Инсталирање на Linux Ubuntu 7.04

  • Креатор на темата Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување Време на започнување
Сепак јас препорачувам секој почетник да го инсталира Ubuntu-то според туторијалот затоа што тој туторијал е пишувам правилно и школски каде што би можел да се снајде секој почетник (после со тек на време, како ќе наидувате на проблеми... барајки решение за вашите проблеми ќе си ги разјаснувате „мистериите“ на линуксот....).
Најчестата грешка кај линукс почетниците е токму во делот со партициите... незнајеки за линукс партициите најчесто грешат кога наместо најпрвин да му определат соодветни партиции, тие ја одбираат опцијата автоматска инсталација со што му даваат на линуксот за право да си одбере дел од хард дискот онаму од каде што тој ќе посака и многу лесно знае тој да си земе дел токму од партицијата каде што ви е Windows-от (иако тој е програмиран при избор на „автоматска инсталација“ да внимава од каде да си земе простор, сепак вие со таков потег му давате целосен пристап до хард-от со што автоматски се изложувате на евентуални последици).

Наравоучение: Одредете му ги вие партициите односно вие ракувајте со хардот, не го оставајте линуксот да ракува со хадот :star:
 
/ партиција мора да имаш. Можеш да направиш и / и home партиции со што / партицијата ќе ти биде како boot партиција а home ќе ти биде за работи што ќе ставаш одпосле како c и d партиции на win со што првата ќе ти биде за win-от а другата за работите што ќе ги ставаш за кога нешто ќе ти се заебе да не ги изгубиш сите податоци. Видете ако може да направите ext4 партиции, сите Linux партиции направете ги такви, ако немате избор за ext4, тогаш ставете ги ext3. Може да работи и без swap и без home, само со /. Пишав претходно што означува секоја партиција.
А воа home кај да го пишам? Мислам таму кај што се пишува / за boot партиција, на другата се пишува home на истото место или? (може е глупо прашањето, ама да си прашам?)
 
А воа home кај да го пишам? Мислам таму кај што се пишува / за boot партиција, на другата се пишува home на истото место или? (може е глупо прашањето, ама да си прашам?)

Кога го инсталираш линуксот имаш Mount point: и таму имаш да си избереш /, /home, /boot, swap area итн.
 
Хак, како што кажа направив при инсталацијата. Е сега кога ке влезам во Computer ги нема двете партиции Хоум и /. Како да ги најдам или некоја грешка сум направил?
 
Хак, како што кажа направив при инсталацијата. Е сега кога ке влезам во Computer ги нема двете партиции Хоум и /. Како да ги најдам или некоја грешка сум направил?
не изгледаат така партициите
Places-треба да имаш 2 партиции , Filesystem (xxGB) и уште еден IME (xxGB)

а ако ти мислиш дека си напраил 3 партиции креирајки /home, /boot и swap ондак си се зезнал...изгуби златен простор...треба да го враќаш со g-parted
 
Хак, како што кажа направив при инсталацијата. Е сега кога ке влезам во Computer ги нема двете партиции Хоум и /. Како да ги најдам или некоја грешка сум направил?

Грешка си направил, во претходниот пост пишав што опции имаш во Mount point, требаше да ставиш една "/" и ако сакаш "/home" и "swap area". Мене така ми беше претходно, сега оставив само "/" и "swap area" и уште 2 NTFS (една за win и простор меѓу кој ќе ставам фајлови што сакам да ги гледаат и win и linux). Немам ставено до сега /boot и /home, обично место /boot сум ставал само /, /boot немам користено. Види ако не ти е мака или среди како што ти вика Статус Кво или од ново...
А воопшто никаде не ги гледаш партициите?
Или најдобро може и не сме се разбрале па ти пиши на кој начин го направи тоа па ќе ти кажеме што и како ти е и пиши дали друг пат си работел со Линукс?
 
Па ги направив трите партиции, две ext4 и една Swap. После тоа кога требаше да го инсталирам направив тоа journal или не знам како беше на двете партиции, едната ставив mount point /, а другата mount point /home. И го инсталирав. Во ред е направено или грешка сум?
 
Хак, како што кажа направив при инсталацијата. Е сега кога ке влезам во Computer ги нема двете партиции Хоум и /. Како да ги најдам или некоја грешка сум направил?

Џабе само си искомплицирал со партициите, доволно ти е една ext3 или ext4 (по твој избор) и една linux-swap, после тоа при инсталација ќе одбереш оперативниот систем да се инсталира на ext* (на која ќе и ставиш / ) и после си возиш најнормално. Мислам дека немаш потреба од дополнителни компликации.

А иначе кога ќе влезеш во Computer треба да го имаш само Filesystem каде што ти е инсталиран оперативниот систем (за со 2 партиции незнам точно како иде затоа нема да коментирам).

Еве како е кај мене во Computer и кога ќе влезеш во Filesystem имаш bin, usr, etc... фолдери.
 
Па ги направив трите партиции, две ext4 и една Swap. После тоа кога требаше да го инсталирам направив тоа journal или не знам како беше на двете партиции, едната ставив mount point /, а другата mount point /home. И го инсталирав. Во ред е направено или грешка сум?

Добро си ги направил, отвори Places>Computer и види дали имаш едно Filesystem (ова ти е / партицијата) и другата не ми текнува како се викаше зошто сум моментално само на / и swap али ќе ја познаеш по големината која си и ја одредил и исто таму ќе ги имаш и другите партиции ако си направил некои (пример NTFS, Fat32...).
 
А ќе може некој да ми каже разлики меѓу ext3/3xt4?
 
А ќе може некој да ми каже разлики меѓу ext3/3xt4?
Па и нема некоја разлика, барем јас немам забележано.
Читнав некаде дека ext4 е далеку понестабилна од ext3, така да оваа е единствената разлика за која сум слушнал досега. :P
 
Па и нема некоја разлика, барем јас немам забележано.
Читнав некаде дека ext4 е далеку понестабилна од ext3, така да оваа е единствената разлика за која сум слушнал досега. :P

Ако не се лажам, главните предности на ext4 се во перформансите. Колку тие разлики се очигледни во обично офис (да го наречеме) работење, не знам.
За стабилност, јас немам проблеми до сега... /me чука во дрво.
 
Мене на Jaunty ми се случи на 4-5 пати да ми замрзне екранот додека бришам нешто, па да морав да го рестартирам компјутерот, а на Karmic досега не ми се има појавено никаков баг поврзан со ext4 file system-от.
 
Значи имам Asus EEE pc 900HA. И сега сакам да го преинсталирам т.е. да му стаам еду-бунту.
Има ли друг начин на инсталирање освен со external cd-dvd rom? И ако има ве замолувам да ми објасните.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom