- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Германци ќе градат фабрика за био-дизел кај велешко Оризари
„Ние работиме со зелена еколошка технологија, која подразбира потполно чист производствен процес со заштита на животната средина според европски стандарди“, рече Мулер. На прес-конференцијата беше истакнато дека тие очекуваат за месец до два да ги добијат потребните документи и да почнат да ја градат постројката која би требало да биде готова за шест месеци, а нејзината вредност се проценува на 12 милиони евра. Од инвеститорите беше истакнато дека постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно е во тек и за тоа веќе разговарале со надлежните во општина Велес од каде ја добиле првичната поддршка за изградба на фабриката.
„Имавме информативни средби и со граѓаните на Велес, со жителите на селото Оризари и населбата Превалец и ја очекуваме нивната поддршка“, потенцира вториот инвеститор, Антон Корчак, кој вели дека инвестира во Македонија затоа што неговите корени се од велешко. Со отварањето на оваа фабрика првично ќе се отворат 30 работни места, но постои и можност за зголемување на вработените.
http://www.time.mk/read/d028f641ef/f6683b693c/index.html
Категорија:
Македонија
(нема гласови)
Објавено: јуни 6, 2012 во 20:25
Вкупно: 49 прегледи
Автор: БезПардон.Мк
Сподели на Facebook
Германски инвеститори се заинтересирани за градење на фабрика за производство на био-дизел гориво во индустриската зона кај велешкото село Оризари. Мено Мулер, еден од двајцата германски инвеститори потенцираше дека нема да произведуваат штетни гасови и нема да се загадува животната средина.Македонија