, а тие пари ним мора да им ги платиме - вели Драган Живковиќ од Спорт Фајф, компанија која ги поседува ТВ-правата за македонската репрезентација.
Тој вели дека тешко може да се случи некоја телевизија во последен момент да се премисли и да плати, зашто „кој би сакал да влета во таков трошок, а притоа да нема ниту еден ден за да си го рекламира преносот“.
- Сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски вели дека тој поддржува македонски спорт, имаше најави дека ќе се даваат милиони евра инвестиции, но за ова нема никаков фидбек. Сител досега купи многу преноси од македонската репрезентација, за овој меч можеби немаат финансиски интерес. Но, не би сакал да им навлегувам во нивниот бизнис, или да кројам уредувачка политика на телевизиите. Пренос нема да има, зашто никој не пројавил интерес за ТВ-правата, кои да бидеме искрени, воопшто не се скапи, ако се знаат цените на другите натпревари - вели Живковиќ.
Комерцијалните македонски телевизии годинава ги урнаа сите можни бариери нудејќи баснословни суми на пари за странските првенства. Така, според неофицијалните информации, за една сезона од англиската Премиер лига Сител одвои 650.000 евра, Алфа и Алсат платија еден милион евра за три години емитување на шпанското првенство, Телма за Серија А годишно плаќа 250.000 евра, а најмалку чини француското првенство, за кое МТВ одвои 70.000 евра. Рекордот го држи Канал 5 кој, за две години за преносите од Лигата на шампионите, треба да плати сума од два милиони евра.
Репрезентативците оптимисти дека можат да победат
Македонската фудбалска експедиција продолжува според планот пред денешниот настап против Иран. Вчера, во терминот на одигрувањето на натпреварот избраниците на Јонуз го одржаа и вториот тренинг, а фудбалерите се оптимисти и со нетрпение го очекуваат дуелот со една од најсилните азиски селекции.
- Овие два дена одлично ни дојдоа да се приспособиме на условите во Техеран, но и да се одмориме од настапот со Канаѓаните. Иран е противник за респект, репрезентација која во своите редови има одлични играчи и интернационалци од Осасуна и од Фулам. Нема дилеми дека нé очекува тежок натпревар, вистински тест, кој треба да ја потврди нашата добра форма во овој момент. Потребна ни е добра серија резултати и пред сé да се обидеме да бидеме ефикасни и на гости, нешто што ни недостасуваше во претходните квалификации. Илчо Наумоски и Игор Митрески сигурно ќе ни недостигаат, но имаме алтернативи и се надевам дека одбраната ќе биде на потребното ниво - изјави најискусниот во нашиот тим, Гоце Седлоски, кој доколку го почне натпреварот ќе ја носи капитенската лента, во спротивно таа останува кај Шумуликоски.
Голем оптимист е и голманот Томе Пачовски, кој успеа првпат во својата репрезентативна кариера да одбрани удар од белата точка, во саботата против Канада.
- Против себе имаме одлична репрезентација која сигурно ќе бара реванш за поразот од пред неколку години, но и ни дава можност да потврдиме дека резултатите од претходните средби не се случајни. Очекувам сигурно да имам многу повеќе работа од средбата со Канада, но верувам дека во одбраната ќе бидеме добро организирани и нема да дозволиме да примиме гол - вели Пачовски.
натпреварување сума телевизија
Премиер лига 650.000 Сител
Примера дивизија 1.000.000 Алфа/Алсат
Серија А 250.000 Телма
Лига на шампиони 2.000.000 Канал 5
Лига 1 70.000 МТВ
Македонија 8.500 нема заинтересирани
# сумите се неофицијални
па и интернетот ми се потроши се да му ебам малер невиден :uvo: