Значи вака, имам интернет од Оне и по дифолт брзината на нетот треба да е околу 5-6 мбпс, арно ама мене ми е под 1 мбпс. Им се јавувам во контакт центар и они од таму тестираат и ми викаат дека се е во ред и дека можно проблемот да е до компјутерот или до мрежната картичка.
Е сеа, би ги замолил оние кои поише имаат познавања од таа област да ми помогнат како да го решам овој проблем.
Како можам да ја проверам максималната брзина за пренос на податоци на мрежната картичка?
Да не треба да променам некои цифри, шифри и вредности во Local Area Connection?
Дали е можно да е до драјверот?-Така нешто спомна и вработениот кога се јавив.
Инаку користам Windows 7 (64bit) a модемот е оној стандардниот што го даваат (ТП-Линк).
Однапред благодарен
Шифра: Разочаран интернет корисник