Извршителите тропаат на врата за сметки стари и по 15 години

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
Член од
3 октомври 2014
Мислења
29
Поени од реакции
15
Нема живот тука, бегам во туѓина, фрлам камен и не се враќам веќе
 
Член од
3 октомври 2014
Мислења
29
Поени од реакции
15
Па иди си. Не заболе.
Да бе Ќељав, јасно ми е дека ве заболе, и за мене и за сите, затоа после наталитетот се намалувал, многу луѓе се отселувале...да те боли и тебе како што ме боли мене ќе бевме здружени, ама себичноста е неизлечива, затоа си патиме, дури иако некои не сакаат да си признаат....
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.540
Интересна статија во Дневник..
Извршители заработуваат над 10 милиони евра годишно
Пресметките што ги правеше „Дневник“ покажуваат дека во просек годишно околу 98 извршители во земјава наплаќаат околу 120 милиони евра и заработуваат вкупно над 10 милиони евра годишно. Така математиката за лани покажа дека 98 извршители наплатиле вкупно 127 милиони евра и имале вкупна заработувачка околу 11,6 милиони евра. Гласините дека има извршители на чии сметки се слеваат и по 2 милиони евра годишно, Станковиќ ги отфрла како неточни и тврди дека тие не се нивни пари туку таму има пари и на доверителите.

-Ви гарантирам дека не е точно. Точно е дека извршител има наплатено, на пример 6 милиони евра и тие може да бидат на негова сметка, но тоа не се негови пари туку на доверителите. Правевме некоја статистика која покажа дека 50 отсто од вкупно 98 извршители кои ги има во земјава имаат околу 3.000 евра просечна месечна бруто заработувачка, но од таа сума се исплаќаат трошоци за канцеларија, вработени, членарини. Имаме 5-6 извршители кои се под овој просек, а останатите се распоредени по групи. Оваа година има група од 8 извршители кои за годинава ќе заработат над 100.000 евра. Се очекува мал пад во наплатата за годинава но во рамките на тие околу 125 милиони евра годишно- вели извршителот.

И нотарите признаваат дека нотарската професија овозможува пристоен приход, далеку над просечниот приход на македонски граѓанин.

-Во однос на доходовноста на нотарската служба лично немам увид во приходите на нотарите, но знам дека во голема мерка зависи и од географската и микролокациската положба на нотарската канцеларија, како и од стручноста и љубезноста на секој нотар. Во секој случај професијата овозможува пристоен приход, особено ако се спореди со просечниот приход на македонскиот граѓанин – вели Николовски.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=866243B680A4FD459ECFE973F550FA56
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Извршителите само спроведуваат судска одлука,така да целиот проблем е во судството.Од друга страна пак премногу пари на име трошоци и награди им е дадено и тоа треба да им се скрати со закон или некој правен инструмент.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.187
Нема живот тука, бегам во туѓина, фрлам камен и не се враќам веќе
Бар земи некој кредит,пред да заминеш,и после нека те бараат.За таква држава,само така треба.Вистинските криминалци кои ја оштетија за милионски суми слободно шетаат,ниту денар можат да им земат,они писнаа на сиромаштијата,од устата залакот ќе ни го земат.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.644
Поени од реакции
893
За колку време застаруваат паричните побарување за комунални услуги за фирми и дали воопшто застаруваат ? За физички лица е една година, али ме буни дали истото важи и за правни лица ?
 
Член од
24 февруари 2013
Мислења
412
Поени од реакции
220
За колку време застаруваат паричните побарување за комунални услуги за фирми и дали воопшто застаруваат ? За физички лица е една година, али ме буни дали истото важи и за правни лица ?
Член 363 став 1 од ЗОО: „Меѓусебните побарувања на договорните страни од договорите во прометот на стоки и услуги, како и побарувањата на надомест за издатоци направени во врска со тие договори, застаруваат за три години.“
Кратко и јасно: Рокот за застареност за правни лица (фирми) е 3 години.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.143
Поени од реакции
8.523
Член 363 став 1 од ЗОО: „Меѓусебните побарувања на договорните страни од договорите во прометот на стоки и услуги, како и побарувањата на надомест за издатоци направени во врска со тие договори, застаруваат за три години.“
Кратко и јасно: Рокот за застареност за правни лица (фирми) е 3 години.
Повторно се враќаме на стариот муабет.
Треба отворено да се каже - во Македонија нема спас и заштита за должникот
Ова што ти го велиш се однесува на застареност на правото на доверителот да побара присилна наплата на долгот - односно да тужи

Општо правило
Член 349
(1) Со застареност престанува правото да се бара присилно
исполнување на обврската.
(2) Застареноста настапува кога ќе истече определеното време со
закон во кое доверителот можел да бара исполнување на обврската.
(3) Судот не може да ја земе предвид застареноста ако должникот не се повикал на неа.

Овој рок е од една до 5 години за разни случаји
Но кога ќе побара, настанува застој на застарувањето се додека не се донесе правосилна пресуда.

Од кога судот ќе донесе правосилна пресуда почнува да тече рокот во кој доверителот може да бара присилно извршување на пресудата,

Член 368
(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука
или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок на застареност.
(2) Меѓутоа, сите повремени побарувања што произлегуваат од такви одлуки или порамнувања и стасуваат во иднина, застаруваат во рокот предвиден за застареноста на повремените побарувања

Значи по донесување на пресудата доверителот сега тужителот има рок од 10 години да бара присилно извршување на пресудата
А кога ќе побара пак настанува застој на застарувањето

Или едноставно кажано - за најголем број кривични дела, кражби, разбојништва и др. после одреден временски период криминалецот не може да се гони поради застареност, но за долг кон ЕВН, Топлификација нема застареност. Затоа за долг од 200 денари по 20 години Топлификација наплатува на пример 20 илјади денари

Ова е наш македонски специјалитет - а кој го донесе не знам
 
Член од
12 март 2009
Мислења
12.127
Поени од реакции
6.087
се слагам со ова, ама во Македонија нема спас и за доверителот или воопшто оштетениот; всушност релативно е, зависи од МВР. Некогаш се покренуваат кривични пријави, некогаш и за физичка кражба оштетениот се упатува на граѓанска постапка. И за жал не само кај нас, еве пратам исто е и во ех-ју, па и во ЕУ
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
559
Поени од реакции
30
Член 368 од Законот за облигациони односи гласи вака:
Член 368
(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука
или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или
пред друг надлежен орган, застаруваат за десет години, па и оние за кои
законот инаку предвидува пократок рок на застареност.
(2) Меѓутоа, сите повремени побарувања што произлегуваат од такви
одлуки или порамнувања и стасуваат во иднина, застаруваат во рокот
предвиден за застареноста на повремените побарувања.

Што значи по донесување на правосилна пресуда, на доверителот му е даден рок од 10 години да поднесе барање пресудата присилно да се изврши
И тој може да бира, дали веднаш ќе поднесе такво барање или последниот ден од овој рок ( 10 години )
Дали може некој да го појасни ставот 2 од овој член, со некој реален пример? Според членот 361 од ЗОО, преку узвршител неможе да се наплати камата на главен долг, ако барањето е поднесено после 3 години од правосилноста на извршната исправа.

Дали ова се однесува и на сметките, бидејќи и тие спаѓаат во категорија повремени побарувања?
 
Член од
4 мај 2010
Мислења
17
Поени од реакции
2
Денес ми се јавија од некое си застапништво за наплата ,наводно заостанат долг за фиксен телефон од 2001 година за два месеци, (а бројот е сменет),значи за стариот број .Е сега сметката прво се води на починато лице,второ ниту сум добила некоја тужба,известување ништо. Се јавувам во контакт-центар за наплата ,тие ми велат да контактирам некојси извршител.... ,дали предметот се наоѓа кај него ,и ако е да си ја платам сметката и трошоците за извршителот ,имале кампања без камати да се платела сметката.Дома се проверив и како за беља тие две сметки не можев да ги најдам.
Моето прашање е што понатаму,дали да поднесам тужба за застарена сметка ,зошто 14 години се поминати????
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.143
Поени од реакции
8.523
Денес ми се јавија од некое си застапништво за наплата ,наводно заостанат долг за фиксен телефон од 2001 година за два месеци, (а бројот е сменет),значи за стариот број .Е сега сметката прво се води на починато лице,второ ниту сум добила некоја тужба,известување ништо. Се јавувам во контакт-центар за наплата ,тие ми велат да контактирам некојси извршител.... ,дали предметот се наоѓа кај него ,и ако е да си ја платам сметката и трошоците за извршителот ,имале кампања без камати да се платела сметката.Дома се проверив и како за беља тие две сметки не можев да ги најдам.
Моето прашање е што понатаму,дали да поднесам тужба за застарена сметка ,зошто 14 години се поминати????
Според мене ...
Ако е сметката е на починато лице - нека наплатат од него
Ништо не плаќај и не превземај, ако се појави нотар кажи дека лицето е починато. Веројатно ќе те заплашуваат ти да платиш, но не плаќај
 
Член од
23 октомври 2014
Мислења
84
Поени од реакции
38
Акo мoже мaлa пoмoш, зa стoрен сooбрaќaен прекршoк изреченa ми е пресудa, зa истaтa не ми дoстaвенa пoкaнa зa нa суд, случaјoт е дaден нa извршител и ми е блoкирaнa сметкaтa, дoлгoт е oтприликa 22000 денaри, мoментaлнo сум неврaбoтен пa сaкaм дa ве прaшaм штo мoже дa се случи дoкoлку не гo плaтaм дoлдoг?
Фaлa
 
На врв Bottom