Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.896
џонсон мети или џонсон контрол (исти К) се најобични експлоататори! и тоа субвенционирани од владата. таму луѓе со факултет работат во смени за бедни пари.
не ме вовлекувај во расправии, не вреди...
НЕ ПОСТОИ полоша работа од лажен ентузијазам. ова е втората (и главна) причина поради која ќе го прекинам ова бесполезно полемизирање.
јас се извинувам...
Не се само они субвенционирани,него сите кои градат и во иднина планираат да изградат фабрики..и не субвенционира само Македонија и бош муабет ми е и крајно глупо да расправам со некој што нема никакви познавања од оваква проблематика..ај се префрлам и ја на црните муабети,може ако сите кукаме и рикаме колку ни е бедно ќе ни тргне,впрочем тоа ни е во крвта,наследно ни е генетски..
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.538
Поени од реакции
11.504
кој ивестициски бум бе жити се, кога само супермаркети се отвараат:unsure: и што ке вработат 10 продавачки?
или пак некои странски фирми што се душовадачи за околу 100евра плата, со вакви ли работи ке се лажеме?
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Не се само они субвенционирани,него сите кои градат и во иднина планираат да изградат фабрики..и не субвенционира само Македонија и бош муабет ми е и крајно глупо да расправам со некој што нема никакви познавања од оваква проблематика..ај се префрлам и ја на црните муабети,може ако сите кукаме и рикаме колку ни е бедно ќе ни тргне,впрочем тоа ни е во крвта,наследно ни е генетски..
ме испровоцира да реплицирам и покрај тоа што реков дека си одам....
јас не кукам. само прашав која е сврхата на ваква тема, која се состои од милион ЌЕ вести и понекоја вест за реализиран проект од типот драгстор, мол, итн. сите тие ЌЕ вести немаат завршница, но сепак ги броиш како завршени проекти, не?

после „се правам на тошо“ одговорот дека била за следење на инвестициите во земјава констатирав дека е бедна пропаганда.
тоа веројатно веднаш ме обележи како контраш, против напредокот и „кукач“ и покрај тоа што не кукав.
џонсон мети/контрол со „амин“ на власта, за да останат во МК, вршат најобична експлоатација на вработени, дури и високо образувани кадри. за таква субвенција зборев, не се праи дека не разбираш. моите познавања од оваа проблематика се директно од вработени (со технолошки факултет) кои избегале „г'с преку глаа“ поради сменско работење за ич пари...
си рече: макар и лажна надеж ти е добра. мене не. јас сакам стварно да сме први по инвестиции. еден од начините за доаѓање до таа цел е разобличување на лажната надеж, како и на тие што ја пласираат.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.896
џонсон мети/контрол со „амин“ на власта, за да останат во МК, вршат најобична експлоатација на вработени, дури и високо образувани кадри. за таква субвенција зборев, не се праи дека не разбираш. моите познавања од оваа проблематика се директно од вработени (со технолошки факултет) кои избегале „г'с преку глаа“ поради сменско работење за ич пари...
Колку плата зимаат таквите образувани кадри во Џонсон,контролс/мети..
Иначе на форумов има милион теми од најкорисни до најнекорисни и најглупи,па зошто да нема и ваква со ЌЕ во насловот... може нема корист,ама нема ни голема штета од неа.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Се отвораат две илјади работни места во Прилеп
Во просториите на локалната самоуправа во Прилеп денеска компаниите кои ги купија парцелите во индустриската зона „Прилеп 1“ ги потпишаа договорите, со што и официјално станаа нивни сопственици.

За текстилните фирми „Мартекс“, „Кули“, прехранбените „Донија“, „Марфил“, графички и други сервисни фирми сега почнуваат да течат роковите за градежните проекти и за обезбедување дозвола со која ќе може да ги градат производствените капацитети.
Локалната самоуправа има обврска да ја изгради потребната инфраструктура.
Градските власти се задоволни што почна да се реализира проектот со првата индустриска зона.
- Новиот стопански комплекс ќе обезбеди развој на економијата и нови близу 2.000 работни места. Од вкупно 21, се продадоа 12 парцели, пет ќе се понудат на електронско наддавање во јуни зашто веќе се објавени за продажба, а останатите 4 ќе се продадат до крајот на летото - вели градоначалникот Марјан Ристески.

Извор
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.092
Грифилд инвестија од 2 милиони евра во Свети Николе

На речиси неупотреблива почва во светиниколско се гради најсовремениот стакленик на Балканот, со вкупна површина од 20 илјади метри квадратни. Гринфил инвестиција тешка 1,8 милиони евра.
Производството на домати ќе стартува во септември. Ќе се одгледуваат со помош на најсовремена технологија, на база на хидропонија при што се очекува годишен принос од 50 килограми на квадрат.
Надворешните услови нема да влијаат на квалитетот, бидејќи ќе се ќе биде контролирано од компјутер.
-Хидропоничното производство е за многукратно поздраво од производството во почва бидејќи ги нема акумулирано сите болести и штетници што со години се акумулираат во почвата објаснува инвеститорот на томатоланд Александар Стојков.
Производството на храна станува се поинтересен бизнис. Стојков вели дека за наредната година планирана е изградба на уште еден објект со исти димензии.
За доматите веќе има муштерии. Склучени се преддоговори според кои 95 проценти од производството ќе заврши на европскиот пазар.
-Производот е интересен за купувачите, посебно за современиот начин на купување, бидејќи го имате практично од ноември до јули. За разлика од стариот начин на производство каде во еден период се јавуваат многу производители, се јавува суфицит на пазарот при што доаѓа до паѓање на цената и има проблеми со пласманот вели Стојков.
Инвестицијата во празното светиниколско поле ќе отвори дваесеттина нови вработувања.За производство од ноември до јули, томатоленд обезбеди кадар кој е високо обучен во Холандија.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/grifild-investija-od-2-milioni-evra-vo-sveti-nikole
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Браво за инвестицијава.Само со модерна технологија и вложување константно во неа се освојува Европскиот пазар.Кога имаш еколошки домати кои се третирани без пестициди нормално дека ќе имаш огромна побарувачка за истите..
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Добри сме бе за домати садење, субвенциониерање на придонеси на Џонсонови, некој трговски центар, и селење на на некои фабричина и автомеханичарски работилници од градот во неговата околина поради некои законски измени и тоа се прикажува како нова инвестиција.


Како бре цел свет си ебало матер Шпанија неофицијално над 30 проценти невработеност имала, а кај нас бум... Бум бум мадафакар :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
--- надополнето: 29 мај 2012 во 20:24 ---
Инвестицијата во празното светиниколско поле ќе отвори дваесеттина нови вработувања.За производство од ноември до јули, томатоленд обезбеди кадар кој е високо обучен во Холандија.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/grifild-investija-od-2-milioni-evra-vo-sveti-nikole
Дури дваесет просто да не ти се верува во големината на бројката.
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
џонсон мети/контрол со „амин“ на власта, за да останат во МК, вршат најобична експлоатација на вработени, дури и високо образувани кадри. за таква субвенција зборев, не се праи дека не разбираш. моите познавања од оваа проблематика се директно од вработени (со технолошки факултет) кои избегале „г'с преку глаа“ поради сменско работење за ич пари...
си рече: макар и лажна надеж ти е добра. мене не. јас сакам стварно да сме први по инвестиции. еден од начините за доаѓање до таа цел е разобличување на лажната надеж, како и на тие што ја пласираат.
Се согласувам со ова, мој пријател со инженерска диплома си замина баш поради таа експлоатациска политика на компаниите. Начекале куп невработен народ, згора на тоа и висококвалификуван, па си мислам дека можат било какви услови да им наметнат (работење смени, викенди, згора на тоа и во опасна средина по здравје) .
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.092
Само 1,6 милиони евра странски инвестиции влегле во земјава во март годинава, покажуваат најновите податоци што ги објави Народната банка. Во првиот квартал, вкупните странски инвестиции изнесуваат 59,8 милиони евра што е дури 70% помалку во споредба со истиот период лани.
Најголем инвеститор во земјава во првите три месеци е Австрија, од каде дошле 28,6 милиони евра. Во неколку земји пак, има одлевање на капитал. Во Велика Британија се одлеале 15,4 милиони евра, во Словенија 3,8 милиони евра и во Грција околу 3 милиони евра. По сектори, најголем дел од инвестициите доаѓаат од областа на енергетиката, финансискиот сектор и градежништвото.
Овие поразителни податоци доаѓаат во време кога премиерот и министрите од економискот тим на Владата интензивно се во потрага по странски инвестиции низ светот. По Кина и Италија, маршрутата на новото роуд шоу ги опфаќа Шведска, Данска, Норвешка и Финска, каде што премиерот и делегацијата во која се и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министрите за привлекување странски инвестиции Веле Самак и Бил Павлески ќе присуствуваат на бизнис форуми на кои ќе ги претстави економските и инвестициските потенцијали на Македонија пред повеќе шведски, фински, дански и норвешки компании.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/84751/dramatichen_pad_na_stranskite_investicii_od_70.aspx

Лошо,лошо:(
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
И сега што да правиме ние хејтерите?
Кој ќе ни плати оштета за траумите што ги доживеавме дури ви докажувавме дека ова ќе остане од БУМ-от?

Се надевам дека администраторите темава ќе ја стават во канта, после ова друго и не заслужува.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.092
И сега што да правиме ние хејтерите?
Кој ќе ни плати оштета за траумите што ги доживеавме дури ви докажувавме дека ова ќе остане од БУМ-от?

Се надевам дека администраторите темава ќе ја стават во канта, после ова друго и не заслужува.
И хејтерите и сите останати нека прават што сакат. А канта на темава никако, може идат подобри времиња:) а и за евиденција е добра темава.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Таман е за евиденција со темава колку вемеровски муциња можат да се затнат за навек. Бум :pos:
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Ќе се гради нов трговски центар во општина Аеродром. Инвестиција во вредност од 35 милиони евра




Во Општина Аеродром денеска беше фрлен камен темелникот за новиот трговски центар со апартмани „City Mall Residence“, инвестиција во вредност од 35 милиони евра. Со градба ќе се почне на 15 мај, а се очекува целиот објект да биде готов за 15 до 18 месеци.

Објектот ќе биде лоциран спроти ТЦ „Бисер“. Ќе се протега на површина од 35 илјади метри квадратни од кои 12 илјади ќе зафаќа трговскиот центар, осум илјади ќе бидат апартманско сместување, а останатите се предвидени како простор за гаражи.

Во трговскиот центар е планирано да бидат изградени две модерни 3Д кино сали, а според најавите на инвеститорот, ќе бидат присутни и повеќе светски брендови како “Бургер кинг“, “Армани“ и “Ла Коста“ од кои некои и за првпат со свои продажни салони во Македонија. Нови брендови се најавени и во делот на рестораните, а објектот ќе располага и со фитнес центар.

Премиерот Никола Груевски по поставувањето на камен-темелникот, оцени дека инвестицијата од 55 милиони евра во „City Mall Residence“ и во хотелот Рамада е сериозен износ, а ќе овозможи над 500 вработувања.

- Тоа е за поздравување. Направивме се што беше во наша моќ за да му помогнеме на инвеститорот и да можат навреме и согласно нивните потреби и планови да ги започнат инвестициите кои ги планираат. Освен тоа што прават сериозна градежна активност и вработуваат луѓе на трајна основа ќе отворат над 500 работни места, изјави Груевски.
Извор
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 21:05 ---
"Бургер кинг" конечно во Скопје




Познатите брендови “Бургер кинг“, “Армани“ и “Ла Коста“ ќе отворат свои продавници во новиот трговски центар “Сити мол резиденс“ во Аеродром, спроти трговскиот центар “Бисер“ чија изградба ќе започне на 15-ти мај, а се очекува да заврши за 15 до 18 месеци.

Инвестицијата е вредна 35 милиони евра, а објектот е со вкупна површина од 35 илјади квадратни метри. Од таа површина, 12 илјади зафаќа трговскиот центар, 8 илјади се апартманско сместување, а првпат во Аеродром се гради подземна гаража со три нивоа со вкупна површина од 15 илјада квадратни метри.

“Овој станбено деловен простор ќе внесе нова димензија во општината Аеродром. Граѓаните освен многу побогат избор на производи и услуги во близина на нивниот дом, ќе добијат и две модерни 3Д киносали. Во трговскиот центар ќе бидат присутни цела плејада светски брендови, некои од нив за првпат со свои продажни салони во Македонија. Нови брендови ќе донесеме и во делот на рестораните. Ќе има аптека, банка и фитнес центар. На приземјето ќе има голем ’Рамстор’ супермаркет“, изјави Ајдован Адемоски, сопственик на “Сити плаза“ инвеститор на проектот, на денешното поставување камен темелник на кое присуствуваше и премиерот Никола Груевски .

“Сити плаза“ за десетина дена ќе стартува со уште една голема инвестиција во општина Аеродром. Станува збор за хотел од висока категорија “Рамада“.

“Еден приватен инвеститор започнува инвестиција вредна 35 милиони евра, а уште една за неполн месец од сега, а тоа е изградба на хотел во близина на овој објект во општина Аеродром и тоа е инвестиција од 20 милиони евра. Ќе вработи околу 500 луѓе во двата објекта. Тоа е за поздравување и со задоволство ја прифатив поканата да присуствувам тука денеска“, изјави Груевски.

Извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom