Тешко прашање. Зависи од ситуација. Ако се работи за личноста што ја сакам бескрајно многу, и што ме сака бескрајно многу, би простила неверство, и многу повеќе би ме болело ако таа личност ме остави него ако ме изневери. Да, ако збориме за морал и за принципи, одвратно е некој да вара, ама кога е љубов во прашање достоинството и разумот немаат некоја улога, срцето е тоа што простува или не. Не дека оправдувам неверство, ама секој човек има моменти на слабост во животот, и ако тој што го сакам ме превари не значи дека не ме сака. Е сега друго е ако тоа се дешава константно... тогаш веројатно не ме ни сака доволно и подобро да не сме заедно.
Така да, не би можела да кажам дефинитивно едното или другото, се зависи од тоа каква ни е врската и ако ме преварил дали стварно се кае ради тоа или не. Ако се кае и ако осеќам дека стварно ме сака, можам да преминам преку тоа и да останеме заедно.