Иконите

И? А КАДЕ е тука спомената косата Христова!???? Па јас сеуште очекувам цитат, старозаветен ли, новозаветен ли, во кој ЈАСНО е опишана косата Христова!!! Ајде, стихољупци, дајте конечно некој саглам цитат!!!

Наведениот цитат, патем кажано, јасно вели како НЕ ИЗГЛЕДАЛ Христос на не КАКО изгледал! Стихот вели што Христос НЕМАЛ а не што ИМАЛ!
 
Браво marijancho, Исаија 53-тото поглавје е единственото место во целата Библијата кое кажува минимално нешто за Исусовиот изглед.

"Немаше на Него ни убавина ни блесок за да би сме се загледале во Него, ни милозливост за да би ни се допаднал."
(Исаија 53:2)

Епа сега неизбежно се поставува прашањето зошто Исус на православните икони е насликан како убав, мил, допадлив?
Зарем не е ова уште еден доказ дека иконите се измислени фалсификати наменети за суеверните и иконопоклонички муштерии на некои ткн. "цркви"?

Вистина ти велам, вистина, те читам и ти се чудам како можеш така нелогички да рзмислуваш, и како можеш да одиш до степен на хулење само за да докажеш дека си во право. Не можам да сфатам...

Целиот стих е

Исаија 53:2 Зашто изникна Он пред него како младо дрвце и како стебленце од сува земја; нема во Него ни изглед, ниту величие; ние Го видовме, и во Него немаше изглед, што ќе не привлекува кон Него

Зарем нема Господ величие? Или тука пророкот сака да каже нешто друго? Да, сака да каже дека Господ не се појавил како богат и моќен цар на земјата, каков што го очекувале евреите, туку се појавил смирено, качен на осле. Затоа фарисеите и се соблазнувале од Него, и затоа ден денеска евреите Го очекуваат Месијата, чекаат цар кој ќе владее со нивната земја како великодостојник.

Леле, колку грешни толкувања имаш. Би те замолила, не заради нешто друго, туку заради тебе, за да не хулиш вака, да си ги проверуваш толкувањата со твоите истомисленици, верници, пасторот...
 
Браво marijancho, Исаија 53-тото поглавје е единственото место во целата Библијата кое кажува минимално нешто за Исусовиот изглед.

"Немаше на Него ни убавина ни блесок за да би сме се загледале во Него, ни милозливост за да би ни се допаднал."
(Исаија 53:2)

Епа сега неизбежно се поставува прашањето зошто Исус на православните икони е насликан како убав, мил, допадлив?
Зарем не е ова уште еден доказ дека иконите се измислени фалсификати наменети за суеверните и иконопоклонички муштерии на некои ткн. "цркви"?

Насликан е како мил и допадлив зашто такво е Неговото срце, полно со љубов и милост, најчистото срце. и Исус сакал луѓето да се образот Негов, во убавината и чистотата на срцето, не на лицето.
 
Исаија 53:2 Зашто изникна Он пред него како младо дрвце и како стебленце од сува земја; нема во Него ни изглед, ниту величие; ние Го видовме, и во Него немаше изглед, што ќе не привлекува кон Него

Леле преводоввв фрчи хахаха "Исус немал изглед" :pos2: Демек Исус без лик бил.. Боже прости им не знаат што зборуваат и како преведуваат.

Еве ти од најдобриот и светски признатиот превод на Библијата New International Version како гласи тој стих:

"He had no beauty or majesty to attract us to him, nothing in his appearance that we should desire him."
(Исаија 53:2)

И тука, во контекстот јасно се гледа дека зборот "majesty" (величие) се однесува на физичката убавина, и Исаија јасно претскажува дека Исус не бил убав и привлечен како што тоа го измислуваат православните икони заради подобра продажба разбира се :)
 
Насликан е како мил и допадлив зашто такво е Неговото срце, полно со љубов и милост, најчистото срце. и Исус сакал луѓето да се образот Негов, во убавината и чистотата на срцето, не на лицето.

Кате, на иконите не го прикажуваат срцето на Исус, туку претендираат дека го претставуваат веродостојно Неговиот физички изглед. Прашај кој сакаш поп дали така изгледал Исус како што е претставен на иконите и тој ќе ти каже дека да така изгледал, мил и допадлив. А овде библискиот пророкот Исаија ни говори нешто друго. Значи некој лаже. Е сега прашање е кој лаже? Дали библискиот пророк Исаија кој пишувал под Божјо вдахновение или пак некој иконописец кого го мрзело да работи па земал да си црта сликички и да ги продава на суеверните и иконопоклонички муштерии?
 
Не сум слушнала за ова порано, па не можам да кажам. Сепак мислам дека пророкот сакал да каже дека луѓето кои верувале во Исус ја гледале убавината и милоста на Неговото срце, која се одразувала на Неговото лице, а како било не можеме да знаеме, само можеме да веруваме, нели ?

не е надворешната убавина онаа која не прави вистински убави, како што Бог сакал да бидеме. Јас верувам дека Исус изгледал како што го гледам на иконите, доволно ми е тоа.
 
Насликан е како мил и допадлив зашто такво е Неговото срце, полно со љубов и милост, најчистото срце. и Исус сакал луѓето да се образот Негов, во убавината и чистотата на срцето, не на лицето.

Разбира се...

А физичката убавина е произовд на духовната а не обратно...
 
Леле преводоввв фрчи хахаха "Исус немал изглед" :pos2: Демек Исус без лик бил.. Боже прости им не знаат што зборуваат и како преведуваат.

Еве ти од најдобриот и светски признатиот превод на Библијата New International Version како гласи тој стих:

"He had no beauty or majesty to attract us to him, nothing in his appearance that we should desire him."
(Исаија 53:2)

И тука, во контекстот јасно се гледа дека зборот "majesty" (величие) се однесува на физичката убавина, и Исаија јасно претскажува дека Исус не бил убав и привлечен како што тоа го измислуваат православните икони заради подобра продажба разбира се :)

Прочитај го целиот контекст на таа глава. Јасно кажува дека нема убавина (нека биде по твое, сепак не бега од реалноста на толкувањето) и величие како на земен цар, како великодостојник и големец, каков што Го очекувале евреите.

А за да видиш дека не си во право со преводот на англиски, еве ти го на грчки

Исаија 53:2
ἀνηγγείλαμεν ἐναντίον αὐτοῦ ὡς παιδίον ὡς ῥίζα ἐν γῇ διψώσῃ οὐκἔστιν εἶδος αὐτῷ οὐδὲ δόξα καὶ εἴδομεν αὐτόν καὶ οὐκ εἶχεν εἶδος οὐδὲκάλλος

εἶδος - што означува форма, изглед (нели ги љубиш оргиналите?)

Јас верувам дека Исус изгледал како што го гледам на иконите, доволно ми е тоа.

И завидувам на твојата силна вера. Навистина е потребна силна вера да се верува дека Исусовиот лик е претставен веродостојно на иконите и покрај тоа што Светото Писмо противречи на тој (според мене) измислен лик.

Си се запрашала ли Кате зошто никој од евангелистите не спомнува ниту еден стих, ниту еден збор за изгледот на Исус?
Замисли, Новиот Завет има околу 33.000 стихови и во него се опишани најбанални работи, а сепак апостолите "заборавиле" да спомнат макар еден збор за изгледот на Исус. Мислиш дека тоа е случајно? Искрено те прашувам.

Изгледот т.е. иконата на Исус е хит во православните храмови, а сепак нема ни трага од тоа во посланијата на апостолите и евангелистите.
 
јас знам колку чисто е срцето на Бог, дека Неговите очи се полни со милост и љубов, тогаш тие се најубавите. не ми требаат докази за нешто што знам во моето срце која е вистината.
ни ти не треба да ги бараш, само верувај. не ги гледај луѓето по надворешната убавина, како што кажа мики, физичката убавина е производ на духовната, не обратно.

секој благослов од Бога.
 
И мене тоа ми е многу чудно и би сакала да ми го објасниш - како може да не знаете како Господ изгледал, а ти за аватар имаш слика на која е ѓоа претставен Неговиот изглед?

SavingPeter.gif

Те молам, биди си доследен на твојот став дека не се знае изгледот на Христос!
 
А за да видиш дека не си во право со преводот на англиски, еве ти го на грчки

Исаија 53:2
ἀνηγγείλαμεν ἐναντίον αὐτοῦ ὡς παιδίον ὡς ῥίζα ἐν γῇ διψώσῃ οὐκἔστιν εἶδοςαὐτῷ οὐδὲ δόξα καὶ εἴδομεν αὐτόν καὶ οὐκ εἶχεν εἶδος οὐδὲκάλλος

εἶδος - што означува форма, изглед (нели ги љубиш оргиналите?)

Сакаш да кажеш дека книгата на еврејскиот пророк Исаија оригинално е напишана на грчки? :pos2::pos2::pos2: Оффф колку ли лапсузи човек нема да се изначита од тебе девојче.

Оригиналот (на староеврејски! ) е вака:
"ויעל כיונק לפניו וכשרש מארץ ציה לא־תאר לו ולא הדר ונראהו ולא־מראה ונחמדהו"
(Исаија 53:2)

Староеврејскиот збор "хадар" значи убавина, милозливост, величие, велелепност.
А староеврејскиот збор "марех" значи убава појава, убавина, убав физички изглед.
Староеврејскиот пак збор "камад" значи убав, привлечен, допадлив, мил.
Значи станува збор за физичкиот изглед на Исус, за кој еврејскиот библиски пророк Исаија пророкува дека Исус нема да биде надворешно убав, мил и привлечен како што е исмислен и фалсификуван на профитабилните православни икони.
 
јас знам колку чисто е срцето на Бог, дека Неговите очи се полни со милост и љубов, тогаш тие се најубавите. не ми требаат докази за нешто што знам во моето срце која е вистината.
ни ти не треба да ги бараш, само верувај. не ги гледај луѓето по надворешната убавина, како што кажа мики, физичката убавина е производ на духовната, не обратно.

секој благослов од Бога.

Катеринче, овде ние не зборуваме за чистото срце на Бог, ниту за внатрешната убавина кај Господ и луѓето. Тука ние збориме за иконите кои, според православието, го претставуваат надворешниот изглед на Исус и другите ткн. "светци".
Јас се обидувам да ти докажам дека тие се лажно претставени/измислени на иконите заради профит, заради бизнисот со икони. Јас се обидувам да ти докажам дека Светото Писмо вели дека Исус немал некоја посебна надворешна убавина, немал мил и допадлив лик, наспроти тоа како што комерцијално го претставуваат православните икони.
Јас ти велам дека огромна е веројатноста Исус да имал и кратка коса заради изјавата на Неговиот следбени (апостол Павле) кој вели дека е срамно мажот да има долга коса. Зарем Павле би се осмелил да каже такво нешто доколку Исус имал долга коса? Или пак зарем предавникот Јуда би морал со бакнеж да го обележи Исус при Неговото апсење? Зарем не можел да им каже на војниците дека Исус имал долга коса и да не морал да измислува посебни знаци за да го предаде?

Значи остави ја внатрешната убавина за други посоодветни теми. Тука зборуваме за иконите каде што се претставува надворешниот физички измислен лик на Исус и другите, со цел луѓето да го купуваат тој лик, да го осветуваат, да му се клањаат, да му се молат, да му палат кандила итн. со еден збор да му служат на тој измислен и фалсификуван лик и пократ тоа што Втората Божја заповед забранува користење слики при нашата комуникација со Бог и клањање на истите.
 
Оригиналот (на староеврејски! ) е вака:
"ויעל כיונק לפניו וכשרש מארץ ציה לא־תאר לו ולא הדר ונראהו ולא־מראה ונחמדהו"
(Исаија 53:2)

A kaj пишува тука хадер, мадер, фадер? Кој е тој збор, ќе ми го посочиш?

И пак те прашувам, како и покрај тоа што тврдиш дека не се знае изгледот на Христос, ти имаш аватар со ѓоа Неговиот изглед?
 
A kaj пишува тука хадер, мадер, фадер? Кој е тој збор, ќе ми го посочиш?

И пак те прашувам, како и покрај тоа што тврдиш дека не се знае изгледот на Христос, ти имаш аватар со ѓоа Неговиот изглед?

Како пред се, си става икона за аватар, а зборува против иконите. Па твоите зборови губат сила на тој начин. Ти си првиот што не го правиш тоа што велиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom