Самиот првиот лет знае да биде "страшен". Штом го направиш првиот лет, потоа си се поопуштен и поопуштен. Имав проблем со спиење во авион, ваљда ради возбуда, потење на дланки и слични скриени стресови. Од лоши дешавки со авиони и општо, летачки машини може книга да напишам, пошто имам бајаги летови.
- На C-130 ни испадна врата на полетување
- На патнички авион не сакаше да ни се отвори левиот сет тркала, па пилотот се реши да проба да го "тресне" авионот од земја, па среќа, се отвори и левиот сет
- Од Турција за Дубаи ми се погоди да седам во последниот ред, каде што најмногу се чувствуваат турбуленциите, а зад тебе се наоѓаат сите чаши, флаши, тањири, за што е можно поголем хорор ефект на тресење и звуци како да возиш по камења. За моја среќа, влетавме во некоја бура, и имаше пеколно силни турбуленции, имав колега од Куманово, од што се исплаши, почна да се моли. Се упрпав кога видов дека и стујардесите ги фаќа паника па ја замолив стујардесата да ми донесе онакви мали десетина шишенца Џек, ги испив за помалце од минута, се улетвив и заспав. Кога се разбудив, се беше тивко.
- У Истанбул, Македонски пилот кој што работи за Turkish Airlines, Крстевски нешто, на убав сончев ден без ветрови, не ковна од писта, што ми се чини дека авионот летна едно 30 метри назад во воздух.
И со сите овие дешавки, пак се возам, едноставно, пребезбедни се. Само тој психолошки момент дека некој друг те вози.
Оваа дешавка ја видов на одалеченост од едно 200-300 метри.