- Член од
- 25 декември 2008
- Мислења
- 1.879
- Поени од реакции
- 1.092
Македонија има солидни и долгорочни резерви рудно богатство, но неопходна е соодветна стратегија за нивно адекватно искористување што би овозможило и економски подем на земјата. Експертите велат дека и натаму водечки се утврдените резерви на олово и цинк. Сигурно тие во Македонија ќе се експлоатираат најмалку уште три до четири децении, а со дополнителни истражувања најверојатно ќе се утврдат и нови резерви. Но новите истражувања даваат надеж дека од новите наоѓалишта можат да се добијат значителни количества злато, како и традиционалниот бакар. Особено во таа насока се потенцира локалитетот Иловица, каде што покрај процените, има значителни количества од овој благороден метал.
По речиси десет години од почетокот на истражувањата за присуство на бакар и злато на планината Огражден, над селото Иловица во општина Босилово, влегуваат во фаза на добивање дозвола за концесија за експлоатација. Се очекува Советот на Општината да даде мислење по барањето на американско-македонската компанија „Фелпс Доџ Вардар“, за отпочнување на експлоатација на руда и отворање рударско окно. По мислењето, кое најверојатно ќе биде позитивно, Министерството за економија треба да одлучи дали досегашната концесија за истражување ќе ја замени со нова за експлоатација. Токму оваа компанија во изминативе десет години ги вршеше геолошките истражувања за тоа колкав е процентот на злато и бакар во утробата на планината Огражден.
- Отворањето рудник ќе значи многу за општината бидејќи тука главна дејност е земјоделството. Очекувам Советот да одговори позитивно на барањето за доделување концесии и со тоа како локална самоуправа да отвориме нови можности за развој на Босилово и на околината - вели градоначалникот Љупчо Kолев.
Според неофицијални податоци, од досегашните дупчења содржината на бакарот се движи од 0,19 до 0,30 проценти на тон руда, а на златото од 0,20 до 0,45 грама на тон руда. Овие содржини досега се поголеми од оние што се во експлоатација, каде што процентите се помали од тие кај Иловица.
Според некои процени што деновиве излегоа во јавноста, ресурсите во Иловица се околу 99,5 тони злато и 728 илјади тони бакар. Некои, пак, очекуваат овие резерви да се зголемат на 140 тони злато и 1 милион и 137 илјади тони бакар, откако целосно ќе завршат истражувањата.
Десетгодишни истражувања во атарот на селото Иловица покажуваат дека во блиска иднина може да се очекува тука да биде отворен еден од најголемите рудници за бакар и злато во Југоисточна Европа. Утврдените резерви на бакар и на злато, како и постојаниот раст на цената на овие метали на берзите, локалитетот Иловица го прават мошне погоден за експлоатација.
Оловото и цинкот се нашето злато
Меѓутоа, и другите рудници во Македонија значително придонесуваат за нејзината економија.
Саса од Македонска Kаменица, еден од водечките рудници за олово-цинкова руда во Европа, заедно со Злетово од Пробиштип и Тораница од Kрива Паланка, учествуваа со 35 отсто од производството на тие метали во некогашна СФРЈ. Сега повеќе од еден отсто од светското производство на олово и цинк е од овие три македонски рудници.
Веднаш по оловото и цинкот се бакарот и златото. Сега единствениот македонски рудник за овие метали, радовишки Бучим, врши истражувања во месноста Боров Дол, во близина на сегашниот коп, со што би се продолжил векот на постојниот рудник. Таму се очекуваат рудни резерви од околу 40 милиони тони. Руски „Солвеј“, кој ги стопанисува Саса и Бучим за две до три години планира да отвори нов рудник за бакар и злато во месноста Kадиица над Пехчево, а друг странски инвеститор е заинтересиран за отворање таков рудник и во струмичка Иловица.
- Оловото и цинкот се нашите водечки метали, но сега значително прогресираат и бакарот и златото. Резултатите од истражувањата се оптимистички. Kај Пехчево веќе може да се зборува за над сто милиони тони руда. Во Иловица се наѕираат повеќе од 500 милиони. И покрај тоа што според процентот на метал, како и во „Бучим“, рудата е сиромашна, станува збор за значително количество – истакнува д-р Тодор Серафимовски, раководител на Kатедрата за наоѓалишта на минерални суровини на Факултетот за природни и технички науки во Штип.
Освен овие четири водечки метали, кои сега се експлоатираат во рудниците во источниот дел на Македонија, имаме рудни резерви и на никел, железо, потоа на хром, арсен, антимон... Но, дел од капацитетите веќе не работат, а сопрени се и повеќето истражувања.
- Минералите се големо богатство, кое недоволно го користиме. Државата, уште додека беше во рамките на СФРЈ, некаде во осумдесеттите години на претходниот век престана да вложува во истражувања, освен во основните, па она што го имаме е само резултат на странски вложувања. Алшар мирува. Целиот кожуфски комплекс е интересен, како и многу подрачја во западниот дел на Македонија. Државата мора да стави поголема поента на минералното богатство – смета д-р Серафимовски.
Рударските градови беа пред исчезнување
Дека државата лошо се снаоѓаше со тоа богатство укажува и фактот што сите наши рудници за олово, цинк и бакар пред околу една деценија престанаа да работат, со што беше доведен во прашање и опстанокот на некои градови, особено на речиси чисто рударските Македонска Kаменица и Пробиштип. По многу маки, тие четири рудници пред пет-шест години беа рестартирани од странски инвеститори, кои и денес се заинтересирани за нови вложувања. Сега во нив работат речиси 3.000 луѓе, што е околу 30 отсто од вкупно вработените во Македонија во областа на минералните суровини. Ако се отворат нови рудници кај Пехчево и Иловица и ако се прошири копот на Бучим и во Боров Дол, за што инвеститорите се подготвени да вложат неколку стотици милиони евра, тој број значително би се зголемил.
- Истражувањата кај Пехчево даваат надежни резултати и ако с` биде во ред, таму ќе почнеме да инвестираме во нов рудник за една-две години. Бучим, пак, има резерви за работа за уште една деценија, но ако се прошири експлоатацијата и во Боров Дол, векот ќе му се зголеми за уште една деценија. Но сега очекуваме да се прошири концесијата за детаљни геолошки истражувања на целата локација во Боров Дол – вели Николајчо Николов, заменик-генерален директор на „Бучим“.
Саса има потврдени експлоатациски рудни резерви за уште шест години, а истражувањата се очекува да потврдат и нови.
- Истражувањето е континуиран процес и работиме на тоа. Имаме простор за истражување и се надеваме дека ќе има руда, но с` уште немаме добиено втора дозвола од надлежните државни органи за детаљни геолошки истражувања заради проширување на постојната концесија за експлоатација – вели Максим Прохоров, директор за развој и инвестиции на рудникот за олово и цинк од Македонска Kаменица.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2790A4BDAE865541AAB3108255F5AA31