Денешна вест.
За период од 18 месеци во скопската населба Аеродром би требало да биде изграден модерен спортски објект чиј капацитет ќе биде 5.000 гледачи, а во чиј склоп ќе има и една помошна сала на чии трибини ќе може да собере 1.000 вљубеници во спортот.
Новиот модерен спортски објект ќе биде изграден врз темелите на сегашната сала „Јане Сандански“. Тоа значи дека актуелниот македонски кошаркарски шампион од сезоната 2014/2015 ќе може средбите од АБА-лига да ги игра во салата во населбата Аеродром нормално ако тогаш обезбеди настап во силната регионална лига.
„Со изградбата на спортскиот центар нашите спортисти ќе добијат достојни услови за вежбање, а Општина Аеродром и градот ќе имаат уште еден репрезентативен спортски објект, кој ќе нуди достојни услови за домашни и меѓународни натпревари“ изјави градоначалникот, Ивица Коневски.
![](http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/11/aerodrom-sportska-sala-604x272-e1353248655408.jpg)
Салата ќе се гради на површина од 11.000 квадрати, а ќе биде висока 21 метар. Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе добие и паркинг простор со капацитет за 500 возила. Освен спортска сала, дел од проектот е и изградба на хотел со ресторан кој ќе биде поврзан со салата, но и разни други локали, спа центар,продавници, сала за состаноци, амбуланта за спортисти билетарница, гардероби.
Вест од јули 2009 година, салата е веќе во изградба...
ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Ќе се гради спортска сала на кејот на Вардар
На кејот на Вардар во Аеродром ќе изградиме цел спортски комплекс, изјави градоначалникот Ивица Коневски
Општина Аеродром заедно со Агенцијата за млади и спорт ќе гради спортска сала на кејот на Вардар. Изградбата на салата е предвидена со деталниот урбанистички план "Јане Сандански" кој Советот на Аеродром треба да го изгласа на некоја од следните седници.
Согласно планот, салата ќе се гради во близина на спортската сала кај што настапува кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје и ќе има капацитет за 4000 гледачи. Иста спортска сала, според најавите на општинарите ќе се гради и во населбата Реонски центар.
"Кога Советот ќе го изгласа деталниот урбанистички план, планираме кејот на Вардар во наштата општина да га направиме спортски комплекс. Освен спортска сала ќе изградиме и фудбалски и спортски игралишта со по една трибина кои ќе бидат осветлени со рефлектори. Планираме со изградба да почнеме до крајот на оваа година или на почетокот на следната", вели градоначалникот на Општина аеродром Ивица Коневски.
Освен спортска сала и фудбалски игралишта, на кејот на Вардар во Аеродром предвидено е да се градат и ракометни игралишта, аква парк, хелиодром, хотели и други содржини. (М.Ѓ.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=038EA3E398A71943A676D0AC58B86028
Еве колку е разликата од еден до друг објект, најлево е салата Јане Сандански (на МЗТ,планирана за реновирање) десноод неа е место на Петар Наумоски, па планираниот аква парк, уште еден простор (Калеников) и најдесниот објект со втората стрелка е салата во изградба
Моментална состојба на салата во изградба
Па кога веќе градат на олку мала дистанца две сали, една со 4, друга со 5 илјади седишта капацитет, а од Владини средства(АМС), очигледно не мислат на другите општини да ги пренасочат средствата од едниот објект и за нив се небитни...добро, освен во периоди како наредниов до март
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Да не бидам погрешно разбран, за едната сала е вистински потребна, дури и со поголем капацитет од тие 5.000, ФА и МЗТ сигурно заслужиле
![Палец горе (y) (y)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsup.png)