Инвестициски БУМ во Македонија

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Кога ќе се присетам дека во денешниот процут и преродба кумашинката ми што живее во жалниот исток, зема минималец од 9000, од кои 4000 враќа на рака и мора со 5.000 да истера цел месец. Значи сме напреднале за цели 1.000 денари, нели Битуше.
Туку кажи дали ќе одиш на утрешниот спонтан абор.., овај собир во Универзална сала?
Нема потреба да се измислуваат работи и шират политички пропаганди.

Факт е дека економската состојба во МКД сега е далеку подобра отколку пред 10 години. Факт е дека сега платите се поредовни, дела имаме повеќе 125,000 вработени, дека луѓето подобро живеат.

Зборев за мој близок кој земаше плата по 4000 денари, ама му ја ислаќаа еднаш на 3-4 месеци, така што платата месечна не беше ни 1200 денари. Порано, дури и државниот сектор земаше плата со задоцнување, па така на административците наместо 12 плати годишно, им се исплаќаа 10 или 11 плати. Истото беше и со пензиите, им се кратеше 1-2 пензии годишно. Последниве години, и платите на администрацијата стана редовни, и пензиите станаа ем поредовни, ем повисоки. Тоа се факти кои не може ниту да ги негираме, ниту да ги скриеме.

Целта ми беше да кажам дека странскиве инвестиции се добри, исплаќат странските фирми редовно плата, вработените добиваат додатно гратис храна и превоз, што сепак е бонус.[DOUBLEPOST=1426332491][/DOUBLEPOST]
Што ти е муабетов?Магаре да ти го бапне или змија да те апне?Како тоа да се одлучам кој период бил подобар?Си работел ти државно каде плата МОЖЕБИ ќе добиеш после две,три години?А и да напуштиш пак треба да бараш работа во државна фирма каде те чекаат исти услови од каде и си напуштил.Денес е подруго,имаш илјадници помали фирми каде можеш да најдеш работа.За плата и реков,не се сложувам премала е 9000,бензин цигари,струја отиде.Ама тогаш бе со години се каснеше.И да напуштиш нема каде да идеш.Денес отиди било каде,после месец дена нема плата,палиш патиките бе другар,имаш поголем избор за раб,е сега каква и колку тоа е друго.Ама тогаш немало бе.Од Бетон идеш бараш во Гранит,ако не те примат наеба нема каде.Денес имаш стотици градежни фирми.
Или си млад,или си се пронајде во коментарот за газдите кои си направиле кеш од транзицијата.Или ти или твоите...
Изгледа и ти, како и јас, како и поголемиот дел од Македонија, пропативме од криминалната приватизација и што нашите родители останаа без работа или работеа за џабе.

Не можеш да и`објасниш на комунистичката буржуазија и „елита“ од 90`те дека мнозинството луѓе во Македонија пред 10 и 20 години немаа пари за леб да купат, платите каснеа со години (за придонеси да не зборуваме), зошто тие во тоа време уживаа во приватизацијата на државниот капитал, во купувањето палати, накити, уметнички дела, станови, скапи коли и други луксузи, на работниците не им даваа плати и придонеси (и тие пари ги ќареа од работникот), додека обичниот Македонец немаше леб да јаде. За нив тоа биле добри времиња, подобро живееле, ама апсолутното мнозинство Македонци едвај преживуваа со леб, ајвар и туршија.

Сега власта ги стегна газдите и оние што ќарија фирми од транзицијата, мораат да плаќаат плати и придонеси, а мораат и да ги зголемат платите зошто има нови фирми (посебно странски инвестиции) кои им ги земаат работниците. Затоа им пречат странските инвестиции, зошто имааат конкуренција, не може веќе да ги зезаат работниците како пред 10 години, сега работниците можат да си најдат работа и на друго место.[DOUBLEPOST=1426332752][/DOUBLEPOST]
Туку кажи дали ќе одиш на утрешниот спонтан абор.., овај собир во Универзална сала?
Јас никогаш не сум одел на партиски собори на било која партија, па нема ни на овој.

Не значи дека сум вмровец ако константирам дека инвестиционата политика на владата е ОК и ако се согласувам со отварањето нови фабрики и работни места за Македонците.
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.086
Поени од реакции
11.483
Факт е дека економската состојба во МКД сега е далеку подобра отколку пред 10 години. Факт е дека сега платите се поредовни, дела имаме повеќе 125,000 вработени, дека луѓето подобро живеат.
Факт? Само затоа што ти си пишал дека е факт? Само затоа што ти подобро живееш си даваш за право да тврдиш дека и останатите подобро живеат? Кои се тие фирми каде што се вработиле 125.000 невработени? Во зоните има 6-7.000 вработено, ти фалат само 118.000 за твојата фактографија да стане вистинита.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Факт? Само затоа што ти си пишал дека е факт? Само затоа што ти подобро живееш си даваш за право да тврдиш дека и останатите подобро живеат? Кои се тие фирми каде што се вработиле 125.000 невработени? Во зоните има 6-7.000 вработено, ти фалат само 118.000 за твојата фактографија да стане вистинита.
Ти немаш слушнато за фирмата наречена Државна Администрација?
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Факт? Само затоа што ти си пишал дека е факт? Само затоа што ти подобро живееш си даваш за право да тврдиш дека и останатите подобро живеат? Кои се тие фирми каде што се вработиле 125.000 невработени? Во зоните има 6-7.000 вработено, ти фалат само 118.000 за твојата фактографија да стане вистинита.
Не само јас, гледам како живеат подобро и повеќето луѓе.

И таа мизерна плата за денешни услови од 12,000 денари, плус гратис превоз до работа и храна кај странците, е многу подобра од 3000-4000 денари плата која се делеше еднаш квартално. Барем кај странците знаеш дека платата ти иде редовно и си го планираш месецот.

Најголемите инвестиции се надвор од ТИР зоните.

Само Дрекслмајер има вработено 4500 луѓе.

Веибо интензивно работи на изградба на комплексот фабрики кој ќе вработи нови 5000 луѓе од паланечко и кратовско.

Амфенол има купено уште 6 плацеви за изградба на 6 нови фабрики во Кочани.

Идеме напред :)[DOUBLEPOST=1426334350][/DOUBLEPOST]
Ти немаш слушнато за фирмата наречена Државна Администрација?
Таа е најголема фирма, која јас со моите даноци и огромни придонеси ја финансирам.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Почнува со работа новата фабрика на „Актива“ во Штип
МАКЕДОНИЈА|ВТОРНИК, 17 МАРТ 2015,09:00
0
СПОДЕЛУВАЊА
Сподели на Facebook
Сподели на Twitter

Во штипската индустриска зона „Запад“ -денеска ќе биде пуштена во употреба фабриката за заварени склопни елементи за шасии за автобуси „Актива“. Во фабриката ќе се произведуваат автобуски шасии за потребите на белгиската компанија „Ван Хол“, која има фабрика во ТИРЗ „Бунарџик“ во Скопје.
Според најавите од менаџерот на „Актива“ Илија Николовски, инвестицијата во првата фаза на фабриката изнесува 3 милиони евра и првично 50 вработувања.
Халата за автобуски шасии во новата фабрика „Актива“ е со површина од 8.000 метри квадратни, а целиот капацитет е на површина од 70.000 метри квадратни.
На официјалното отворање на фабриката е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, претставници на инвеститорот и на локалната самоуправа.
http://rsm.mk/web/?p=41592

Mislam deka se raboti za domasna Firma. Ova e klasicen primer za toa kako domasnite firmi mozat da go iskoristat prisustvoto na stranskite investitori.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
579
Поени од реакции
831
@bitushanec Ама споредба,пред 15-на и кусур години тие 4000 ден. вредеа колку што денес вредат 9000 ден. животниот стандард е многу поскап (само струјата сега месечно доаѓа 4000 ден. за другите сметки да не споменуваме) а нашата ни мила власт која пред 9 години ни ветуваше преродба и високи плати не направи ништо од тоа туку ја дозаглави и така заглавената ни државичка,затоа и дојдвоме до тука да се делиме на предавници и патриоти,на македонци и македончиња и слични манипулаторски глупости кој власта ни ги наметнува преку нивните приврзаници.
...во купувањето палати, накити, уметнички дела, станови, скапи коли и други луксузи, на работниците не им даваа плати и придонеси (и тие пари ги ќареа од работникот), додека обичниот Македонец немаше леб да јаде. За нив тоа биле добри времиња, подобро живееле, ама апсолутното мнозинство Македонци едвај преживуваа со леб, ајвар и туршија.
За купувањето се виде со снимките дека и овие истото го прават (од станови тука до станови низ Чешка ...,за скапите уметничи слики кој ги имал Грујо во домот,па се до имотите и земјиштата кој ги завзеле),за платите и придонесите се виде и тоа,скоро во сите фирми вработените беа принудени да се врати к-15 на газдите,се работи по 12 часа на ден а се осигуруваат на 4 часа ,а тоа леб,ајвар и туршија хммм како да ти кажам од тоа нема бегање и денес народот од тоа преживува,не затоа што сака туку затоа што мора,е сега овие се малку понапредни во злоделата кон својот народ,успеаја да го донесат народот до тоа тереџе да за еден празен сендвич и сок (шеќер и вода) ги влечат низ цела Македонија и да ги манипулираат божем бранат нешто од некој а фактички си ги брани власта своите по*рани задници,но ако за се има крај така да се надевам за брзо и на овие ќе им дојде крајот,и конечно овој народ ќе види бел ден.

П.С Не сум ни комуњар,ни лажен патриот,туку само обичен граѓанин на Македонија,Македонец кој живее за денешницата,за иднината,а не за минатото.
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
За вакви плати па и повисоко, можат и домашни фирми да понудат.Посебно со толкави бенефиции.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
За вакви плати па и повисоко, можат и домашни фирми да понудат.Посебно со толкави бенефиции.

Видовме колкави плати и со каква редовност даваа македонските фирми пред да дојдат странските фирми, кога невработеноста беше 40-45%.

Целта на привлекувањето странски инвеститори е отварањето работни места, а македонските фирми не можат да понудат повеќе работни места. До пред 10 години, невработеноста беше 40%, сега е 28%, па секако дека повеќе од потребни ни се странски инвестиции.

Секаде во светот странските инвеститори кои отвараат илјадници работни места добиваат бенефиции, не е нешто ново што нашите го измислиле. Која македонска фирма може веднаш да отвори по 1000, 2000 или 5000 работни места веднаш?[DOUBLEPOST=1426679793][/DOUBLEPOST]
@bitushanec Ама споредба,пред 15-на и кусур години тие 4000 ден. вредеа колку што денес вредат 9000 ден. животниот стандард е многу поскап (само струјата сега месечно доаѓа 4000 ден. за другите сметки да не споменуваме)
Проблемот е што тие 4000 денари порано ги даваа со закаснување по 3-4 месеци, па така платата не беше 4000 денари, туку 1000 ден. месечно, за што имам искуство од моето блиско семејство. Затоа оваа влада прво што направи е дисциплина во исплаќањето на платите и придонесите.

Што се однесува до струјата, пред 15 години, за греење на стан од 80 м2, моите плаќаа 12,000 - 13,000 во зимски период, зошто имаше поскапа тарифа за тие што екстра трошеле струја. Сега за истиот стан со исти грејни тела плаќаме 8000-9000 денари.[DOUBLEPOST=1426679869][/DOUBLEPOST]
@bitushanec а нашата ни мила власт која пред 9 години ни ветуваше преродба и високи плати не направи ништо од тоа туку ја дозаглави и така заглавената ни државичка,затоа и дојдвоме до тука да се делиме на предавници и патриоти,на македонци и македончиња и слични манипулаторски глупости кој власта ни ги наметнува преку нивните приврзаници.
Во другите држави, не ли ги нарекуваат оние што работат за странски интереси предавници?
 
Последно уредено:
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Сеуште има луѓе што ги купуваат овие глупости?
Мислам, ок отворија неколку илјади работни места, сега луѓето што ќе се запослат нема барем да се грижат како да преживеат. А што после тоа?
Еве ќе си платат сметки, ќе има нешто за храна и облека и толку.
Купување стан? - Нема шанси.
Реновирање? - Нема шанси.
Бела техника / мебел? - Нема шанси.
Која е поентата да се живее со примања да се задоволат само основните потреби и ништо друго. Да живееш во она што го створиле родителите и да си немоќен да поправиш ништо, а знаеш дека се се распаѓа како што старее. Да земеш еден скапан лед телевизор ти треба кредит ебааго.
Разбирам дека постојат луѓе што и минимални пари им вршат огромна работа, што е за жал бидејќи баш кај овие можат да профитираат со поени.

Еве ова не им го сфаќам, и упорно ни го форсираат во мозок преку Сител и МТВ, ајде бре бегај срамота е. Да бидам искрен не би ми пречиле до толку да си траат и да не се фалат за нешто што е толку просто за човек со нормални сфаќања. Океј сте нашле странска инвестиција, тие изградите фабрика, вработиле луѓе, секоја чест. Ама зошто медиумска кампања зад тоа бре аман, дека друга влада нема да биде способна да привлече компании што ќе профитираат на сметка на луѓето, што им даваш смешни услови со милион бенефиции. Не навлегувам во детаљи за легитимноста и услови за работа што ги даваат овие компании, сигурно се легитимни како што ни е легитимна владата.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
За купувањето се виде со снимките дека и овие истото го прават (од станови тука до станови низ Чешка ...,за скапите уметничи слики кој ги имал Грујо во домот,па се до имотите и земјиштата кој ги завзеле),за платите и придонесите се виде и тоа,скоро во сите фирми вработените беа принудени да се врати к-15 на газдите,се работи по 12 часа на ден а се осигуруваат на 4 часа ,а тоа леб,ајвар и туршија хммм како да ти кажам од тоа нема бегање и денес народот од тоа преживува,не затоа што сака туку затоа што мора,е сега овие се малку понапредни во злоделата кон својот народ,успеаја да го донесат народот до тоа тереџе да за еден празен сендвич и сок (шеќер и вода) ги влечат низ цела Македонија и да ги манипулираат божем бранат нешто од некој а фактички си ги брани власта своите по*рани задници,но ако за се има крај така да се надевам за брзо и на овие ќе им дојде крајот,и конечно овој народ ќе види бел ден.
Демек народот не знае зошто се борат за власт? Народот само го избира помалото нужно зло.

Како вика народот, едните само крадат и не разбираат што е македонски национален интерес, додека за другите велат дека и крадат и градат и на народот му потфрлаат нешто.

Тие што одат низ Македонија не одат за сендвич и сок, туку одат од страв да не им се повтори 45% невработеност и каснење на платите по 2-3 години, да не им се повтори ФИРОМизирањето, знамето, 2001 година, територијалната поделба...[DOUBLEPOST=1426681937][/DOUBLEPOST]
Сеуште има луѓе што ги купуваат овие глупости?
Мислам, ок отворија неколку илјади работни места, сега луѓето што ќе се запослат нема барем да се грижат како да преживеат. А што после тоа?
Еве ќе си платат сметки, ќе има нешто за храна и облека и толку.
Купување стан? - Нема шанси.
Реновирање? - Нема шанси.
Бела техника / мебел? - Нема шанси.
А каде во светот работниците со минимални плати можат да купат стан? Па и на запад мнозинството работници живеат под кирија. Работник е работник секаде во светот. И во толку фалената Југославија, моите родители (инаку интелектуалци и беа со повисоки примања) мораа да земаат кредити за телевизор, машина за перење, итн., а една машина за перење беше колку нивната плата.[DOUBLEPOST=1426682248][/DOUBLEPOST]
Океј сте нашле странска инвестиција, тие изградите фабрика, вработиле луѓе, секоја чест. Ама зошто медиумска кампања зад тоа бре аман, дека друга влада нема да биде способна да привлече компании што ќе профитираат на сметка на луѓето, што им даваш смешни услови со милион бенефиции. Не навлегувам во детаљи за легитимноста и услови за работа што ги даваат овие компании, сигурно се легитимни како што ни е легитимна владата.
А не ли ја гледаш медиумската кампања на другите против странски инвестиции? Ај размисли зошто тоа е така?
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.086
Поени од реакции
11.483
Тие што одат низ Македонија не одат за сендвич и сок, туку одат од страв да не им се повтори 45% невработеност и каснење на платите по 2-3 години, да не им се повтори ФИРОМизирањето, знамето, 2001 година, територијалната поделба...
Всушност за ова трчаат
http://kapital.mk/13-ta-plata-za-najdobrite-administrativtsi/
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Iako ne sum prilepcanec me raduva sto najpatriotskiot grad vo Makedonija dobiva novi moznosti za vrabotuvanje. Osobeno raduva sto e najaveno vrabotuvanje na visokoobrazovni kadri.

Нова германска компанија од автомобилската индустрија ќе ивестира во Прилеп

Во присуство на Mинистерот за странски инвестиции г-дин Бил Павлески, претставници од германската компанија „Акомпласт“ и градоначалникот Марјан Ристески денеска во просториите на Локалната самоуправа беше оддржана прес - конференција во врска со донесената одлука за реализација на инвестиција на германската компанија „Акомпласт“ во Прилеп.
Германска компанија од автомобилската индустрија ќе ивестира во Прилеп, каде ќе бидат овозможени 250 нови вработувања главно високо образовани кадри, пред се инжинери и менаџери, кои ќе се обучуваат во Германија.
Со почнување на изградбата на фабриката паралелно ќе се гради и инфраструктурата, а локалната самоуправа ќе ја пружи својата комплетна логистика за спроведување и комплетно реализирање на оваа инвестиција. Ќе биде финансиски погодна за градот Прилеп, посочи Градоначалникот Ристески, истакнувајќи дека со отворањето на фабриката во зоната во Прилеп се отвора нова можност за работа на прилепчани.
Привлекувањето на странски дирекни инвестиции кои ќе отворат нови работни места останува главен приоритет за македонската Влада

http://sitel.com.mk/nova-germanska-kompanija-od-avtomobilskata-industrija-kje-ivestira-vo-prilep
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814

Само 3500 вработено имало во странскине фабрики? Па само една фабрика во Кавадарци има 4500-5000 вработени :)

Се давале бенефиции за странски инвеститори кои оддеднаш отвараат илјадници нови работни места? Па секаде во светот се дава бенефиции на големите работодавачи , не измислија нашиве топла вода :)

Платите во странскине фабрики биле минимални? Работниците се секаде задоволни од платите кај странските инвеститори, единствено имаше поплаки од висината на платите кај некои инвеститори во Кавадарци и Битола, но сепак платите не биле минимални. Да не даваат македонските газди повисоки плати?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom