Дефинитвно повеќе боли изневерувањето.Највеќе боли,затоа што со тој човек си во врска,го сакаш,му веруваш имаш потполна доверба во него за на крај да дознаеш дека всушност он те лажел и дека се мувал со друга(и).Јас би се осетила измамено и одвратно.Ќе ми се гади од него дефинитвно.
Доколку дојде до прекин на врската,може да остане,сеуште взаемна почит,има многу случаи каде што партнерите раскинуваат,а после остануваат во добри контакти и се почитуваат.
А доколку ме изневери некој,нема теоретски шанси,да има почитување,ниту разбирање ниту ништо.Очи нема да сакам да му видам.