Изгоре Нотр Дам во Париз

Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Класичен балкански менталитет.

Првин треба да ви е јасно дека Франција е дел од тој Нов светски поредок, и сите знаменитости се подеднакво значајни за тој дел од земјината полутопка. Секако дека САД, Англија Германија и др. длабоко ќе жалат за таму некое си грандиозно архитектонско дело кое пркосело на времињата 850год.

Истово да и се случеше на Големата Џамија во Мека CNN и BBC немаше да имаат live coverage ама па затоа од Турција до Јужна Африка и од Мароко до Индонезија ќе кукаа и ќе отвараа фондови.

И каде се тука овдешните малодушници? Добро се сеќавам кога ги рокнаа Кулите Близначки 2001год. тоа беше Септември, овде Августот се потпиша Охридски Рамковен Договор. Пола Македонија се ситеше што САД осетила малку "војна" да видат како е кога ќе им гинат чеда како нас што ни гинеа на Карпалак.
Е тоа е тој менталитет. Ама што да се очекува од кретеноиди.. Што кога ќе се деси сообраќајка и кога ќе се дознае националноста се вика... "Ух шуќур не се наши"
Ти доаѓаат те исфрлаат од цивилизациски ток, ти убиваат деца, недужни цивили, врз тебе употребуваат забрането оружје, гинат повеќе од 3.000 цивили повеќето биле цел и ти ми кажуваш треба да ми е жаал што изгорела нивна црква,што им срушиле две згради, а при тоа истите тие не ги штитеа нашите цркви а им беше должност, па ако сакаш да сум искрен не да се ситам туку мило ми е, дури и Берлин, Лондон и Њујорк до темел да бидат запалени нема око да ми трепне.... е сега овие други душобрижници и нив ги боли онаа ствар за Нотр Дам, но модерно е да се жали а тоа го овозможуваат социјалнит мрежи па ајде да сме модерни, а до вчера мислеле дека Нотр Дам е игралиште за тенис, е тоа се за мене кретеноиди.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Каква е таа "идеална" ЕУ која нас овде Балканците секој ден не кара, ни лупа шамари, не уценува и ни вика да се реформираме во секое поле, да средиме криминали, корупции, непотизми, инфраструктури и.т.н. а таму во таа 100% "идеалната" ЕУ им горат средновековни катедрали во сред центар на главен град, им се рушат мостови како оној во Италија лани што им падна врз глава на неколку десетици луѓе и ги смачка, пред некоја година во сред Лондон изгоре повеќекатница и исто така загинаа неколку десетици луѓе, а причината била ефтините материјали од кои биле изградени тие облакодери во тој кварт, како и мостот кој бил стар повеќе децении што падна лани во Италија и кој ете надлежните планирале со години да го реновираат ама не стасале поради немање доволно финансии ... е*ати таа Европската 100% "идеалност" во секое можно поле !
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Тоа и ми е муабетот во претходните постови колку е изразен аутошовинизам кај нашиот народ, се што е страно и доаѓа од запад се прифаќа како напредно и идеално, додека нашите вредности се сметаат за “балкански менталитет”, застарено и деструктивни... ова со Нотр Дам е само пример, кај нас се запали лешочкиот манастир освен што на тв имаше известување никој не препадаше на социјалниве мрежи, па уште ми вика тоа е неспоредливо со Нотр Дам имал 10000 туристи дневно па затоа било неспоредливо...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
А тогаш имаше социјални мрежи?

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Edna od najubavite katedrali mi bese NotrDam i navistina mi bese zal koga slusnav za vesta no barem ednas imam vlezeno da ja vidam odblisku.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
Тоа и ми е муабетот во претходните постови колку е изразен аутошовинизам кај нашиот народ, се што е страно и доаѓа од запад се прифаќа како напредно и идеално, додека нашите вредности се сметаат за “балкански менталитет”, застарено и деструктивни... ова со Нотр Дам е само пример, кај нас се запали лешочкиот манастир освен што на тв имаше известување никој не препадаше на социјалниве мрежи, па уште ми вика тоа е неспоредливо со Нотр Дам имал 10000 туристи дневно па затоа било неспоредливо...
Типичен србин се обидува да испадне жртва, класика.
Знаеш ли колкава е листата на оштетени историски објекти во балканот од страна на Србија?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.959

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.357
Поени од реакции
3.132
Имаш некој доказ дека ова е од Нотр Дам?

Тоа доле десно е најдено во Помпеа.
Тоа горе десно е од градско собрание во Келн.
Цел ден по нет се шеруваат, кога видов ептен се изненадив...ќе прогуглам сега на раат и ќе видам...
Edit : глупости...во право си.
 
Последно уредено:
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Типичен србин се обидува да испадне жртва, класика.
Знаеш ли колкава е листата на оштетени историски објекти во балканот од страна на Србија?
20% брате, како на пример?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Што правиме со сите оние раселени, гладни, болни и други на кои им треба помош?
Ок, градбава е чудо, ама што правиме со чудото наречено живот?
Абе види, кој сме ние па да судиме. Сеа за Нотр Дам се собрале 500 миљона за реставрација или што ти ја знам, а деца умираат секојдневно од глад. Реално, те боли ли курот и за едното и за другото? Мене не, искрено, јебига, глеам моето да го протуркам. Ме заболе и за Франција и за Африка децата. Ај да не продаваме некаков си хуманизам, кога веќе не сме тоа. Ваљда тоа е и животот, за чудото за кое прашуваш.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Абе види, кој сме ние па да судиме. Сеа за Нотр Дам се собрале 500 миљона за реставрација или што ти ја знам, а деца умираат секојдневно од глад. Реално, те боли ли курот и за едното и за другото? Мене не, искрено, јебига, глеам моето да го протуркам. Ме заболе и за Франција и за Африка децата. Ај да не продаваме некаков си хуманизам, кога веќе не сме тоа. Ваљда тоа е и животот, за чудото за кое прашуваш.
Искрено ме боли qr и за едното и за другото :)
Нема врска со некои програми, шаблони и патерни на понашање и "размислување" ти хуманизам што го викаш. Ја го викам compassion(~сочуство) и е нешто што не секој знае за што станува збор, али сега што пробувам да ти објаснам некако ја расипувам работата хахахх
Да го правевме муабетов пред 5 год. полесно ќе се разберевме....сега како некое црнило да не завиткало.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Се претера со паламудење. Ај што се изначитав на стандардните безвезни коментари како „Оти па они не жалеа за ова/она“, на мешање баби со жаби, на мешање политика и национализам каде не му е местото, сега па гледам најнов тренд да ти било реакции дека парите за реставрација требало да одат за гладните во Африка. Тотално безвезна споредба.

Да, гладни секогаш ќе има и треба да се помогне. Ама па како тоа се поврза баш со Нотр Дам? Секојдневно се трошат далеку повеќе пари за нови луксузни градби кои и не мора да се изградат баш сега, се трошат милијарди за глупи филмови, богатите трошат богатство за куп глупости, за луксузни коли, за не-знам-какви специјалитети... И сега баш Нотр Дам бил проблем?

Ај да ги погледнеме работите од друг агол. Подобро да се трошат милиони за зачувување на нешто што е дел од светско културно наследство отколку за силиконите на Кардашијан или 700 и кусур коли на султанот од Брунеи.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Ние ќе им донираме некое милионче за помош, они на нас ќе ни доделат тендер за реставрација, ќе ни порасне нас економијата. Знаат нашите што прават, како да се упикаат.
Ќе ја направиме подобра од оригиналот, екстра квалитет, гипс и картон.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
35.194
Разбирам светски глад, деца немаат вода за пиење, ама не знам што очекувавте од Европскиве народи? Да остават така изгорена да си седи? Нормално дека ќе соберат пари за нешто нивно да го средат. Нас кој ни е крив што пола цркви во Македонија се заборавени прво од МПЦ а после од државата? И што се оставени на локалните мештани да се грижат за нив колку можат. Никој, сами сме си криви. Мора да се разбере дека таа катедрала за Франција и останатите Европски народи им е битна и си собираат пари. Можда е себично. не викам не, и дека со тие пари може да се обезбедат многу други народи на кои им треба стварно помош, меѓутоа животот не е розева бајка и секој си гледа за себе.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Не е проблем донацијата за гладните во Африка, хумана работа е тоа, но решава даден проблем на краток рок. Исто како да се обидувате да залепите дупка на брод кој што тоне со селотејп. Државите во Африка имаат проблеми со управувањето, не дека се сиромашни. Исто како и ние. Ние не сме сиромашна држава, имаме релативно добра местоположба со добра клима и природни ресурси, проблем ни е менаџирањето со истите, т.е ние сме тука каде што сме од крадење и неправилна распределба на богатството, условно кажано.
Делумно, Западната цивилизација е она што е моментално благодарение на колонијалното минато. Голем дел поранешни афрички и азиски колонии, денес "независни" држави, не можат да се опорават од таквото минато, кога нивните природни и човечки ресурси биле наголемо експлоатирани од страна на европските колонизатори. Па и денес се случува истото, само во друга форма, неоколонијализам, експлоатацијата продолжува преку големите транснационални корпорации, сопственост баш на овие милијардери, кои што великодушно донираат за реизградба на Нотр Дам во Франција.

Ништо спорно во донирањето за реизградба, само целата фама околу тоа донирањето е слична со она кај нас, кога преку СМС пораки донираме средства за лечење на болни. Во ред е тоа, хумано е, меѓутоа е проблем на државата, сите ние плаќаме здравствено осигурување, постои фонд и институции кои што ги гласаме одговорни да менаџираат со сите средства. Работа на организиран систем со функционални институции е да се грижи за благосостојбата и искоренувањето на сиромаштијата, но нити ние, ниту сиромашните земји во Африка го имаат тоа. Тоа треба да биде и целта, да им се помогне на овие држави самите да менаџираат со своите ресурси, да не зависат од милостината на некој дебел Амер или Енглез, чиј прадедо палел и убивал во минатото за сега нивните внуци да какаат по интернет и ронат крокодилски солзи за гладните по Светот. Мислам дека развиениот свет има проблем со перцепирањето на реалноста, прво во сопствениот двор а далеку е од разбирање и решавање на светските проблеми во ера на ексесивен конзумеризам и напуштање на конформизмот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom