Вака сега, ај да разрешиме една гооолема дилема!
Законот за извршување, со кој се напушти системот на извршување преку судските извршители и со кој се воведоа приватните извршители, беше донесен во Собранието на РМ на 5 мај 2005 год. и истиот е објавен во „Сл. весник на РМ“ бр. 35/2005. Колку што можам да се сетам, во тоа време законодавната и извршната власт беше во раците на СДСМ како најголема политичка партија од македонскиот блок! Тогашниот претседател на РМ, Б. Црвенковски без никакво двоумење дека истиот може да биде на штета на граѓаните и може да предизвика големи трошоци за должниците, го потпиша указот за прогласување на законот и по 1 година истиот почна да се применува.
Согласно донесениот закон, Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите, со која беа определени енормно високи износи како надомест за извршителите во вид на награда, пишување налог, пишување заклучок и сл., беше донесена во декември 2005 год. од страна на тогашниот министер за правда Мери Младеновска - Ѓорѓиевска кадар на СДСМ. Зошто таа како министер, одредила толку високи износи кои што треба да ги добијат извршителите, а на оптоварување на граѓаните должници?
Потоа, подари притисокот од граѓаните и стручната јавност и поради дополнителното обременување на должниците со така високите парични износи кои требаше да отидат во џеповите на извршителите, тарифата беше 2 пати менувана: еднаш во декември 2006 год. од страна на Комората на извршители на РМ, по претходна согласност на министерот за правда Михајло Маневски при што износите како надомест за извршителите во вид на награда, пишување налог, пишување заклучок и сл. беа скоро двојно намалени од износите предвидени во претходната тарифа и вторпат во јануари 2011 год. од страна на тогашниот министер за правда Михајло Маневски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кога по втор пат се изврши намалување на износите што ги наплатува извршителот за своите превземени дејствија (награда, пишување налог, пишување заклучок и сл.).
Потребно е само да се споредат 3-те тарифи, па многу лесно ќе се дојде до заклучокот во чие време извршителите повеќе се полнеле со пари.
Инаку, лично сметам дека извршувањето преку судските извршители треба повторно да се врати, само поради тоа што во тој случај трошоците за извршување коишто треба да ги плати должникот, ќе бидат многу помали. Се' што треба (требаше) да се направи е да се вработи (вработеше) соодветен стручен кадар како судски извршители.
Сосема друго е прашањето на главни долгови, камати и сл. со Комуналец, Македонски Телеком и сл.!