Изгубена доверба...

Ninja

Кајгана на око
Член од
15 мај 2005
Мислења
623
Поени од реакции
9
Таква каква што сум, претпазлива по природа, не стекнувам доверба за кратко време (понекогаш, во прашање се и години). Потполно верувам по исклучок и во многу малку луѓе. Еднаш стекнатата доверба ја губам многу лесно, а чинот заради кој сум ја изгубила довербата го третирам како предавство. Така, не ни помислувам на обновување на довербата, а најмалку да се потрудам околу тоа - никогаш.
 

PuMbA

BUCENCE
Член од
22 февруари 2006
Мислења
1.064
Поени од реакции
2
да ви кажам искрајно кај моите дома е 100% изгубена довербата од моја страна и сега за било која случка дома да се случи не е битно дали некој друг го направил тоа одма поцнуваат на мене да ми зборат верувајте мн ми е тешко што ја имам изгубено довербата во моите дома ама што да правам не ми е крив некој друг јас сум си крив
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Епа понекој пат и мислам дека имам изгубена доверба од татко ми кој што и да му кажам не ми верува....еднаш точакот на сестра ми го оставив одзади и го снема...и му кажав и овој право вика го украдоле зошто го оставаш насред двор....јас му објаснував но тој не ми поверува додека сестра ми не дојде и не кажа дека всушност таа го оставила точакот во нејзината другарка Сања...овој пат се спасив...ама пред овојпат имам мноооооооооогу пати кога сум го излажал мислејќи дека не ме сваќа и дека мора така да постапам бидејќи тој не ме сваќа како секое дете од мои години туку како старомоден тип дете кое си игра на улица и компјутерот не му е воопшто важен....дури и бидејќи премногу стоев ми постави граници но никогаш не сум ги почитувал
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Колку е само полесно да се изгуби доверба отколу да се стекне.
Ти требаат месеци,години да стекнеш доверба во некој,а само еден момент за све да упропастиш!!!
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Tешко е да стекнеш, ленсо е да изгубиш. Стрикно кај мене, никогаш до сеа не сум дозволил некој да изгуби доверба во мене. А ако веќе е изгубена довербата, нема враќање на почеток, може ептен да се одружува контакт за добра стара времена, повеќе никако.
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Јас си имам едно златно правило..... кај секого имам доверба се додека не го докаже спротивното..... такада хронолошки повеќе би имал доверба во некого што првпат го гледам отколку во некој што мојата доверба ја загубил.
 
Член од
3 јануари 2006
Мислења
1.200
Поени од реакции
10
јас ептен сум за давање втора шанса. ај вие ставете се во такви чевли, сте имале момент на слабост едноставно лапс у пресуда, и сте направиле глупост со која што сте ја изгубиле довербата. треба за таа една секунда слабост вас цел живот некој да ве гледа со други очи и да ве категоризира? за тоа секогаш давам фтора шанса. можда ќе ми земе 2-3 дена, 1 недела, 1 месец или било колку малку да преболам и да се смирам, али секогаш почнувам со чиста табла и полна доверба. ако не дај боже ја изневерат таа доверба, тогаш таа личност е веќе мртва за мене.
секој си има моменти на слабости, и мислам дека заради еден момент не треба да се фрли нешто за што таа личност толку тешко работела. како што и самите рековте, тешко се заработува а лесно се губи. кога толку тешко ја заработил, сигурно сите тие добри работи што ти ги направил повеќе значат од таа една лоша ситница што ја направил кога не ни мислел многу.

али исклучок правам само ако гледам дека личноста воопшто не ни жали за тоа што направила, дека се едно и е. тогаш отпишувам уште од прв пат.
 
Член од
1 мај 2006
Мислења
371
Поени од реакции
2
Doverba kolku sto se sekavam kaj nikogo nemam izgubeno, a kaj mene ja imase izgubeno samo edna licnost so mi e mnogu znacajna no ja povrati na nekoj nacin so dela. Ama mislam deka toa retko sedesava, bidejki toa e isto kako da se skrsila casha a ti probvas da ja zalepis.
 

PuMbA

BUCENCE
Член од
22 февруари 2006
Мислења
1.064
Поени од реакции
2
divine напиша:
Тешко е да се стекне доверба кај некого, а многу лесно да се изгуби ... :raz:
Јас си знам колку ми е тешко што ја имам изгубено довербата кај моите дома јас мислам дека нешто најтешко е тоа да ти се случу верувајте ми за нај обична работа ме препрашуваат по 100 пати сум се обидел 100 пати да ја вратам ама неможе така лесно сака повеќе труд да се вложи а јас не сум од тие што ќе запнам да им врежам на моите дома да ми веруваат што да правам тоа е
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Довербата е најбитниот елемент во градење на секаков вид на релации. Во сите тие можни релации, има две личности на кои им верувам до одреден степен.
Потполна и комплетна доверба , до сега во својот живот сум имала само кон една личност. За жал, излезе дека не знае да ја цени. Искреноста е единствениот начин за стекнување доверба, а една единствена лага фрла СЕ во вода. Сум пробала со максимален напор да ја повратам....не оди! Никогаш не е исто. Во секој кажан збор, реченица, постапка, гест....секогаш се наоѓа место за сомничавост. И знам , колку и да се трудам, секогаш ќе биде исто.
Во мене до сега никој не изгубил доверба,никој од оние малкумина кои ми се блиски,кои ми значат и им значам и кои ми веруваат.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ako izgubam doverba vo nekogo togas ke bide mnogu tesko da ja vrati zasto ne se lutam mnogu ama koga stvarno ke se nalutam togas tesko mi pominuva.A se obiduvam nikoj da ne zagubi doverba vo mene.
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Ако некој ја изгуби довербата во мене, правам се` што можам за да ја вратам , а ако јас ја изгубам довербата во некој, тешко дека некогаш ќе можам пак да му верувам како порано.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
kako sto rece bushav trebaat denovi,meseci i godini,trebaat bezbroj dela i postapki za steknuvanje doverba vo nekoj,a samo edna sekunda i edna greska za se da propadne vo voda...
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Баш се намачив да се сетам на конкретни епизоди.
Најверојатно сакам (пред себе) да ги исправдам луѓето кои сум ги избрала да ја добијат мојата доверба. Малкумина се. Ако и се случило нешто, продолжувам да комуницирам со нив - многу претпазливо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom