Се собрале еден куп наводни незадоволни граѓани.
1. Незадоволни што тие плаќаат карти , а другите не плаќале.
2. Тие не плаќаат но ги казнуваат , а другите не ги казнуваат.
3. Незадоволни што албанците биле насилни и не трпеле ниеден лош збор.
Јас лично секогаш плаќам карти за патување , но за разлика од мене имало македонци кои не плаќале.
Ваше е да ги почитувате законите , има луѓе задолжени за да се занимваат со непочитувачите.
Зошто Марко плаќа карта , а Јашар не.
Затоа што таткото на Марко дошол од Пехчево и државата му нашла работа и стан по багателна цена , денеска Марко живее во истиот стан , пред зградата има паркче и игралиште, пристапни патишта.
А таткото на Јашар кој живееше во Чаир од 1947-ма , никако да најде работа , а ни државата им гради згради по багателни цени , нити паркчиња , ма какви паркчиња бараш , немаат канализација и патишта.
Дали е исто Јашар и Марко.
Жал ми е што форумот се стори средство за ширење етничка омраза , некои повикуваат и на насилство , потикнуваат користење на ладно оружје и загрозување на животи.
Не те прави оружјето мангуп.
Марко не може туку така да се откаже од неговиот убав стан , топол , надвор со игралиште и зеленило , како може тој да користи ладно оружје и да заврши во црната зандана , каде пак ќе треба да се сретне со тие против кого употребил ладно оружје , а таму се знае како е.
Јашар, условите го направиле мангуп , спремен е на се и сешто , паметниот би рекол Господе те молам да не му го попречам патот , Јашар е крајно револтиран граѓанин на оваа земја , отфрлен од државата , длабока сиромаштија, единствено што има е неговата верба во бранење на честа (индивидуалната, етничката, верската...)
Не негирам дека кај еден дел од албанците има агресивност , но тоа е општо кон секого , нема тука ти си македонец , ти си албанец, кон тебе ќе бидам ваков , а кон другиот онаков.
Јас мислам дека сите социалци во Скопје треба да имаат слободен пристап во превозот на ЈСП , исто како пензионерите. Марко треба да плати редовно , а Јашар да има бесплатен превоз се додека не се подобри неговата социо економска состојба во која паднал после едно вековна непрекината дискриминација.
Дискриминацијата е најсилна токму во Скопје, и затоа албанците во Скопје се најсиромашните од сите албанци , а со тоа не е чудно и за ваквите проблеми. Нека им помогне државата како што му помагаше на Стојан порано , и ќе видите како ќе се сменат работите.