Извршителите тропаат на врата за сметки стари и по 15 години

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Правните и физичките лица и должеле на државата по основ на даноци околу 300м денари а никаде не кажуваат колку државата должи
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
КОМУНАЛЕЦ "ЗЕЛЕНИКОВО" ЌЕ ГИ ТУЖИ ЖИТЕЛИТЕ ЗА НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ

Должат 450.000 евра за вода

Граѓаните што ќе ги платат сметките најдоцна до крајот на овој месец, ќе бидат ослободени од камата

Комуналното претпријатие"Зелениково" ќе ги тужи граѓаните и фирмите кои нема да ги платат заостанатите сметки најдоцна до крајот на овој месец. Досега долгот кон претпријатието изнесува 450.000 евра. Од нив, 12 милиони денари се за неплатени сметки, додека 16 милиони денари за украдена вода за четири години.
Јованче Димовски, директор на комуналното претпријатие"Зелениково", вели дека граѓаните што ќе ги платат сметките во предвидениот рок, ќе бидат ослободени од камата.
"Во спротивно, ќе мора да поднесеме кривични пријави. Досега апелиравме и чекавме да платат, но бидејќи многу малку од граѓаните си ги намирија сметките, мора да им дадеме последен рок за да се раздолжат. Немаме друг избор, бидејќи поради направениот долг, и нашето претпријатие му должи на градскиот 'Водовод'", вели Димовски.



Тој најави дека по 30 јуни, нивните вработени, заедно со комунални екипи, ќе направат контрола во сите дворови во Зелениково, со цел да ги откријат дивите приклучоци.
Димовски нагласи дека и покрај многуте должници, претпријатието ниту еднаш не ги оставило без вода.
"Нашиот долг кон ЈП 'Водовод и канализација' изнесува 18 милиони денари, но ние направивме договор со кој се обврзавме да му даваме пари на рати. Редовно ги плаќаме и досега не се случило жителите да останат без вода ниту еден ден", рече Димовски.
(М.Ѓ.)


извор: Вест
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Ееееееее кога викам работете со кеш,вие не сакате викате дека не можете online да купувате и плаќате.
Не ме заебавај.

Буџетот мора да се полни за да се даваат субвенции, па имаме вакви драконски казни.

Сфаќам јас оти треба да постојат институции ко извршители, ама да биде така монополистички спроведена институција ко шо е сега, и да земаат и по 60.000 за да одблокираат сметки, тоа го нема нигде.

Ама па, феудален социјализам имаме, си баравме, си добивме.
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.836
Поени од реакции
2.104
Дали доколку исплаќам кредит за кого месечната рата ми е 1/3 од платата, извршител може да ми ја блокира сметката и да ми наплати од останатиот дел од платата. Доколку не може која е процедурата за да го наплати долгот и дали доколку се чека да го исплатам кредитот па он да ја наплати сумата која ја должам може да се зголеми.
П.С. Немам ништо на мое име
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.085
Дали за вакви долгови да кажеме за вода или радиодифузна се пресметува камата и по која каматна стапка? И зошто радиодифузна како јавна фиксна давачка се наплатува месечно, а не годишно? Ако се земат предвид провизиите излегува дека овој износ на годишно ниво ќе се натплати за скоро уште едномесечна давачка.
 
Последно уредено:
G

Gjoksi

Гостин
Дали за вакви долгови да кажеме за вода или радиодифузна се пресметува камата и по која каматна стапка? И зошто радиодифузна како јавна фиксна давачка се наплатува месечно, а не годишно? Ако се земат предвид провизиите излегува дека овој износ на годишно ниво ќе се натплати за скоро уште едномесечна давачка.
За водa, камата се пресметува согласно Законот за облигационите односи: од доспеаноста на секоја поединечна месечна сметка сметано од 15-ти во месецот за предходниот месец (односно рокот до кога треба да се плати сметката за вода), во висина на референтна стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му предходело на тековното полугодие, зголемена за 8 процентни поени до исплатата. Народски кажано, каматата излева некаде околу 15% на годишно ниво, а точниот износ може да го пресмета секоја банка и при тоа изготвува каматна листа.
За радиодифузна такса, камата се пресметува согласно Законот за даночна постапка: во висина од 0,03% за секој ден задоцнување.
Во однос на тоа зошто таксата е месечна давачка, наместо да биде годишна давачка, што да кажам, таков е законот, таков го предложиле, таков собранието го изгласал. Инаку, законот ти дозволува предвреме да платиш неколку месечни сметки за радиодифузна такса, па и за цела календарска година можиш предвреме да платиш.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.836
Поени од реакции
2.104
Дали доколку исплаќам кредит за кого месечната рата ми е 1/3 од платата, извршител може да ми ја блокира сметката и да ми наплати од останатиот дел од платата. Доколку не може која е процедурата за да го наплати долгот и дали доколку се чека да го исплатам кредитот па он да ја наплати сумата која ја должам може да се зголеми.
П.С. Немам ништо на мое име
Некој?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
ko sto nie cekame da ni platat i oni ke cekaat ako ne cekaat i nie nema da cekame ako niv ne gi interesira i nas nema da ne interesira posto nie ne sme stoka i ovci tuku sinovi na alexandar i jordan piperkata koj ne ebel ziva sila sve gi pukal
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Имаме ние пари за плаќање,не знам што се уплашил народот :)
 
G

Gjoksi

Гостин
Гласај те ги пак
Вака сега, ај да разрешиме една гооолема дилема!
Законот за извршување, со кој се напушти системот на извршување преку судските извршители и со кој се воведоа приватните извршители, беше донесен во Собранието на РМ на 5 мај 2005 год. и истиот е објавен во „Сл. весник на РМ“ бр. 35/2005. Колку што можам да се сетам, во тоа време законодавната и извршната власт беше во раците на СДСМ како најголема политичка партија од македонскиот блок! Тогашниот претседател на РМ, Б. Црвенковски без никакво двоумење дека истиот може да биде на штета на граѓаните и може да предизвика големи трошоци за должниците, го потпиша указот за прогласување на законот и по 1 година истиот почна да се применува.
Согласно донесениот закон, Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите, со која беа определени енормно високи износи како надомест за извршителите во вид на награда, пишување налог, пишување заклучок и сл., беше донесена во декември 2005 год. од страна на тогашниот министер за правда Мери Младеновска - Ѓорѓиевска кадар на СДСМ. Зошто таа како министер, одредила толку високи износи кои што треба да ги добијат извршителите, а на оптоварување на граѓаните должници?
Потоа, подари притисокот од граѓаните и стручната јавност и поради дополнителното обременување на должниците со така високите парични износи кои требаше да отидат во џеповите на извршителите, тарифата беше 2 пати менувана: еднаш во декември 2006 год. од страна на Комората на извршители на РМ, по претходна согласност на министерот за правда Михајло Маневски при што износите како надомест за извршителите во вид на награда, пишување налог, пишување заклучок и сл. беа скоро двојно намалени од износите предвидени во претходната тарифа и вторпат во јануари 2011 год. од страна на тогашниот министер за правда Михајло Маневски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кога по втор пат се изврши намалување на износите што ги наплатува извршителот за своите превземени дејствија (награда, пишување налог, пишување заклучок и сл.).
Потребно е само да се споредат 3-те тарифи, па многу лесно ќе се дојде до заклучокот во чие време извршителите повеќе се полнеле со пари.
Инаку, лично сметам дека извршувањето преку судските извршители треба повторно да се врати, само поради тоа што во тој случај трошоците за извршување коишто треба да ги плати должникот, ќе бидат многу помали. Се' што треба (требаше) да се направи е да се вработи (вработеше) соодветен стручен кадар како судски извршители.
Сосема друго е прашањето на главни долгови, камати и сл. со Комуналец, Македонски Телеком и сл.!
 
Последно уредено:
G

Gjoksi

Гостин
Се извинувам, направив грешка во претходниот текст. Имено, со тарифата донесе во декември 2006 год. од страна на Комората на извршители на РМ, само некои износи како надомест за работата на извршителите беа намалени, додека пак со тарифата донесена во јануари 2011 год. сите износи од тарифата предвидени како надомест за работата на извршителите беа скоро двојно намалени. Грешка во пишувањето!

Инаку, еве ќе ја прикачам Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите, објавена во „Сл. весник на РМ“ бр. 9/2011 (тоа е последната донесена тарифа и правно важечка), за не дај боже ако некому му затреба да знае за кои извршни дејствија и колкав паричен износ му следува на извршителот.
 

Attachments

Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom