Хм... Под „изневерување“ овде збориме за што со друг? Мување? Секс?
Зависи од степенот. Во секој случај, 100% сум убеден дека ако жената не сака, нема да му дозволи на мажот да и` пријде. А ако не сака, а мажот навалува, тоа е силување.
А ако партнерката прими друг маж во себе (дали во својата уста, вагина или анус, небитно), тоа значи дека она што го добива од мене (физички, емотивно, духовно, пак небитно) не е доволно или прифатливо (повеќе). Значи, грешката прво ја барам кај себе.
Ако не ја наоѓам кај себе (дали поради арогантност или цврст став, повторно небитно), се прашувам дали можам и/или сакам да живеам со фактот што таа примила друг маж во себе покрај мене. Има мал милион ситуации зошто би сакал или не би сакал (долга врска, момент на слабост или несигурност, и пак небитно) и тука доаѓа момент на одлука од моја страна.
Како јас ќе одлучам, така ќе биде. Таа веќе го предала своето право да одлучува во името на врската, зашто можела претходно да се консултира за мене што не чини, па да се обидеме заедно да ја решиме работата, наместо слепо да лета по други мажи.
Значи, останува на ова - мора да има меѓусебна комуникација меѓу партнерите. Во спротивно, ќе се оди до крајности, не секогаш пријатни и пожелни.