Ако станува збор за партнер, изгубена доверба не сум вратила. Крив бил и тој што не се трудел, но и да се ... не би можела, и секако тоа би се финиширало со раскинување. А кај другар/ка е малку подруго. Остануваш да се дружиш и после тоа, но со помал интензитет и многу размислување дали и што ќе разговараш со него/неа. Со тек на време може да се зголеми довербата, но апсолутно не се враќа во целост. Мислев на мене, иако општо го кажав муабетов:wink:
Ќе заборавев да си кажам за мене ... не сум изгубила доверба кај никого ... барем никој не ми кажал во лице. Тешко дека ќе ми се случи тоа дека не лажам мои најблиски и мили луѓе, но ако ми се ... би била посрамотена и незнам дали би се трудела да докажам нешто ... најверојатно би се повлекла и би ми било криво додека сум жива:wink: