Имате ли фобија од летање со авион?

Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Има ли некаков начин да се отараси стравот од летање? Сакам летово да идам во Шпанија со друштво, сите сакаат да идеме со авион, Само мене ми фуфка. Незнам дали сум малер или не. Али колкави се шансите нешто да се деси? Или поубаво да се изразам, не ми е страв од летање, туку страв ми е од паѓање.

Некој искуство?
Eve
 
Член од
15 октомври 2012
Мислења
193
Поени од реакции
49
Има ли некаков начин да се отараси стравот од летање? Сакам летово да идам во Шпанија со друштво, сите сакаат да идеме со авион, Само мене ми фуфка. Незнам дали сум малер или не. Али колкави се шансите нешто да се деси? Или поубаво да се изразам, не ми е страв од летање, туку страв ми е од паѓање.

Некој искуство?
Avionite se po sigurni od se .zemi edna inekcija ako ne se plasis ke spies
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.374
Поени од реакции
38.726
Има ли некаков начин да се отараси стравот од летање? Сакам летово да идам во Шпанија со друштво, сите сакаат да идеме со авион, Само мене ми фуфка. Незнам дали сум малер или не. Али колкави се шансите нешто да се деси? Или поубаво да се изразам, не ми е страв од летање, туку страв ми е од паѓање.

Некој искуство?
Поголеми се шансите Шалке да се пласира во 1/4 во ЛШ , отколку авионот да ти падне. :) Остај го тоа со малезискиот авион , да не те буни. На компании како USA Airlanes , Lufthansa , KLM мислам дека им се нема десено вакво нешто. Јас секојпат кога патувам на некоја далечна релација гледам да барам карта од овие компании , па ако треба и до Софија ќе одам за да полетам.
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
А тој авионот од Франција? Исти курац е бе..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А тој авионот од Франција? Исти курац е бе..
не паничи бе, стварно најбезбедно е со авион :D испиј некое пиво пред тоа исе ќе ти е рамно после ќе видиш. :)
 

Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
Обожавам летање со авион. Може да ми стане досадно ако летот трае повеќе од 5-6 часа, но не во големите авиони каде што пред секој има екранче, па можеш да слушаш музика, гледаш филм, играш игри, или учиш странски јазик :D За невидениот малер од погоре, минатава година се нема случено ниту една авионска несреќа на територијата на Европа. Шансите секогаш постојат, како што секогаш постои шанса да падне астериод и да те погоди, но тоа не се случува баш често, не? :)
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Од авион немам се осеќам сигурно, но од висина имам на пример висока тераса или стрмнина ми се превртува желудник кога ќе погледнам надоле. А од авион не.
 
A

aye

Гостин
Не сум имала до сега таква прилика да летам со авион кузнај и дали ќе имам некогаш. Но не би требало да се плашам сакам височини, летања и такви глупости, повеќе звукот би ми сметал/плашел.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Страв од висина, плус имам некој стадиум на калустрофобија и хаос :)
Поготово полетување и слетување, делириум:ROFLMAO: Дланките ми лачат пот, мислам дека да собирам, литро ќе излезе :)
Еднаш (не дека којзнае колку пати имам летано) тестирав при полетување со магазин со мрсна хартија во раце, го стопив, буквално.
Свесен дека дланките ми се препотуваат ама пак, нема, тоа е.

П.С. Дланки ми се препотуваат и на жичара кога сум качен:pos:
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Го имам прелетано речиси половина свет и најчесто без страв. Ми се имаат десено турбиленции, едвај слетавме во Бодрум поради мнооогу јакиот ветер (авионот прво слета на едните па после на другите задни тркала), лет низ грмотевици и тресење ненормално на авионот и ништо од ова не ме потресло многу, но откако лани тој депримираниот пилот го урна авионот на Германвингс некако како да ми влезе страв во коски. Неколку месеци после таа случка требаше да летам за Тенерифе, летот беше топ ама пуста психа.
Сега повторно кога се спремам за лет од 15 саати, паѓа авион во Русија и терористички напад во Брисел на аеродром. Имам уште 10 дена до летот а мене веќе ми е смрзната крвта во вениве. Се надевам дека стравот ќе помине после првиот лет од саат и нешто, просто не можам да се препознаам себеси.
 

Phoenixx

The Last Pharaoh
Член од
9 ноември 2015
Мислења
788
Поени од реакции
956
Мене баш првиот лет ми се погоди ептен напет, мислев готово паѓаме, невреме, грмотевици, турбуленции.. уствари тоа било вообичаено за такви временски услови да дрма авионот, ама ептен срцево ме стегна цел филм пред очи ми помина :D инаку баш е кул со авион најбрзо стигаш само ме нервираат тие формалности на аеродромот пред летот, многу време одземаат. :mad:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.638
Поени од реакции
66.527
Самиот првиот лет знае да биде "страшен". Штом го направиш првиот лет, потоа си се поопуштен и поопуштен. Имав проблем со спиење во авион, ваљда ради возбуда, потење на дланки и слични скриени стресови. Од лоши дешавки со авиони и општо, летачки машини може книга да напишам, пошто имам бајаги летови.

- На C-130 ни испадна врата на полетување
- На патнички авион не сакаше да ни се отвори левиот сет тркала, па пилотот се реши да проба да го "тресне" авионот од земја, па среќа, се отвори и левиот сет
- Од Турција за Дубаи ми се погоди да седам во последниот ред, каде што најмногу се чувствуваат турбуленциите, а зад тебе се наоѓаат сите чаши, флаши, тањири, за што е можно поголем хорор ефект на тресење и звуци како да возиш по камења. За моја среќа, влетавме во некоја бура, и имаше пеколно силни турбуленции, имав колега од Куманово, од што се исплаши, почна да се моли. Се упрпав кога видов дека и стујардесите ги фаќа паника па ја замолив стујардесата да ми донесе онакви мали десетина шишенца Џек, ги испив за помалце од минута, се улетвив и заспав. Кога се разбудив, се беше тивко.
- У Истанбул, Македонски пилот кој што работи за Turkish Airlines, Крстевски нешто, на убав сончев ден без ветрови, не ковна од писта, што ми се чини дека авионот летна едно 30 метри назад во воздух.

И со сите овие дешавки, пак се возам, едноставно, пребезбедни се. Само тој психолошки момент дека некој друг те вози. :D

Оваа дешавка ја видов на одалеченост од едно 200-300 метри.

 
K

Kacar

Гостин
Летам од Белград до Париз од Париз до Минеаполис од Минеаполис до Дакота на 29 Мај и уште сега ми е лошо , стресови, станување среде ноќ и мислење само на тоа. Среде бел ден кога помислам на авион срце ми лупа, и мислам дека тоа е вистинска фобија ! Од височина и те како имам страв како и од тесни простори. Некое чаре како да се преброди тоа ? Мислам цело деноноќие ќе патувам и навистина звучи шок.....
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.997
Поени од реакции
11.635
Летам од Белград до Париз од Париз до Минеаполис од Минеаполис до Дакота на 29 Мај и уште сега ми е лошо , стресови, станување среде ноќ и мислење само на тоа. Среде бел ден кога помислам на авион срце ми лупа, и мислам дека тоа е вистинска фобија ! Од височина и те како имам страв како и од тесни простори. Некое чаре како да се преброди тоа ? Мислам цело деноноќие ќе патувам и навистина звучи шок.....
Јас прв пат летав со авион кога имав 10-11 години, СКопје-Каиро. Ми беше страв ама дете и не размислуваш толку. Пројде летот, слетуваме у Каиро, само што слета авионот мене ми се слоши и повратив. За враќање лапнав драмамин, поспан бев целиот, ништо не осетив. Лани дојде време да идам за САД и ми беше страв некако ама се опуштив, си реков ништо страшно, додека да полета и тоа е тоа. Пример ја сум тип на човек што сака секоја ситуација да ја држи под контрола. Кога леташ у авион си далеку од држење под контрола, плус го губиш тлото под нозе. Треба да се помириш со тоа. (зборувам ако си ваков тип на човек) Земи си нешто за смирување ако сакаш само немој нешто многу јако пошто треба летови да менуваш. Ќе видиш дека во прекуокеанскиот лет ќе се осетиш како во автобус дури и боље пошто се огромни авиони, нит се осеќаше турбуленција нит ништо.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Оваа дешавка ја видов на одалеченост од едно 200-300 метри.

Можеби е малку глупо прашањево ама страшно ме интересира, што се случи тука, погинаа, причина за ваков пад?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom