Инвестиции во Скопје - немање стратегија(закон) за рамномерен регионален развој

Дали е потребна стратегија (Закон) за рамномерен регионален развој?

  • Да

    Гласови: 30 38,0%
  • Да, ама во пракса не би функционирал и би се злоупотребувал

    Гласови: 15 19,0%
  • Да, со ограничување на неприродното зголемување на бројот на жители во Скопје

    Гласови: 26 32,9%
  • Не

    Гласови: 11 13,9%

  • Вкупно гласачи
    79

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.159
Поени од реакции
2.758
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Епа нормално кој ќе сака да паркира ќе си плаќа.Како што знам тој простор е пешачка патека и само за тоа треба да служи.Големо БРАВО за центар..
Такааааааааааааааа еееееееееееееее, пешачите ако поминуваат од тука 50 денари баждарина.
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.159
Поени од реакции
2.758
Такааааааааааааааа еееееееееееееее, пешачите ако поминуваат од тука 50 денари баждарина.
Незнам ова за каде збориш 50 денари баждарина некаква??:confused:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255

МЕТРОПОЛА


Датум: 15.11.2012, 16:02


ВОЗАЧИТЕ ГО ИЗБЕГНУВААТ АВТОПАТОТ

Обиколницата празна, камионите во центар

И по три години од пуштањето во употреба на скопската обиколница, таа не е дел од мапата на возачите од скопските населби, особено на тешки товарни возила. Предвидувањата дека до 2020 година по неа ќе се движат околу 15.000 возила дневно изгледа како недостижна, ако се извози автопатот како што направи екипата на „Дневник“. За еден час може да се видат како поминуваат едвај десетина возила, но затоа пак среде центар и по булеварите ги има на претек. Тој факт и не е така наивен ако се земе предвид дека уништувањето и оштетувањето на градските коловози од тешки камиони се голем проблем и чинат пари. Тоа ја натера градската власт летово да воведе едномесечна забрана за движење на камиони во Скопје.

Обиколницата спојува два краја на градот - Хиподром и Сарај. Беше изградена за растоварување на метежот во центарот на Скопје, а и општо на улиците што водат кон населбите. Еден вид алтернатива за возачите да не транзитираат низ центарот, особено оние што одат кон Тетово, Kосово и обратно - Kуманово, Велес, Грција. Заклучокот од слабата фреквенција која може да се види на терен, десетина возила на еден час, од кои само половината товарни, е дека обиколницата е нешто што сите гледаат да го заобиколат.

Екипа на „Дневник“ го помина целиот автопат со четири ленти. Од Хиподром до Сарај, со возење од 100 километри на час, се стасува за 15-ина минути. Нешто незамисливо ако истата релација ја возите низ метежот што владее по градските улици. Патот е уредно обележан со табли и патокази, а јасно се изведени клучките и надвозниците. Онаму каде што патот се приближува до куќи од населени места поставени се табли за заштита од бучава.

И додека состојбата на терен е очајна, извештаите, бројките и податоците на Агенцијата за државни патишта говорат нешто друго. Од Агенцијата вршат мерење на густината на сообраќајот, на влезот и излезот од обиколницата. Уверуваат како дневниот просечен сообраќај на автопатот е во постојан пораст.

- Според податоците од годинава, вкупниот сообраќај во однос на 2010 година е дека сообраќајот кај Сарај се зголемил за 46,1 отсто, а кај Хиподром за 29,3 отсто. Тоа зголемување во најголем дел се должи на автомобилскиот сообраќај, додека бројот на тешки камиони и автобуси горе- долу се движи во истите рамки - изјавија задолжените за односи со јавноста од Агенцијата.

Нема осветлување - украден бил бакарот
Возењето по обиколницата навечер на моменти ужаснува - нема осветлување. Освен само на неколку места (кај клучката за Мирковци). Притоа, фреквенцијата на возила е до толку намалена, што може да се случи по должината на целиот автопат, од 26,8 километри, да поминат само две-три возила. Луѓето што патуваат во тој целосен мрак мора да се многу внимателни - ем за да се исклучат од автопатот навреме ем да не им се случи незгода.

Од Агенцијата за државни патишта изјавија дека проблемот со осветлувањето трае веќе неколку месеци поради украдениот бакар од неколку трафостаници по должината на обиколницата. Нивната поправка е во надлежност на „Македонијапат“, која имала неколку неуспешни тендери.:tapp:
Обиколницата (26,8 км) беше изградена за 5 години, а патот Струмица - Радовиш (35км.) почнат во 1992 уште не е доизграден.Како тргнале, веројатно после завршувањето на последната делница, ќе видат потреба за реновирање на почетокот :pos:
На обиколницата густината на сообраќај е отприлика десет возила на час или 240 дневно, а Ср-Ра 10 пати поголема.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Навистина обиколницата ич не се употребува , едвај по некој автомобил гледаш.

Не знам зошто ја избегнуваат , можно ли е заради што е малце подолго ?

Ако идеш низ Скопје има помалце од 20км , а преку обиколница 27км.

Или можеби затоа што Скопје е 50% од економијата , па на сите дестинација им е Скопје.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Навистина обиколницата ич не се употребува , едвај по некој автомобил гледаш.

Не знам зошто ја избегнуваат , можно ли е заради што е малце подолго ?

Ако идеш низ Скопје има помалце од 20км , а преку обиколница 27км.

Или можеби затоа што Скопје е 50% од економијата , па на сите дестинација им е Скопје.
Добро е што ја има, сигурно ќе почне да се користи некогаш.
Само уште светло да се немало бе, срамота. :facepalm:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
Денешна вест.
МЗТ Скопје добива модерна сала со капацитет од 5.000 гледачи (ФОТО)

За период од 18 месеци во скопската населба Аеродром би требало да биде изграден модерен спортски објект чиј капацитет ќе биде 5.000 гледачи, а во чиј склоп ќе има и една помошна сала на чии трибини ќе може да собере 1.000 вљубеници во спортот.

Новиот модерен спортски објект ќе биде изграден врз темелите на сегашната сала „Јане Сандански“. Тоа значи дека актуелниот македонски кошаркарски шампион од сезоната 2014/2015 ќе може средбите од АБА-лига да ги игра во салата во населбата Аеродром нормално ако тогаш обезбеди настап во силната регионална лига.
„Со изградбата на спортскиот центар нашите спортисти ќе добијат достојни услови за вежбање, а Општина Аеродром и градот ќе имаат уште еден репрезентативен спортски објект, кој ќе нуди достојни услови за домашни и меѓународни натпревари“ изјави градоначалникот, Ивица Коневски.

Салата ќе се гради на површина од 11.000 квадрати, а ќе биде висока 21 метар. Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе добие и паркинг простор со капацитет за 500 возила. Освен спортска сала, дел од проектот е и изградба на хотел со ресторан кој ќе биде поврзан со салата, но и разни други локали, спа центар,продавници, сала за состаноци, амбуланта за спортисти билетарница, гардероби.


Вест од јули 2009 година, салата е веќе во изградба...
ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Ќе се гради спортска сала на кејот на Вардар

На кејот на Вардар во Аеродром ќе изградиме цел спортски комплекс, изјави градоначалникот Ивица Коневски

Општина Аеродром заедно со Агенцијата за млади и спорт ќе гради спортска сала на кејот на Вардар. Изградбата на салата е предвидена со деталниот урбанистички план "Јане Сандански" кој Советот на Аеродром треба да го изгласа на некоја од следните седници.
Согласно планот, салата ќе се гради во близина на спортската сала кај што настапува кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје и ќе има капацитет за 4000 гледачи. Иста спортска сала, според најавите на општинарите ќе се гради и во населбата Реонски центар.

"Кога Советот ќе го изгласа деталниот урбанистички план, планираме кејот на Вардар во наштата општина да га направиме спортски комплекс. Освен спортска сала ќе изградиме и фудбалски и спортски игралишта со по една трибина кои ќе бидат осветлени со рефлектори. Планираме со изградба да почнеме до крајот на оваа година или на почетокот на следната", вели градоначалникот на Општина аеродром Ивица Коневски.
Освен спортска сала и фудбалски игралишта, на кејот на Вардар во Аеродром предвидено е да се градат и ракометни игралишта, аква парк, хелиодром, хотели и други содржини. (М.Ѓ.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=038EA3E398A71943A676D0AC58B86028


Еве колку е разликата од еден до друг објект, најлево е салата Јане Сандански (на МЗТ,планирана за реновирање) десноод неа е место на Петар Наумоски, па планираниот аква парк, уште еден простор (Калеников) и најдесниот објект со втората стрелка е салата во изградба:confused:

Моментална состојба на салата во изградба


Па кога веќе градат на олку мала дистанца две сали, една со 4, друга со 5 илјади седишта капацитет, а од Владини средства(АМС), очигледно не мислат на другите општини да ги пренасочат средствата од едниот објект и за нив се небитни...добро, освен во периоди како наредниов до март:facepalm:
Да не бидам погрешно разбран, за едната сала е вистински потребна, дури и со поголем капацитет од тие 5.000, ФА и МЗТ сигурно заслужиле(y)

 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Да не бидам погрешно разбран, за едната сала е вистински потребна, дури и со поголем капацитет од тие 5.000, ФА и МЗТ сигурно заслужиле(y)
Мислам дека си го згрешил името на клубот, ВМРО-ДПМНЕ требало да пишеш.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
Мислам дека си го згрешил името на клубот, ВМРО-ДПМНЕ требало да пишеш.
Со сета почит, ама сепак клубот не е од вчера.Без разлика кој е инвеститор, реков дека заслужиле навивачите.И нормално е да изградат сала, нормално е и да не им возвратат со глас на избори :) А ненормално е на 500 метри да изградат уште една таква сала, истовремено кога негде во други места паркетот е полуоткорнат и покривот прокапен.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Со сета почит, ама сепак клубот не е од вчера.Без разлика кој е инвеститор, реков дека заслужиле навивачите.И нормално е да изградат сала, нормално е и да не им возвратат со глас на избори :) А ненормално е на 500 метри да изградат уште една таква сала, истовремено кога негде во други места паркетот е полуоткорнат и покривот прокапен.
Ај и јас да бидам фер, ќе го пишам целосното име на тимот. Металски Завод Тито - Проект на ВМРО-ДПМНЕ. :D
 
F

FARANG

Гостин
Со сета почит, ама сепак клубот не е од вчера.Без разлика кој е инвеститор, реков дека заслужиле навивачите.И нормално е да изградат сала, нормално е и да не им возвратат со глас на избори :) А ненормално е на 500 метри да изградат уште една таква сала, истовремено кога негде во други места паркетот е полуоткорнат и покривот прокапен.

Втората сала ќе биде за РК Металург. МЗТ како и металург оригинално си е од Автокоманда па ова не е нешто невообичаено.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
Втората сала ќе биде за РК Металург. МЗТ како и металург оригинално си е од Автокоманда па ова не е нешто невообичаено.
И Металург ќе е државен?Или под Општина Аеродром?Интересно...ко да сме се вратиле во социјализмот.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255

Интересна ми е една работа, Скопски, Југозападен и Вардарски регион држат релативно високо ниво на невработест, прашањето е дали капиталот е во мала група луѓе?

Според податоците од 2010 година,

- Скопскиот плански регион со БДП на жител од 5.110 евра според стандардот на куповната моќ е далеку над просекот на земјата од 3.400 евра.

- Заедно со Пелагонискиот плански регион (3.600 евра), тоа се единствените региони со повисок БДП на жител од просекот на земјата.

- Потоа следува југоисточниот регион, односно секој жител на Струмичко во просек секоја година создава со 3.500 евра.

- Вардарскиот плански регион има БДП на жител од 3.300 евра,


- Источниот регион годишно содава нова вредност од 2.800 евра.

- Преостанатите региони имаат БДП на жител помал од 70 отсто од просекот на земјата.


- Најмал БДП на жител има во полошкиот регион (1.600 евра), но овој дел од земјата е најгусто населен.


Дури и парите за развој ги добива главниот град. Според бирото за регионален развој наместо 1% од брутодомашниот производ како што е предвидено со закон, градовите од внатрeшноста добиваат за 23 пати помалку, односно, наместо 70 милиони на нивна сметка стигнувале само 3 милиони евра годишно.

Како да привлечеме инвестиции кога нема обезбеден регионален пат, немаме квалитетно напојување со струја, или има неквалитетна вода, рече Киро Левески – претставник на биро за регионален развој.

Македонија е поделена на 8 региони, а 90% од инвестициите се во Скопскиот.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.429
Поени од реакции
39.040
Струмица и Гевгелија како воопшто да не се македонски општини. Али затоа стапката на невработеност е најмала во тој дел на Македонија благодарејки на земјоделието кое барем според мене зема многу поголем замав во последните 4-5 години. Посебно во струмичко каде луѓето веќе не се ослонуваат толку на државен откуп , туку сами бараат пласман и договараат со трговци од Грција или Бугарија. Познавам фамилии каде што годишно имат над 500-600 тони производство , куќи на 3 спрата се секојдневие по развиените струмички села , се вози прилично добри коли за македонски стандард иако повеќето од нив се увезени од Бугарија. Според мене прилично добро се живее , иако државните инвестиции барем оние од типот на отварање фабрики се научна фантазија. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom