Иконите

Член од
17 ноември 2008
Мислења
159
Поени од реакции
1
Чорбаџија, уште лицемериш за иконите? Та ти користиш икона за аватар!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
makarios, никогаш не сум лицемерел за иконите, ниту пак некогаш сум користел икона за аватар.
Мојот став за иконите е образложен на долго и широко во воведот на оваа тема. На самиот крај од воведниот коментар, јас меѓу другото напишав и...

Свесен сум дека ова критичко излагање различно ќе се свати меѓу посетителите на овој форум.
...
...
Други ќе отидат предалеку и ќе прашуваат дали сето ова значи дека Бог е против уметноста и против употребата на секакви духовни симболи? И таквите ќе ги замолам да не извлекуваат неиздржани заклучоци. Господ е голем Уметник и не е против уметноста. Тој го направил човекот по Својот образец и му дал креативен и уметнички дух. Но тоа што Бог не го одобрува е фетиширање на уметнички дела, или нивно осветување и прогласување за божествени реликвии. Не одобрува нашата духовна имагинација и побожност да бидат поттикнати од сликовни претставувања, туку од дејствување на Неговото Слово.

Нека Господ ни ги отвори очите на сите, за да го разликуваме Божјото од човечкото, правилното од неправилното, заповеданото од забранетото, како и свесност за одговорноста што ја имаме пред Бог.
 
Член од
17 ноември 2008
Мислења
159
Поени од реакции
1
makarios, никогаш не сум лицемерел за иконите, ниту пак некогаш сум користел икона за аватар.
Тогаш објасни го ова:




Ова е некаква римокатоличка или протестантска икона (слика)!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
makarios, никогаш не сум лицемерел за иконите, ниту пак некогаш сум користел икона за аватар.
Мојот став за иконите е образложен на долго и широко во воведот на оваа тема. На самиот крај од воведниот коментар, јас меѓу другото напишав и...

Од надолгото и наширокото образлижение за иконите, произлегува заклучокот дека „од дрвјата неможе да се види шумата„.

Тогаш објасни го ова:




Ова е некаква римокатоличка или протестантска икона (слика)!

Па нели е забрането со втората Божја? Нели таква слика нема во Писмото...и така натаму....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Знам, знам...
Така е одредено со втората Божја, така? А според ЧИЕ толкување на таа заповед?
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
12
Поени од реакции
0
Знам, знам...
Така е одредено со втората Божја, така? А според ЧИЕ толкување на таа заповед?
Ако може различно да се толкува „не лажи“ и „не кради“, тогаш различно може да се толкува и „не прави икони“.

Само од кого е тоа „различно“ толкување?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
makarios и MIKI1, два пати ви објаснив која е разликата меѓу уметничка слика и икона и не ми се верува дека сеуште не сфативте. Но се сомневам дека не бев доволно јасен, повеќе верувам дека намерно не сфаќате или пак се правите наудрени дека не сфаќате за само да водите инает.
Затоа, не ми останува ништо друго освен, секогаш кога ќе досадувате со ова прашање, повторно да спамирам со објаснувањето кое веќе два пати ви го дадов за мојата аватар-слика. А на модераторот оставам колку што сака нека толерира спамирање..

Напишано од Чорбаџија
Тоа не е икона, туку слика-аватар. Мојот аватар не е осветен, јас не сум го купил од некој иконопицес, не му палам кандило, не му се клањам, не му се молам итн. Се надевам конечно ја сфати разликата меѓу уметничките слики и православните идолопоклонски икони.

Бог не е против уметноста, напротив, Бог е најголемиот Уметник. Но Бог е против тоа да користиме слики (и идоли) како медиуми при нашата комуникација со Него. Тоа јасно е кажано во Втората Божја Заповед.
Тоа било јасно видливо и од Христос Кој никогаш не користел икони. Тоа било јасно сфатено и од апостолите кои никогаш не користеле икони.
Единствена икона што е спомната во Новиот Завет е "Иконата на Ѕверот", па сега вие размислете на чија страна сте со вашето иконопоклонство.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Чорбаџи, ти правиш разлика меѓу одредени категории само така како тебе ти одговара, и со тоа ги покриваш своите подоцна изразени ставови.

А „шемата„ е следна:
1/ напад на православието, во кое се е погрешно, и
2/ изнесување на твој личен став, кој е апсолутно точен, на сметка на „погрешното„ православие.

А тоа страшно ме постетува на ситуацијата, во која ЛАГАТА, како нестворена, ја користи ВИСТИНАТА, која е сворена, како своја „подлога„, врз која паразитира.

Ако некој предмет е слика/икона, тогаш Е слика. А што би можело друго да биде сликата/иконата, ако не слика? Нешто второ или трето? Ако предметот е слика, тогаш е слика, независно дали е фотографија, сликарско дело, скица, цртеж или нешто друго.

Повеќепати ти е посочено дека никој не се поклонува на материјалот од кој е изработена иконата, туку на ЛИКОТ кој е поставен на иконата, оти тој лик, штом е поставен на икона (насликан) значи дека веќе го заработил своето место во Рајот и сега е во близина Христова и е наш застапник пред Христа Бога.

Втората Божја заповед забранува икони/слики, само под услов некој да ги боготвори истите! Самиот поим „идол„ значи „на местото од..„ па некој самоповикан мудрец би можел да изработи лик по свое наоѓање и од тој лик да направи свој , измислен бог, на кого би му се поклонувал т.е. не би му се поклонувал и не би оддавал чест на вистинскиот Бог.

Праволсавните НЕ боготворат нешто што е створено, туку го обожуваат само Створителот на се.

А тоа што велиш дека твојот аватар не е осветен, тоа ти е веќе видено покритие за користење на слика/икона, ама која НЕ БИЛА осветена! А на истиот твој аватар, се забележува ликот Христов, кој е мнооогу сличен со ликот Негов од иконите! Па нели во Писмото НИКАДЕ не е посочено како изгледал Исус, ама на твојот аварат, сепак НЕКАКО изгледал!

И сега, ајде истата приказна од почеток...

Ако може различно да се толкува „не лажи“ и „не кради“, тогаш различно може да се толкува и „не прави икони“.

Само од кого е тоа „различно“ толкување?
Светле, КАКО може различно да се толкува „не кради„, а? Значи, може да се толкува како „кради!„? Која е третата можност? „Кради, ама по малку„?

Ако ги погледнеш богословските толкувања на осмата Божја, ќе видиш што се се подразбира под крадење, иако на прв поглед, заповеста е едноставно напишана.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Ако може различно да се толкува „не лажи“ и „не кради“, тогаш различно може да се толкува и „не прави икони“.


Alal da ti e, kakvo poinakvo tolkuvanje moze da ima jasniot iskaz ne kradi, ne ubivaj , ne vrsi preljuba, ne pravi ikoni...taka e, ne moze da se tolkuva ona sto ne dava moznost za poinakvo tolkuvanje koga e kazano kratko i jasno nemoj da imas drugi bogovi osven mene (zabrana za trojstvo) ne kradi, ne ubivaj, ne pravi ikoni. Jasno im e na jasnite na zbrkanite se im e zbrkano.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Нихилиста, ЧИТАЈ на втората Божја ДО КРАЈ, а не само делот во делот од заповеста во кој се наведени и идолот и сликата/иконата. А втората Божја завршува со изразот „служиш„! Чисто информативно...
 
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
Нихилиста, ЧИТАЈ на втората Божја ДО КРАЈ, а не само делот во делот од заповеста во кој се наведени и идолот и сликата/иконата. А втората Божја завршува со изразот „служиш„! Чисто информативно...
Miki ama be dete.
Ubavo Isus kaza kako da se molime.
Tatko nas koj si na nebesata.
Ne rece moli se na ovoj ili onoj aman neli svakas
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
„Дете„? Марјанчо, верувам дека сум постар од тебе...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom