Иконите

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
MIKI1 залудно се обидуваш да ни докажеш дека иконите не ги обожавате како идоли, бидејќи со втората Божја заповед, посебно се забранети идолите, а посебно сликите како медиуми во обожавањето на Бог.
Значи, втората Божја заповед не вели: "Не си прави идол..."
Туку вели: "Не си прави идол, ниту некаква ИКОНА...не им се поклонувај и не им служи"

Оттука јасно станува дека со втората Божја заповед се забранети и двете: идолите (тродимензионални) и иконите. Од контекстот се гледа дека не станува збор за уметнички слики, туку за слики кои се користат како медиуми во нашето обожавање на Бог, впрочем затоа и заповедта вели: "не им се поклонувај и не им служи", а ТОКМУ ТОА го правите вие православните, се поклонувате пред иконите, им служите палејќи им кандила, се молите пред нив, ги осветувате, ги користите во вашиот религиозен бизнис итн.

Се согласувам со Светле и nihilista. Ако може поинаку да се толкува "не лажи" и "не кради", тогаш може поинаку да се толкува и "не си прави икона". Одлична споредба. Браво!

marijancho, како брат те молам да не ја претварате темава со MIKI1 во "неврзани муабети". Продолжете ја вашата дискусија или по лични пораки, или на мсн, или на мирц, било каде, само не тука. Ти се обратив тебе затоа што ти си разбран. Ортодокснава тајфа е невозможно тоа да го направи.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
„Оче наш...„, Марјанчо, каков татко. „Отец„ е духовна категорија, а „татко„ е материјално-биолошка. Чисто информативно...

MIKI1 залудно се обидуваш да ни докажеш дека иконите не ги обожавате како идоли, бидејќи со втората Божја заповед, посебно се забранети идолите, а посебно сликите како медиуми во обожавањето на Бог.
Значи, втората Божја заповед не вели: "Не си прави идол..."
Туку вели: "Не си прави идол, ниту некаква ИКОНА...не им се поклонувај и не им служи"

Оттука јасно станува дека со втората Божја заповед се забранети и двете: идолите (тродимензионални) и иконите. Од контекстот се гледа дека не станува збор за уметнички слики, туку за слики кои се користат како медиуми во нашето обожавање на Бог, впрочем затоа и заповедта вели: "не им се поклонувај и не им служи", а ТОКМУ ТОА го правите вие православните, се поклонувате пред иконите, им служите палејќи им кандила, се молите пред нив, ги осветувате, ги користите во вашиот религиозен бизнис итн.

Се согласувам со Светле и nihilista. Ако може поинаку да се толкува "не лажи" и "не кради", тогаш може поинаку да се толкува и "не си прави икона". Одлична споредба. Браво!

Ако се православните иколопоклоници, поради почитувањето на иконите, тогаш, тоа наше идолопоклноство, мора да има и одредени последици, така? Ако, на пример, сатанизмот е еден краен вид на идолопоклноство, кој како последица го има служењето на лукавиот, негово боготворење, принесувањето крви и човелки жртви, спиењето на идолопклониците по смрдливи и темни места и гробишта, претпочитањето на темнината и на црната боја и мракот, слушањето сатанистичка музика, „ченелингот„, биоенергијата, „видовитоста„ тетовирање на своите тела (кои се храм БОЖЈИ!), јавно признавање на лукавиот за свој бог и сл. Тогаш, објасни ми/ни, кои се злите последици од почитувањето на иконите?

За нивната чудотворна и исцелителна моќ, православните веќе знаат-од таму, иконата не е идол, туку извор на добри дела, под благодатната енергија од Светиот Дух.

А што имаат заедничко вистината и лагата, доброто и злото, свелината и темнината, Христос и кнезот на овој Свет?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Тогаш, објасни ми/ни, кои се злите последици од почитувањето на иконите?
Отвори ги очите Мики и ќе видиш дека сите православни храмови ви се претворени во музеи на Византсиска уметност, во фолклор, луѓето се клањаат на икони наместо на Небесниот Бог, палите кандила пред иконите, се молите пред нив, го "осветувате", сте распослале тезги пред храмовите и продавате "осветени икони", правите бизнис во она што го нарекувате "црква".
Можеби ти ќе речеш: "Ама јас не ја обожувам иконата, туку ликот во неа, јас не и со молам на неа, туку на оној што е насликан на неа (рецимо свети Сава), јас не ја гледам иконата како идол..."
Но зошто сте толку себични? Зошто гледате само од себе и дали вие се соблазнувате од иконите? Зарем не гледате дека 99% од вашите православни браќа и сестри ги третираат иконите токму како идоли? Зарем не гледате дека 99% од иконопоклонците не знаат да се помолат без икона? Зарем не гледате дека 99% од православните гледаат на иконата како на фетиш? Си ги ставаат на ретровизори за да ги штитат од сообраќајќи, си ги носат во џеп за да положат некој испит? Зарем не гледате дека 99% од православните веруваат дека иконите не се само слики туку дека имаат некаква "моќ"? Па зарем не го велиш и ти тоа МИКИ? Ете гледаш, и за тебе тие претставуваат фетиш.

Друга работа. Иконопоклонците ќе бидат првиот плен на Антихристот за кого е јасно претскажано дека ќе направи икона "Иконата на Ѕверот", икона која ќе прозборува и ќе направи да бидат убиени сите оние што нема да и се поклонат (Откровение 13).
Кажи ми, која икона до сега правела такви чуда?
Можеш ли да си замислиш како ќе ја обожаваат оваа икона православните? Што мислиш, на таа икона ќе има насликано некој ѓавол со рокчиња? :) Во Библијата пишува дека ѓаволот се претвара во ангел на светлината, така што таа икона сигурно нема да биде некој ѓавол со рокчиња, туку ќе биде нешто привлечно, нешто убаво, нешто пред што иконопоконците ќе паѓаат до земја поклонувајќи и се. Тие ќе мислат дека му се поклонуваат на Бог и ќе ги укоруваат "секташите" зошто не ја почитуваат таа икона, но реалноста ќе биде друга.
Светото Писмо благовремено ве предупредува да не се навлекувате кон икони, но вие и понатаму терате инает со Бог. Бог ви вели: "Не си правете икони, не им се поклонувајте и не им служете", а вие упорно му контрирате велејќи Му: "Е за инает ќе си правиме икони, ќе им се клањаме и кандила ќе им правиме! Не те слушаме Тебе, ние си го слушаме Јован Дамаскин, ние си го слушаме нашиот седми вселенски собор, таму ние си одлучивме дека иконите се богоугодни и воопшто не ни е гајле што велиш Ти во Библијата. Таа не ни е никаков авторитет. Таа е шифрирана и не можеме да ја разбереме. Јован Дамаскин и седмиот наш вселенски собор ни се авторитет. Тие се појасни од Твојот Збор. Библијата е двосмислена, а Јован Дамаскин е појасен од Тебе. Не кради, не лажи, не прави си икона, не им се поклонувај, сето ова е нејасно и двосмислено и секој може да си го толкува како што сака, затоа не го земаме ова како авторитет, туку Јован Дамаскин, седмиот вселенски собор..."

Тажно, но вистинито.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Чорбаџи, фала и слава на Бога во висините, ама моите духовни очи се отворени, инаку јас не би поверувал во Христа.

Тоа што православните ги користат иконите во одредена ситуација, е само израз на нивната вера и надеж а не на надежта во самите себе. Да, ЈАС велам дека иконите имаат и чудотворна моќ, но само за оние кои во таа моќ навистина и веруваат па на таквите, нека им биде и според верата. Таа моќ ја има овде, во македонските манастири, што е доказ дека благодатната енергија од Светиот Дух делува и во МПЦ, а не само таму и некаде, кое е за нас тешко достапна „географија„. А со твоето додавање на „маса„ од зборови во постовите, нема да ја намалиш чудотворноста од иконите.

Што се однесува до времето од антихристот, таа тема е многу детално обработена од православните богослови, па кој е упатен, нема да му биде проблем да го препознае слугата на лукавиот. За да не испадне на крајот: „,,па ние не знаевме, нам никој не ни кажа...„

П.С: Сеуште не одговори: какво зло чинат православните идолопоклоници, поклонувајќи им се на ликовите од иконите? Кое е злото, како е тоа видливо? Како може да се забележи и разоткрие?
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
12
Поени од реакции
0
Мислам дека злото од славењето на идоли и икони е јасно: заборавањето на вистинскиот Бог.

Затоа да се вратиме кај Бог, Тој е Добриот Пастир, нема да одбие понизно срце - бидејќи тоа е жртвата што ја посакува. Сите други жртви, до други луѓе, предмети и идеи се изневерување на Господ Бог.

Така секоја молитва кон икона или светец, е духовна „вонбрачна“ афера/неверство. Црквата е Невеста Христова, таа не смее да се продава на други.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Немој ма...
Кој го заборавил вистинскиот Бог? Оние кои го примаат Неговото тело и крв? Или оние кои не прифаќаат ниедна Света Тајна? Оние за кои Христос е во нив и тие во Него, тие ли Го заборавиле!?
А јас сеуште не читам: кои се злоделата од православното идолопоклонство? За крајните идолопоклоници, набројав барем една дузина од очигчедни злодела.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom