bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 814
Нема потреба да се измислуваат работи и шират политички пропаганди.Кога ќе се присетам дека во денешниот процут и преродба кумашинката ми што живее во жалниот исток, зема минималец од 9000, од кои 4000 враќа на рака и мора со 5.000 да истера цел месец. Значи сме напреднале за цели 1.000 денари, нели Битуше.
Туку кажи дали ќе одиш на утрешниот спонтан абор.., овај собир во Универзална сала?
Факт е дека економската состојба во МКД сега е далеку подобра отколку пред 10 години. Факт е дека сега платите се поредовни, дела имаме повеќе 125,000 вработени, дека луѓето подобро живеат.
Зборев за мој близок кој земаше плата по 4000 денари, ама му ја ислаќаа еднаш на 3-4 месеци, така што платата месечна не беше ни 1200 денари. Порано, дури и државниот сектор земаше плата со задоцнување, па така на административците наместо 12 плати годишно, им се исплаќаа 10 или 11 плати. Истото беше и со пензиите, им се кратеше 1-2 пензии годишно. Последниве години, и платите на администрацијата стана редовни, и пензиите станаа ем поредовни, ем повисоки. Тоа се факти кои не може ниту да ги негираме, ниту да ги скриеме.
Целта ми беше да кажам дека странскиве инвестиции се добри, исплаќат странските фирми редовно плата, вработените добиваат додатно гратис храна и превоз, што сепак е бонус.[DOUBLEPOST=1426332491][/DOUBLEPOST]
Изгледа и ти, како и јас, како и поголемиот дел од Македонија, пропативме од криминалната приватизација и што нашите родители останаа без работа или работеа за џабе.Што ти е муабетов?Магаре да ти го бапне или змија да те апне?Како тоа да се одлучам кој период бил подобар?Си работел ти државно каде плата МОЖЕБИ ќе добиеш после две,три години?А и да напуштиш пак треба да бараш работа во државна фирма каде те чекаат исти услови од каде и си напуштил.Денес е подруго,имаш илјадници помали фирми каде можеш да најдеш работа.За плата и реков,не се сложувам премала е 9000,бензин цигари,струја отиде.Ама тогаш бе со години се каснеше.И да напуштиш нема каде да идеш.Денес отиди било каде,после месец дена нема плата,палиш патиките бе другар,имаш поголем избор за раб,е сега каква и колку тоа е друго.Ама тогаш немало бе.Од Бетон идеш бараш во Гранит,ако не те примат наеба нема каде.Денес имаш стотици градежни фирми.
Или си млад,или си се пронајде во коментарот за газдите кои си направиле кеш од транзицијата.Или ти или твоите...
Не можеш да и`објасниш на комунистичката буржуазија и „елита“ од 90`те дека мнозинството луѓе во Македонија пред 10 и 20 години немаа пари за леб да купат, платите каснеа со години (за придонеси да не зборуваме), зошто тие во тоа време уживаа во приватизацијата на државниот капитал, во купувањето палати, накити, уметнички дела, станови, скапи коли и други луксузи, на работниците не им даваа плати и придонеси (и тие пари ги ќареа од работникот), додека обичниот Македонец немаше леб да јаде. За нив тоа биле добри времиња, подобро живееле, ама апсолутното мнозинство Македонци едвај преживуваа со леб, ајвар и туршија.
Сега власта ги стегна газдите и оние што ќарија фирми од транзицијата, мораат да плаќаат плати и придонеси, а мораат и да ги зголемат платите зошто има нови фирми (посебно странски инвестиции) кои им ги земаат работниците. Затоа им пречат странските инвестиции, зошто имааат конкуренција, не може веќе да ги зезаат работниците како пред 10 години, сега работниците можат да си најдат работа и на друго место.[DOUBLEPOST=1426332752][/DOUBLEPOST]
Јас никогаш не сум одел на партиски собори на било која партија, па нема ни на овој.Туку кажи дали ќе одиш на утрешниот спонтан абор.., овај собир во Универзална сала?
Не значи дека сум вмровец ако константирам дека инвестиционата политика на владата е ОК и ако се согласувам со отварањето нови фабрики и работни места за Македонците.
Последно уредено: