Изгоре Нотр Дам во Париз

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Jedah, 15 април 2019 во 21:10.

  1. Jedah

    Jedah

    Член од:
    4 јануари 2008
    Мислења:
    1.376
    Допаѓања:
    1.716
    Огромен пожар избувна во најпознатата катедрала во Франција, Богородичната црква или попозната како Нотр Дам.
    Изгорена е целата внатрешност и досега е срушена главната купола.
    „Избувна пожар во Нотр Дам”, објави париската полиција на Твитер. „Избегнувајте го тој простор и ослободете го патот за возилата на противпожарната служба и Итната помош да можат да интервенираат“, се наведува во објавата на Твитер.

    [​IMG]

    Фотографиите и видеата на социјалните мрежи прикажуваат пламен и дебели облаци од чад во близина на нејзиниот врв, кој е опкружен со скелиња поради реновирањето на катедралата. Токму реновирањето се смета за една од можните причини за избувнувањето на пожарот.

    Градоначалничката на Париз Ан Идалго изјави дека противпожарните бригади се обидуваат да го стават под контрола огнот.

    „Ужасен пожар е во тек во катедралата Нотр Дам во Париз. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола огнот. На локално ниво сме мобилизирани и во постојан контакт со црковните власти. Барам сите да го почитуваат безбедносниот периметар”, напиша таа на Твитер.

    Околу 13 милиони посетители и верници ја посетуваат црквата годишно, или во просек околу 30.000 дневно. Во најфреквентните денови, над 50.000 луѓе дневно влегуваат во катедралата. Таа е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура.


    [​IMG]

    [​IMG]

    Штета.
     
    На Наќо Скопски, Mich0MKD и Нuкола им се допаѓа ова.
  2. Scirea

    Scirea Старата Дама

    Член од:
    4 август 2010
    Мислења:
    18.272
    Допаѓања:
    41.745
    :'(

    [​IMG]
     
    На F.E.A.R., Anon, Morgan Freeman и уште 6 други им се допаѓа ова.
  3. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    8.641
    Допаѓања:
    8.749
    највероватно тие работниците што работеле на скелињата го предизвикале пожарот, нешто како што зградана наша на евн се запали пред некоја година
     
    На The Wild Boy и Scirea им се допаѓа ова.
  4. Almeida

    Almeida гад

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    5.962
    Допаѓања:
    12.376
    Штета.

    Не као верски објект, туку чисто као човечки материјализиран талент за уметност, градење. Еден уникатен амбиент имаше, иако со многу туристи. Се сеќавам пред некои 10-тина години бев на неколку дена, баш некое вакво пролетно променливо време и ми е останато во убаво сеќавање. Готска архитектура, со високи сводови и изразити контрафори од надворешната страна. Ќе ја санираат сигурно, меѓутоа нема да биде автентично, што е жално. Ете, на Трескавец кога бев последен пат, во голема мерка се санирани конаците што изгореа пред неколку години, меѓутоа ја немаат таа патина што ја имаа старите.

    Париз е претворен у туристичко срање...има бааги африканци, арапи и остала багра...и францускава политика кон нас ми изазива дијареја, ама сепак, штета.
     
    На F.E.A.R., Gag, Stefan-kobe и уште 15 други им се допаѓа ова.
  5. Jedah

    Jedah

    Член од:
    4 јануари 2008
    Мислења:
    1.376
    Допаѓања:
    1.716
    Јбг. 750 години опстојала. Неколку граѓански војни. Две светски војни. Никој не се осудувал да ја чепне.
    Отишле 10 работници од Мароко, Украина, Полска, Пакистан....пиф паф пуф....

    Замина во неповрат

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На F.E.A.R., Gag, Васил МКД и уште 20 други им се допаѓа ова.
  6. Almeida

    Almeida гад

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    5.962
    Допаѓања:
    12.376
    Да.
    Витражите - таа техника мислам дека веќе мајстори што ја работат се ретки или исчезнати...
    Многу ме интересира дали се работи за санација или нешто како што се работите на Саграда Фамилиа во Барселона - „довршување“ на проектот на Антонио Гауди. Све мислам е ова второто.
     
  7. Jedah

    Jedah

    Член од:
    4 јануари 2008
    Мислења:
    1.376
    Допаѓања:
    1.716
    Ништо нема да се санира... Кај ќе санираш онакви ремек дела.... Па и да го направат мултинационален проект кај што повеќе земји би финансирале пак нема да се врати ни приближно во неговата оргинална форма.
     
    На Scirea, The Wild Boy и Ailurophile им се допаѓа ова.
  8. steyls

    steyls

    Член од:
    16 февруари 2019
    Мислења:
    7
    Допаѓања:
    2
    Штета , а преубав објект особено внатрешниот дел .
     
  9. Almeida

    Almeida гад

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    5.962
    Допаѓања:
    12.376
    Каменот ќе остане сигурно. Има методи да се исчисти.
    Сигурен сум дека ја имаат детално снимено. Знам дека у моментов изгледа неверојатно тоа, ама многу објекти се темелно реставрирани, посебно после Втора светска војна.
    https://en.wikipedia.org/wiki/Kaiser_Wilhelm_Memorial_Church Gedächtniskirche во Берлин намерно не е реставрирана во сеќавање на војната, на пример. Тука на што ќе се сеќаваат? На немарноста?
     
  10. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    8.641
    Допаѓања:
    8.749
    нема ништо што не е можно, само пари требаат
     
    На Morgan Freeman, bijons и The Wild Boy им се допаѓа ова.
  11. The Wild Boy

    The Wild Boy хах важии

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    768
    Допаѓања:
    246
    ајде ништо страшно, во ЕУ се, ќе се среди
    него,како у опште до пожар да дојде,нели вршат на тие работниците проверка што носат и како пред да работат,или слабо???
    и зошто оваа,и онаа у барселона (или кај и да беше),од кога сум жив,само гледам по слики уште скелиња стојат,којзнае колку време никако да ги завршат градежните активности... до толку ли е тешка оваа работа???
     
  12. Sasa Ilic

    Sasa Ilic

    Член од:
    24 август 2016
    Мислења:
    1.339
    Допаѓања:
    1.756
    Можда е и до инсталацијата проблемот, не вадете одма теории на заговор.
     
    На brnjomkd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gjoko-mkd

    gjoko-mkd

    Член од:
    8 јануари 2012
    Мислења:
    5.250
    Допаѓања:
    3.850
    На brnjomkd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Middle Distance Runner

    Middle Distance Runner

    Член од:
    11 јули 2008
    Мислења:
    3.524
    Допаѓања:
    1.432
    Искрено Се надевам дека сега барем малку французите сваќаат колку е болно кога некој или нешто преку ноќ како со гумиче ке ти избрише дел од историјата.
     
    На k0k014, The Wild Boy, F.E.A.R. и уште 10 други им се допаѓа ова.
  15. dragonsky

    dragonsky Hate leads to suffering

    Член од:
    25 декември 2010
    Мислења:
    34.671
    Допаѓања:
    67.591
    Во последниов месец 10+ цркви беа запалени во Франција.

    Времето ќе докаже дали случајов со Нотр Дам е намерен или не
     
    На The Wild Boy, F.E.A.R., Gag и уште 6 други им се допаѓа ова.

Сподели преку: