Иконите

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да ве потсетам на нешто уште поинтересно :smir:

Втората Божја заповед вели:
„Не прави за себе идол, ниту некаква слика (на грчки: икона) на она што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнуваа децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат; Кој покажува милост на илјадници, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои."
(Излез 20:4-6)

Што е суштината на оваа заповед?

Забележливо е дека таа содржи три основни сегменти:

1. Забранета е изработка на ликови и слики кои ќе служат како сакрални предмети, претстави или претставители при нашето општење со Господ.
2. Забрането е да им се прават метании на вакви предмети како дел од побожноста и духовноста.
3. И конечно, Божја закана дека ќе го казни непочитувањето на оваа заповед.

Што е тоа идол или икона?

Идол или икона е произволно создаден уметнички лик на небесни или земни суштества на кои им се припишуваат религиозни својства и функции.
Во античкиот свет киповите, статуетките и сликите на разни реални или имагинарни ликови биле во масовна религиозна употреба. Така било во древниот Египет, така и во античка Поранешна Отоманска Покраина Грција, така и во Римската империја. Најчесто тие статуи или слики претставувале одредени богови или биле симболи на богот во кој луѓето верувале. Ваквата практика е санкционирана со првата од 10-те Божји заповеди "Јас Сум Господ, твојот Бог... немој да имаш други богови покрај Мене."
Втората Божја заповед не се однесува на создавањето други богови, зашто тоа е регулирано со првата заповед. Втората Божја заповед се однесува на недозволен приод кон вистинскиот Господ Бог.

Мојсеј толкувајќи ја таа заповед вели: „Бидете цврсто убедени во душите свои...Не вршете беззаконија правеќи си ликови вајани, секаков вид ликови на маж или жена, лик на неке животно...“итн. (Второзаконие 4:15-20) Таа заповед забранува поклонување пред нив, како и служење, односно кадење, палење кандила (како што паганите им служат на идолите). Еверите, меѓу Боговдахновените пророци и старите христинјани блиску до апостолското време, секогаш ги разбирале тие заповеди (забраната за правење икони за поклонување), бидејќи иконите се ликови и наличја за кои зборува втората заповед.
п.е. А за блажената Марија ви отворив нова тема, така што сега немате изговор да ја продолжувате вашата оф-топик дискусија овде.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
„Копи-пејст„ од „Вероучение„.. Јако е, нема што.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
хаха, пак избега од вистината за тоа кои се идолите... типично...и ниту еден доказ не даде...:helou:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Плус то, „идол „ и „икона„, не се ни оддалеку слични поими, а типов го поставува во ист наслов.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Ама ај остај тоа, туку вели дека иконата е произволно создаден лик(???):vozbud: Санки св.Јован Шангајски, или св.цар Николај, или св.Јован Кронштатски, или св.Матрона Московска, или .... од поново време не знаеме дури ни од слики како изгледаат... па ни текнало произволно ќе си ги цртаме... апсурд!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Се надевам дека апсурдите на свогелавото и најчесто противречно толкување на библиските стихови, ќе биде увидено од дел од формуџиите.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
150
Поени од реакции
0
Плус то, „идол „ и „икона„, не се ни оддалеку слични поими, а типов го поставува во ист наслов.
Толку различни, што Господ ги изговара во ист здив:

„Не прави за себе идол, ниту некаква икона
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Е да де, ама ако повнимателно прочиташ, ќе види дека се ОДВОЕНИ со сврзникот „ниту„. А „ниту„ е негација на претходно напишаното, па така „ не е само идолот забранет, туку и сликата/иконата. Учи малку граматика и синтакса, разбираш.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
matetes првото мислење ти го избришав а ти продолжуваш...пази... ова ти е предупредување
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
не е само идолот забранет, туку и сликата/иконата.
Ова ти е, според мене и од она што јас сум имал можност да го прочитам од твоите коментари, најпаметната работа што си ја напишал на форумов.
 
Член од
30 октомври 2008
Мислења
31
Поени од реакции
1
Ова да им го кажеш на православните кои наместо да проповедаат за жртвата која Господ ја даде за нашето спасение, тие се преокупирани со измислување слики и лажни претстави за Исус и нивно закачување по храмовите, на нивно продавање, осветување, поклонување, молење, палење кандила итн.
А ти гледам си сконцентриран на жртвата Господова...

И мене тоа ми е многу чудно и би сакала да ми го објасниш - како може да не знаете како Господ изгледал, а ти за аватар имаш слика на која е ѓоа претставен Неговиот изглед?



Те молам, биди си доследен на твојот став дека не се знае изгледот на Христос!
А како ќе заведе недоволно утврдени (т.е. упатени) во православната вера?!

Ако е така, т.е. ако Господ со оваа заповед забранува само поклонување на други богови, тогаш зошто вели „на она што е горе на небото“? Не сака ли овде Јахве да признае дека има конкуренција од која се плаши, па сака да осигура монопол?

Ако како што ти велиш ја сфатиме втората заповед, тогаш така испаѓа.

Испаѓа дека Јахве не е сигурен во своето божество, па бара да не се светкуваат другите небесни суштества.
Какво суптилно провлекување на зборот.... Да не си можда и некаков сведок на Јахве?!

Како прво не можеш да го наречеш тоа Хула.
Второ јас ќи почитувам иконите како уметничко дело и не гледам причина зошто да им се молам на тие икони.
Трето Марија не го роди Бог и не можеш да ја наречеш Мајка на Бог или мајката Божја.
Проблемот е во тоа што им се молите на иконите нели разбирате Исус никаде не заповедал молете им се на икониве или пак апостолите да заповедале такво нешто.
Кој им се моли на иконите?! Православните?? Уф нешто гадно си помешал...

Ова ти е, според мене и од она што јас сум имал можност да го прочитам од твоите коментари, најпаметната работа што си ја напишал на форумов.
А ова твоево, колку што јас сум имал можност да прочитам е нешто стандардно и сосема очекувано - извлекување од контекст и замена на тези. Сјајно нема што!
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Кој им се моли на иконите?! Православните?? Уф нешто гадно си помешал...
Да не се правиме наудрени факт е дека се молите на иконите на св. Петка на Богородица на св. Ѓорги и други.

На секој православен празник во зависност на кој светец е посветен одите и се молите пред неговата икона оставате пари ја бацувате иконата итн.

Самата православна црква го налага тоа и го бара од своите верници.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Петре, поима немаш од цитирање. Кога цитираш, цитирај го цел контекст за да можат да видат сите на што цитираш и како цитираш, а не само колку да му се обратиш на некому со некој оф-топик коментар.
Така на пример мојата изјава која ја цитираш се однесуваше на изјавата на MIKI1 и доколку не ги ставиш и двете изјави во контекст, тогаш таа сама по себе нема никакво значење.
Еве вака...

не е само идолот забранет, туку и сликата/иконата.
Ова ти е, според мене и од она што јас сум имал можност да го прочитам од твоите коментари, најпаметната работа што си ја напишал на форумов.
Ете, сега гледаш како си има значење :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ова ти е, според мене и од она што јас сум имал можност да го прочитам од твоите коментари, најпаметната работа што си ја напишал на форумов.
Имам напишано и други паметни работи, но ги прескокнуваш оти не ти одговараат. А на изолираниот цитат се повикуваш, оти одговара на твоето убедување. Патем кажано, одвоениот цитат има и своја „околина„.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom