Иловица ќе ја позлати Македонија

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.794
Поени од реакции
49.792
или ова или Ал Шар да има стварно од тоа криптонитот или па Америка да не припои да сме 52 држава.... на све ќе се надеваме само да не напраиме асална држава.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Како да профитира државата од рудникот кај Иловица?!

Државата не сме да дозволи потенцијалниот инвеститор во рудникот кај Иловица да профитира на штета на државата, предупредуваат геолозите и рударските експерти. Откако „Капитал“ неодамна ги обелодени ексклузивните информаци од десетгодишното истражување на рудното богатство под Огражден, експертите алармираат дека Владата мора да води сметка за државните интереси при издавањето концесија за експлоатација на најмалку 790.000 тони бакар и 130 тони злато кај Иловица. Во спротивно, штетите ќе се бројат во милијарди евра. Според сегашните цени на бакарот и на златото на светските берзи, ова македонско Елдорадо „тежи“ неверојатни 10 милијарди евра! Експертите потенцираат дека најмалку што може да се бара од потенцијалниот инвестититор е да произведува рафиниран, чист бакар, а не само да го ископува и да го извезува рудното богатство, кое се проценува дека е најмалку четири пати поголемо во споредба со радовишки Бучим.
Деканот на Технолошко-металуршкиот факултет, Александар Димитров, за „Капитал“ предупредува на можните грешки при давањето под концесија на рудникот кај Иловица, за да избегне склучување на „штетен договор“ за македонската економија. Внимателно со издавањето дозвола за експлоатација на рудникот во Босилово, порачува Димитров, кој додава дека токму од начинот на експлоатација на рудното богатство кај Иловица и од видот на дозволата ќе зависи колку ќе профитира Македонија на подолг рок.
„Државата треба да го обврзе инвеститорот да го затвори целиот циклус на производство на катоден чист бакар - од ископ на руда и производство на бакарен концентрат до негова преработка, до метален бакар и метално злато и производство на финални производи, како бакарни жица, бакарни кабли, трансформатори, електромотори и многу други производи од бакар и бакарни легури. Многу е важно при доделувањето на дозволата да се инсистира, односно во договорот инвеститорот да се обврзе дека во текот на експлоатацијата на рудникот и изградбата на производните капацитети ќе ги примени највисоките стандарди за заштита на животната средина. Само на овој начин во околината на Струмица, покрај рудникот, ќе се изградат фабрики во кои директно ќе се вработат неколку илјади работници, а индиректно во Струмичко и во цела Македонија за овие фабрики ќе работат неколку десетици илјади работници. Ова е важно затоа што искуството покажува дека ако на самиот почеток не се постават овие правила, тогаш може да ни се повторат катастрофалните грешки направени со изградбата на некои индустриски капацитети во минатото“, оценува Димитров.
Министерот за економија, Ваљон Сараќини, обелодени дека канадскиот инвестициски фонд Еуромакс веќе е во постапка за добивање концесија за експлоатација на рудното богатство кај Иловица. Оттаму потврдуват дека веќе ги скенираат сите информации од целокупниот извештај на Фелпс Доџ Вардар, компанија која од 2002 година почна да ги истражува скриените рудни богатства во Струмичко, а веќе од лани е сопственост токму на канадски Еуромакс...
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/83607/kako_da_profitira_drzhavata_od_rudnikot_kaj_ilovica_!.aspx
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Ауууу, тешка ситуација. Се наѕира опасен меѓуселски спор.
Иловица се наметна како име, а местото се наоѓа во атарот на село Штука. Ќе има штрајкови, осеќам..:)


Инаку, непосредно под местото каде ќе се врши експлоатацијата се наоѓа вештачка акумулација од која од пред неколку години се врши водоснабдување на неколку села во општина Босилово...

Друже таму е бушено на 100 места сигурно.Е сега Иловица ли е Штука ли е тоа не е битно.Мислам дека ја наметнаа Иловица бидејќи е поразвиено село и бајаги жители ако не се лажам едно од најбројните села од тој крај со преку 1900 жители..
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Иловица крие и сребро и платина?! Еуромакс молчи за деталите

Рударските експерти проценуваат дека покрај огромните количини бакар и злато, најверојатно, Огражден лежи и на сребро, платина, иридиум, метали кои се енормно скапи. Од Еуромакс не даваат никакви информации дали и колкави количини од овие вредни метали има кај Иловица. Велат, во фокусот на нивниот интерес биле бакарот и златото
Потенцијалниот рудник кај Иловица, покрај 790.000 тони бакар и 130 тони злато, најверојатно крие сребро, но и скапи платинести елементи. Дел од геолозите и од рударските експерти проценуваат дека Огражден, најверојатно, лежи и на иридиум, платина, родиум, платинести елементи кои се многу скапи. Тие ја отвораат дилемата зошто никој не обелодени дали кај Иловица, можеби, покрај бакарот и златото, има и сребро и платинести елементи, кои и тоа како ќе ја зголемат важноста и богатството на македонското Елдорадо - Иловица.
„Засега, компанијата која истражуваше кај Иловица кажа дека нашле најмалку 790.000 тони бакар и 130 тони злато. За сребро или за некој благороден метал засега никој не зборува. Најчесто, рудниците богати со бакар и со злато имаат и наоѓалишта на сребро. Никој не кажува го има среброто или го нема и ако го има, во колкави количини е. Јас верувам дека го има. Интересно е и тоа што вообичаено, кај поголемите рудници за бакар, каде што има злато и сребро, тука може да се најдат и група платински метали, кои се енормно скапи“, ја отвора дилемата деканот на Технолошко-металуршкиот факултет, Александар Димитров.
Од канадски Еуромакс пак, инвестицискиот фонд кој ги наследи десетгодишните истражувања на американско-бугарската компанија Фелпс Доџ Вардар кај Иловица, не даваат никакви информации дали и колкави количини сребро и благородни метали се кријат во потенцијалниот најголем рудник за бакар и злато во Југоисточна Европа.
„Фокусот на истражување на Еуромакс главно е насочен кон потенцијалите на бакар и злато и на тоа се насочени во моментов нашите ресурси“, кусо велат од Еуромакс за „Капитал“.
Не е јасно зошто Еуромакс крие дали покрај огромните количини злато и бакар, под планината Огражден можеби пронашле и резерви на сребро и платинести елементи кои имаат висока берзанска цена.
Металуршките експерти во земјава се децидни дека доколку ретките метали ги има кај Иловица, тие може да се извлекуваат и да се преработуваат без дополнително да се вложува огромна сума пари.
„Ако некој се одлучи да откопува бакарна руда, па да оди на фазата концентрирање, па претопување на бакарот, по што ќе добие рафиниран бакар, значи инвеститорот ги поминува сите фази и бакарот може да се продава по 8.300 долари по тон, колку што е актуелната цена на светските берзи на бакарот. Тогаш, како нуспроизвод се добива и златото, а притоа сите трошоци се покриени и имате профит. Бидејќи ретките метали влегуваат во последната фаза на сите преработки тука, во електрорафинацијата на бакарот, на пример, тие се наталожени веќе и оттаму само треба да се извлечат. Значи, со уште еден степен на доработка благородните метали можат да се извлекуваат, што е екстра профит“, објаснува Димитров за „Капитал“.
Ако се земат предвид најавите дека канадскиот инвестициски фонд Еуромакс, кој ги наследи десетгодишните истражувања на американско-бугарската компанија Фелпс Доџ вардар, планира да вложи околу 700 милиони евра во Иловица, според експерите, тоа би требало да значи отворање рудник и топилница, процес од кој ќе се добие чист катоден бакар.
Познавачите за „Капитал“ предупредуваат дека најмалку што може да се бара од потенцијалниот инвестититор кај Иловица е да произведува рафиниран, чист бакар, не задоволувајќи се само со производство на катоден бакар, кој е далеку поевтин од чистиот бакар.
Според сегашните цени на бакарот и на златото на светските берзи, бакарот и златото кај Иловица „тежи“ неверојатни 10 милијарди евра!...
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/83870/ilovica_krie_i_srebro_i_platina_!_euromaks_molchi_za_detalite.aspx
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
ДОДЕЛЕНА KОНЦЕСИЈА ЗА ЕKСПЛОАТАЦИЈА НА РУДА KАЈ БОСИЛЕВО
Kанаѓаните ќе вадат бакар и злато од Иловица
Kомпанијата „Фелпс доџ Вардар“ ја доби концесијата за експлоатација на бакар и злато на локалитетот Иловица кај село Босилево.
Руда ќе може да се вади во период од 30 години. Со ова се отвораат можностите на падините на Огражден да биде отворен најголемиот рудник на бакар и на злато во Југоисточна Европа со големи рудни резерви. Фирмата што ја доби концесијата е на канадската компанија „Еуромакс“, која лани ја откупи концесијата за истражувања од американската компанија „Фолпс доџ“ која, пак, пред осум години ја доби концесијата за детаљни геолошки истражувања. Според тоа што е објавено во „Службен весник“, висината на надоместокот ќе се определи со Договорот за концесија кој допрва треба да биде потпишан, но во согласност со тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање дозволи и концесии, а во него ќе биде утврден и начинот на плаќање. Висината на надоместокот инаку, според тарифникот изнесува 2 отсто од експлоатираната минерална суровина.

Од „Фолпс доџ“ неофицијално велат дека неодамна имале средба со премиерот на која биле презентирани резултатите од досегашните истражувања и нивните планови и очекувале ваква одлука, а сега очекуваат да бидат повикани да се преговара за условите што треба да бидат прецизирани во Договорот за концесија.

Според тоа што досега е објавено, во декември минатата година испитувањата утврдиле рудни резерви од 505 милиони тони од каде што може да се добијат 919 илјади тони бакар и 136,5 тони злато. Во моментот на берзите цената на тон бакар е 8.400 долари, а на златото 1.600 долари за унца.

Kако што неодамна за „Дневник“ најави министерот за економија Ваљон Сараќини, рудникот би можел да почне со работа најрано за пет години, а инвестицијата би била најмалку 700 милиони евра. Во него треба да се вработи меѓу 500 и 1.000 луѓе.

Истражувања кај Иловица инаку имало уште во 1935 и во 1936 година, но најсериозните почнаа пред десетина години кога дојде американската компанија. Се истражуваа Kазан Дол во Валандовско, Kадиица кај Пехчево, која сега ја истражува руски „Солвеј“, и Иловица. Со истражувањата се потврди дека овде може да се отвори најголемиот рудник за бакар и за злато во југоисточна Европа.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C41ED2F1CD098D4EA2FBE2541C760D3A
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Канаѓаните добија дозвола за експлоатација на златото од Иловица

Канадска Еуромакс ја доби лиценца за експлоатација на злато и бакар во Иловица во следните 30 години. Планирани се инвестиции од 500 до 700 илјади евра. Геолошките истражувања покажале дека Иловица е богата со најмалку 120 тони злато и 700 илјади тони бакар.​


Канадската компанија Еуромакс ја доби лиценцата за експлоатација на бакар и злато кај месноста Иловица. Договорот е потпишан со министерството за економија, компанијата ги доби сите потребни дозволи за работа. Со подрачјето каде според геолошките истражувања се проценува огромни количини на минерални суровини, Канаѓаните ќе стопанисуваат во следните 30 години, планираат да инвестираат од 500 до 700 милиони евра. Според официјалните геолошки истражувања, Иловица е богата со 120 тони злато и олку 700 илјади тони бакар.

- Овие резултати се добиени од истражувањето на само 30 % од концесиското подрачје. Се очекува и во останатите 70 % од месноста истражувањата да покажат слични количини на минерални суровини, изјави Ваљон Сарачини, министер за економија.

Според вака потврдените истражувањата на Еуромакс, Македонија најверојатно ќе го добие најголемиот рудник во Југоисточна Европа. Месноста Иловица се наоѓа близу Струмица и е дел од геолошкиот ланец на рудникот за злато Скуриес во Северна Грција. Ако информации за рудното богатство се прецизни според упатените на ова место треба да има ископ во следните сто и педесет години.​
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Во СФРЈ словенците ни беа виновни за виното и ајварот, хрватите за пиперките...зошто сега во независна (колку толку) Македонија, ако е толку богато наоѓалиште, златото не го зема некоја наша фирма, кој сега ни е виновен не знам.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Во СФРЈ словенците ни беа виновни за виното и ајварот, хрватите за пиперките...зошто сега во независна (колку толку) Македонија, ако е толку богато наоѓалиште, златото не го зема некоја наша фирма, кој сега ни е виновен не знам.
Мое мислење е дека тоа не е така едноставна инвестиција. Потребна е технологија и знаење, и добра поврзаност на светските пазари.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Ние имавме дејност експлоатација, имавме и имаме рудници. Во склоп на Железарница постоеја различни организации, значи имаме фирми, имаме технолози, металурзи и од старите фирми и нови кадри. Сигурен сум дека неколку фирми заедно со владата (пошто според проценки на Сарачини вложувањето вреди околу 700 милиони евра) би можеле да почнат со експлоатација од каде ќе се полни и дел од буџетот (покрај даноците) ако владата е коинвеститор. Се работи за големи количини, долг рок на експлоатација и најверојатно (штом многу странски компании се интересираат за повеќе рудници во Македонија) милијарди профит што би значело долгорочно стабилизирање на државните пари и буџетски дупки.
На овој начин само ќе прикажат зголемена странска инвестиција, но многу мал % од профитот ќе остане во РМ што е штета.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
„Иловица“ под концесија, планирана инвестиција од 700 милиони евра
Минатата недела е потпишан договорот за давање на рудникот „Иловица“ под концесија. Конкретните активности за експлоатација се очекува да почнат многу скоро, а според инвестицискиот план на „Еуромакс“, вложени ќе бидат 500 до 700 милиони евра.


Како што рече денеска министерот за економија Ваљон Сарачини, „Иловица“ располага со 120 тони злато и 700.000 тони бакар што е само 30 отсто од вкупното концесиско поле.
- Ако продолжат истражувањата и во останатите 70 проценти од концесиско поле, постои голема веројатност да се најдат и други резерви на злато и бакар, истакна Сарачини на прес-конференција по повод промовирањето на новиот закон за минерални суровини.
Првиот човек на општина Босилово пред извесно време изјави дека овој проект ќе биде многу значаен за целиот микро регион бидејки се најавува една од најголемите инвестиции од осамостојувањето на државата.
-Ќе се работи за една доста голема инвестиција од некои можеби и 700 милиони евра, мегутоа зборуваме за еден подолг период кога капацитетот би работел оптимално. Тука се очекуваат и голем број вработувања директни,а и секако индиректни, вели Љупчо Колев - градоначалник на општина Босилово
Големи очекувања од отварањето на рудникот имаат и жителите на селата Иловица и Штука. Велат сето ова ќе значи многу за сите, а пред се за младите.

Извор:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Колку ова би значело за македонската економија, мислам доколку навистина Иливица биде најголемиот рудник за експлоатација на Бакар и злато во ЈИ Европа... нека послужи податокот за очекувањата на Борскиот рудник (кој е исто така богат со овие метали) за наредните 10 години: (се извинувам што е на друг јазик, но сметам дека е разбирливо): Ozbiljni planovi podrazumevaju do 2021. godine otkopavanje ukupno 715,7 miliona tona iskopina, proizvodnju preko 726 hiljada tona katodnog bakra, 16,6 tona zlata i 95,5 tona srebra, uz prateće retke metale. Sve to dobiće se iz 3,7 miliona tona suvog koncentrata proizvedenog stalnim rastom proizvodnje, pa je u prvoj godini rada nove metalurgije predviđeno 334 hiljade tona koncentrata iz sopstvenih sirovina, a u 2021. godini preko 400 hiljada tona линкот http://www.rtb.rs/showNews.php?lang=Serbian&id=368 Хммм македонец го раководи! (некој дотичен Благоја Спасковски) Браво мајсторе. Алал ти нацијата, нашинец!!!
Ваков резултат доколку би дал и нашиов иден рудник.... страшно добра инекција на нашата трула економија! ... Иако кајмакот ќе оди у Канада нели!?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ПОТПИШЕ КОНЦЕСИСКИОТ ДОГОВОР ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ИЛОВИЦА

Министерот за економија Ваљон Сарачини и главниот и извршен директор на EurOmax Resources Ltd. Марк Густафсон денеска ќе го потпишат договорот за концесија за експлоатација на наоѓалиштето за бакар и злато Иловица. Според најавите од EurOmax конкретните активности за експлоатација ќе почнат наскоро, а според инвестицискиот план ќе бидат вложени 500 до 700 милиони евра. Досега е истражено само 30% од вкупното концесиско поле на Иловица, а резултатите покажуваат дека тој дел располага со 120 тони злато и 700.000 тони бакар.
http://kapital.mk/mk/makedonija/86630/deneska_kje_se_potpishe_koncesiskiot_dogovor_za_eksploatacija_na_ilovica.aspx
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Жално е што некој друг ќе ни ги користи суровините, некоја друга компанија ќе се богати, меѓутоа реално да гледаме па не ни има некоја Македонска што може да инвестира 500 милиони евра за рудникот. Така да ако гледаме реално доста фер тие инвестиции ние нив рудата која што е ограничена.
Во секој случај добра работа за Македонија, само за жал ќе се искористи за изборната програма како владата ја донесла инвестицијата а истава компанија истражува преку 8 години тука.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom