Извршителите тропаат на врата за сметки стари и по 15 години

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
прашањето е во врска со одбивање од плата, работникот тврди дека му се одбиен 2 пати рати за извршителот но не се префрлени на сметка на извршителот ???
http://duma.mk/veles/10742-2014-05-17-15-20-06

ова е веројатно онаа шема одбивање до 1/3 од плата, инаку мислам извршителот нема ништо со фирмата директно од сметка зема ??
Дали има за ова работа, ако е вистина , инспекција која интервенира во фирмата ?? Мислам дека се знае што е бруто плата и што е нето плата...
Имам пишано дека тие пари се мртви односно не може имателот на сметката ни извршителот да ги користи додека имателот на сметката не отиде кај извршителот и му потпише документ да му се запира 1/3 од плата.
Нема право по ниеден основ да зема пари од сметката.
Сега на 20 сме на суд тужиме еден извршител бидејќи пред целосно да се врати долгот си присвоил награда од 2-3 рати за наплатата што била наменети за тие што ги застапувал.
Работа со кеш на сметка колку за трошоци а извршителите нека наплаќаат од сусамот
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Извршителите, компаниите и нотарите немилосрдни - за долг од 10 денари ви отиде половина покуќнина

Кога ќе ве стигне сметка стара 20 години - повеќе од сигурно ќе банкротирате!

До каде одат комуналните претпријатија кои ангажирајќи извршители сакаат да го соберат и последниот денар што им го должат граѓаните, па макар и по 10 и повеќе години. Само скопска Топлификација", која опстојува од наплата на старите долгови, годинава испорача 15.000 налози за присилна наплата, некои стари и 20 година ПН: Извршителите велат дека добиваат налози за наплата на стари долгови и од 48 денари, а ваквите минимални сметки испорачани преку извршител, кој е последната инстанца во наплатата, денес достигнуваат и до 100 евра, зашто во нив се собрани камати за многу години, судски, нотарски, извршителски, адвокатски и други трошоци

Светлана ВУКЧЕВИЌ

Скопска Топлификација" не запира и најавува нов поход на извршителите, откако од почетокот на годинава шокираше 15.000 семејства со присилна наплата на стари сметки. Од оваа компанија, која веќе една и пол година нема стопанска дејност, туку работи само на наплата на старите долгови, информираат дека до извршителите доставуваат нови налози и тоа ќе го прават се додека не ги соберат парите што им ги должат граѓаните.
Драган Макенаџиев, портпарол на Топлификација", не открива колку граѓани им должат и колкава е вкупната сума, но вели дека преку извршители се наплатуваат сметки од 500 до 50.000 денари, од кои некои датираат и од деведесеттите години на минатиот век. Извршителите, пак, информираат дека добиваат налози за наплата на стари долгови и од 48 денари и тоа не само од Топлификација", туку и од другите комунални претпријатија. Ваквите минимални сметки испорачани преку извршител, кој е последната инстанца во наплатата, денес достигнуваат и до 100 евра, зашто во нив се собрани камати за многу години, судски, нотарски, извршителски, адвокатски и други трошоци. На скопјанка која пред неколку години го подмирила долгот од десетина илјади денари кон Топлификација" неодамна и била блокирана трансакциската сметка зашто тогаш заборавиле да и наплатат камата од педесетина денари. Сега тој долг пораснал на неколку илјади денари и плус на банката треба да и плати уште 1.200 денари за да и ја одблокира сметката.
ВЕЧЕР неодамна пишуваше за случајот на пензионерот Коле, кој за неколку неплатени сметки и камати за парно греење од вкупно 27.000 денари за периодот од 1999 година досега од извршител добил барање да плати 200.000 денари. Друг скопјанец за неплатена камата од 487 денари на Топлификација" од пред седум години, за што не бил информиран, неодамна се соочил со блокирана сметка и речиси 13 пати поголем долг од стотина евра.
Зошто старите долгови стигнуваат со задоцнување од пет, 10, па и 20 години, при што неколкукратно се зголемуваат е прашањето кое револтираните граѓани упорно го поставуваат, но нема кој да им го одговори. Според нашата регулатива, долгот за комуналии тужен во рок од една година откако стигнал за наплата не застарува, а ова правило го почитувале сите комунални претпријатија кои денес за наплата ангажираат извршители. Од Топлификација" вчера не добивме одговор зошто сега испорачуваат налози за наплата на кои печатот за извршност е ставен пред 10 или 20 години. Од одговорност се амнестираат и судовите во кои ваквите предмети стоеле со години, а пред три години се префрлени кај нотарите и извршителите за наплата. Извршителите, пак, велат дека само си ја вршат својата работа и се обидуваат во најкус можен рок да ја завршат, притоа секојдневно се соочуваат со оправданиот гнев на граѓаните. Граѓаните, пак, се ставени пред свршен чин и мораат кога-тогаш да платат, зашто како должници немаат заштита од законите, иако не се виновни што некој се сетил дека му должат дури по неколку децении.
- Во секоја сметка што ја добиваа корисниците на нашите услуги можеа да видат колку ни должат. Но, по тужењето веќе не ги информиравме за долгот - вели Макенаџиев, кој нема објаснување за ваквото постапување, кое резултира со задоцнета наплата и многупати зголемен долг.
Со своите 15.000 дистрибуирани решенија во моментов е актуелна Топлификација", но извршителите информираат дека се преплавени со стотици илјади стари извршни решенија за присилна наплата на сметки за вода, струја, телефон, за долгови кон банките и слично.
- Имаме налози и за наплата на долгови од 27 и 44 денари. Комуналните претпријатија не се откажуваат од ваквите мали суми и веројатно, решени се да ги соберат сите долгови, зашто за стар долг од 40 денари денес треба да наплатат 8.900 денари, заедно со камати, адвокатски награди, надомест за пишување тужби, судски такси, извршителски трошоци и слично - ја објаснува апсурдната логика на комуналните претпријатија извршителот Антонио Коштанов.
Макенаџиев, пак, вели дека граѓаните кои мислеле дека се спасиле од долговите кон Топлификација" кога нејзиниот бизнис го презеде "Балкан енерџи груп" се измамиле. Тој информира дека за да им олеснат на граѓаните, им нудат сметките да ги платат на 24 рати, при што една не треба да биде пониска од 3.000 денари. Во тој случај законската казнена камата се наплатува до склучувањето на договорот, а потоа престанува да тече. Ако долгот се плати во целина, тогаш се пресметува таканаречена договорена камата, односно камата која "Топлификација" ја плаќала на банките кај кои се задолжувала за да ги плати своите долгови.
До каде одат комуналните претпријатија кои ангажирајќи извршители сакаат да го соберат и последниот денар што им го должат граѓаните, па макар и по 20 години, илустрација е случајот на Топлификација". Оваа компанија, исто така, им должи на граѓаните, а парите за набилданите сметки, кои ги призна, на дел од нив не им ги врати ни една и пол година откако престана да ги грее. Макенаџиев вели дека не се исплатени 2% од корисниците, правдајќи се дека дале погрешни трансакциски сметки, не се сопственици на станот и слично. Во моментов Топлификација" не работи ништо друго освен што ги наплатува долговите, а годинава оствари добивка од 533.869 евра, додека лани во првите три месеци таа изнесувала 108.016 евра.
Извршителите информираат дека со присилната наплата најмногу пари собираат од фирмите, а најмногу налози за наплата имаат од комуналните претпријатија како "ЕВН", телекомите, Топлификација", Водовод" и слично, кои се за сметки на граѓаните.

Кој краде, ќе си го јаде!

Кривична пријава од 10.000 евра за нелегално користење струја добил скопјанец за стан од 51 квадрат во центарот на Скопје. Без да биде известен или опоменат за ваквиот потег од енергетската компанија, тој тврдејќи дека не е виновен вели дека правдата ќе ја бара на суд. Ова е еден од многуте случаи на кои се жалат граѓаните во последно време од енергетските компании, банките и други јавни претпријатија. Вечер прашува како да се реши овој проблем кој станува се помасовен, како да се заштитат граѓаните, а во исто време компаниите да ги регулираат должничко-доверителските односи со корисниците

Скопјанец, кој живее во центарот на градот и сака да остане анонимен, се јави на отворената телефонска линија во редакцијата Вечер, и не информира дека му пристигнала кривична пријава за нелегално користење на струја за што треба да плати околу 10.000 евра. Тој тврди дека редовно ги плаќа сметките за струја и токму од овие причини е изненаден како се нашол во ваква незавидна ситуација.
-Јас сум редовен плаќач на сметките за струја и затоа се прашувам како е можно без било каква опомена да ми дојде вакво судско решение. Сепак, правдата ќе ја барам и затоа ќе ангажирам адвокат за да ми помогне да се реши оваа состојба во која се најдов без да знам за тоа - вели вознемирениот скопјанец, укажувајќи дека не сака да дозволи еден ден на врата да му тропнат извршители и да му земат се што стекнувал со години наназад.
Ова еден од многуте случаи на кои се жалат граѓаните во последно време. Добиваат платни налози и од адвокати и нотари и извршители дури и без да знаат дека се водат судски спорови за нив. Се отвора прашањето, како да се реши овој проблем. Како да се заштитат граѓаните, а во исто време компаниите да си ги регулираат должничко доверителските односи со корисниците.
Од ЕВН-Македонија ги прашавме за конкретниот случај за кој се пожали нашиот читател, дали често се случува да има вакви примери и како го решаваат проблемот кога ќе настане.
Од ЕВН-Македонија укажуваат дека многу подобро и покорисно би било ако за овој случај може да се зборува отворено и конкретно со име и презиме, шифра или адреса, бидејќи тогаш ќе се дојде до базата на податоци каде постои досие за секој корисник. Тоа значи дека ќе се утврди точно кој колку потрошил електрична енергија, колку платил и дали евентуално има неовластено користење на електричната енергија.
- Така точно би се знаело за што зборуваме, бидејќи не се поднесува кривична пријава без докази и целосно почитување на законската процедура. Вака зборуваме опуштено, но ако случајот на корисникот ни беше посочен со прецизирани податоци тогаш ќе го разгледавме детално - велат од ЕВН-Македонија.
Според нив, воопшто, незначајно е што корисникот плаќал за електрична енергија преку месечните фактури, затоа што тоа е само дел од реално потрошената енергија. Со кражба на струја корисникот го оневозможил броилото да ја мери реално севкупно потрошената енергија.
- Ваквите случувања во секојдневната пракса не се изолирани. ЕВН ги открива со зачестени и ненадејни контроли и затоа бесмислено е да се доставува опомена. Несериозно би било на корисникот да му доставиме опомена во која пишува, се извинуваме ама ние откривме дека вие крадете струја, па затоа ве опоменуваме - реагираат од енергетската компанија.
Тие потенцираат дека во сите случаи против корисникот се поведува постапка пред надлежниот суд.
- Судот ја одмерува паричната казна или мандатна и доколку корисникот не ја плати се дава на извршување - велат од ЕВН-Македонија и посочуваат дека доколку корисникот има свои докази може да ги изнесе пред судот и со тоа да докаже дека неосновано е обвинет.
(В.Ма.)

Чувајте ги сметките за струја... најмалку 10 години

Сметките за струја, парно, вода ... не ги фрлајте, чувајте ги најмалку 10 години, вака им препорачуваат дел од нотарите на граѓаните во согласност со нивното секојдневно искуство. Истовремено, тие предупредуваат дека треба да имаат предвид дека неплатената сметка застарува само доколку во рок од една година не биде поведена постапка.
Овој податок ги збунува најголемиот број граѓани и затоа треба да се има предвид дека рокот на апсолутна застареност на сметките е десет години, но од правосилноста на решението.
Адвокатската пракса вели дека рокот за извршување е пократок и изнесува околу пет години, но тие сметаат дека граѓаните треба да знаат дека на застареност може да се надеваат само од моментот кога спорот ќе добие конечна разврска, а не од моментот кога е поднесена сметката.
Според Законот за извршување, судските извршители имаат право покрај недвижниот имот да ја запрат исплатата до третина од платата на физичко лице, а за должниците правни лица, пак, побарувањето им се симнува од трансакциската сметка.

За 114 денари долг, 16 илјади кај извршител

Скопјанец имал долг на картичка во една домашна банка во износ од 15.600 денари и во март минатата година отишол и уплатил 15.800 за да се раздолжи. Од банката му рекле дека се е во ред и тој си заминал. Неговата грешка и вина е што не побарал документ како потврда дека веќе не должи ништо. Точно една година подоцна на неговата врата пристига решение со кое тој треба да плати 16 илјади денари кај извршител за долг од 114 денари на картичката која мислел дека ја раздолжил.
Во документацијата тој забележал дека во истиот ден кога ја извршил уплатата, банката дополнително му пресметала камата и судски трошоци и на тој начин од плус 200 денари тој повторно се водел како должник.
- Во изводот од трансакциската сметка стоеше мојата уплата и под нив на истата дата судски трошоци и затезна камата. Зарем немаше да ги платам и тие 114 денари?, вели нашиот соговорник Ј.Д..
Нормално, никој од надлежните во банката не го информирале за тоа, па на скопјанецот единствено што му преостанува е да се договори со извршителот и некако да го плати новиот долг кон банката на рати.

Два пати допресметана камата на затворена картичка

Една од домашните банки со странски капитал, на скопјанец два пати му внел дополнително пресметана камата на веќе затворена картичка. Во двата случаи картичката му била блокирана за тој да биде принуден да плати. Меѓутоа платил само еднаш, бидејќи вториот пат се заканил со тужба, па од банката се откажале од долгот кој му го ставиле на товар.
-На картичката должев околу 26 илјади. Во септември 2009 година ги платив и намерно додадов уште 200 денари, за да нема шанси да се појави долг. Картичката ја затворив.
Три години подоцна не можев да ја подигнам платата бидејќи картичката беше блокирана, а сумата беше 2.800 денари. Кога прашав за каков долг станува збор ме известија дека е за картичката што ја затворив. Платив бидејќи итно ми требаа пари, вели нашиот соговорник.
Кон крајот на минатата година, тој побарал и добил извештај од Кредитното биро во кој бил наведен нов долг кон истата банка во износ од седум илјади денари.
- Сега отидов и чекав одговори. Ми рекоа дека тоа е допресметка на камата на картичката што ја затворив во 2009 година. Допресметка во 2013 година. Тоа значи дека кога сакаат ќе ми допресметуваат? Им се заканив со тужба и нормално фатив врски, па се откажаа од долгот, објаснува тој.

15 илјади денари за долг од ракав

Скопјанец се префрлил на друг фиксен оператор и по 5 години добил налог на наплата на 15 илјади денари од извршител. Долгот бил 1.200 денари за две месечни претплати кон претходниот оператор за фиксна телефонија.
Се би било во ред доколку клучниот услов за менување на оператор е да не постои никаков долг, односно сите сметки да се платени. Така нејасно е како тој успеал да се префрли и да должи истовремено.
Уште посимптоматично е што за неговиот случај имало и судски процес во скопска двојка, а тој не ни знаел за тоа.
- Ми пристигна известување дека извршител ми побарува 15.600 денари. Отидов кај него во канцеларија и ме извести дека сум должел две месечни претплати за фиксна телефонија во висина од 1.200 денари. Долгот е стар 5 години. Единствен проблем е што јас 5 години не сум корисник на тој оператор, се префрлив на друг, а клучниот услов беше сите сметки да се платени. Како тогаш јас се префрлив? Уште пострашно е што имало и судски процес, за кој јас не знам, а во судската архива стои дека сум уредно повикан и дека сум ја примил поканата, објаснува тој.
На крајот тој бил принуден и си го платил долгот на четири рати.

Колку земаат извршителите

Лани извршителите наплатиле близу 127 милиони евра од фирмите и граѓаните. Според ланското издание на Дуинг бизнис извршните трошоци во Македонија се најмали во регионот, но и најмали во однос на другите во постапката. Ако вкупните трошоци во постапката изнесуваат 31,1%, за адвокатите се 18,6, на судовите отпаѓаат 6,9%, додека за извршни трошоци се 5,6%. Во Србија, на пример, извршните трошоци се највисоки во регионот и надминуваат 12%.

Како сметките стигнуваат до извршителите

Од пред три години граѓаните се соочија со инвазија на извршители, кои од судовите ја преземаа нереализираната наплата на долгови и од минатиот век. Според новите правила, судовите веќе не решаваат за застарените сметки, туку тоа е должност на нотарите. За да дојде до извршител, комуналното претпријатие сметката што не може да ја наплати најдоцна во рок од една година треба да ја достави до нотар. Нотарот го известува должникот, а ако тој не плати во одредениот рок, и става печат на правосилност, па ја предава до извршител кој се обидува да ја наплати во најкус можен рок. На суд се оди само ако должникот го обжали решението на нотарот. Цехот што на крајот треба да го плати должникот, освен главниот долг и каматите, ги содржи и наградите за нотарот и извршителот, како и сите трошоци што тие ги направиле до наплатата.

Извор: http://www.vecer.mk/?ItemID=FE73CB54457B7E4F87C8432582A0C16F

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ееееееее кога викам работете со кеш,вие не сакате викате дека не можете online да купувате и плаќате.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Поранешниот министер за Труд и Социјала на еден човек му има одговорено во писмо дека не смее да му се запираат парите што ги добива за Нега од трето лице, и уште не му е одблокирана сметката. Значи министерот е помал од извршителот...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
267
Поени од реакции
82
Едно прашање до стручно упатените, дали извршителите имаат пристап до штедните сметки или само до трансакциските?

Конкретно, дали ако на трансакциската сметка имам 0 денари, а на штедната книшка имам X денари може да ја извршат наплатата.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Едно прашање до стручно упатените, дали извршителите имаат пристап до штедните сметки или само до трансакциските?

Конкретно, дали ако на трансакциската сметка имам 0 денари, а на штедната книшка имам X денари може да ја извршат наплатата.
Не... само трансакциска.
 
G

Gjoksi

Гостин

Да, извршителот може да ја изврши наплатата и врз штедниот влог (штедната книшка) во банка или штедилница, сепак и тоа се парични средства![DOUBLEPOST=1401922384][/DOUBLEPOST]
Не... само трансакциска.
Прочитај си ги поубаво член 109 од Законот за извршување и Образец бр. 25 од Правилникот за формата и содржината на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки и другите акти кои ги изготвува извршителот при преземање на извршните дејствија.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.239
Поени од реакции
78.860
Да, извршителот може да ја изврши наплатата и врз штедниот влог (штедната книшка) во банка или штедилница, сепак и тоа се парични средства!.
А дали може да ја изврши наплатата и врз средства кои не се на книшка со име на тој што треба да плати, туку од книшка со друг сопственик, а на која, тој што треба да плати е само овластен (да може да вади пари).
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Прилепчанец легна на сред улица сакајќи да се самоубие - му ја блокирале пензијата!!!

72-годишниот Јордан Настески од прилепското село Галичани, денес напладне го сврте вниманието на случајните минувачи и учесниците во сообраќајот, со потегот, во знак на револт да легне на сред улицата Прилепски бранители, веднаш наспроти Зградата на Општина Прилеп. Настески со солзи во очите ја раскажуваше својата приказна и мотивите да се реши на овој несекојдневен потег:

Овие скапаниве од УЈП од кај знам зошто ми ја блокирале пензијата. Никаде борч немам. Данок за тутун од некогаш, од пред неколку години, блокирана ми е на 5.000 денари. Пензионер сум од Галичани. Усташка ова држава е. Ова е проклетија. Не грциве ќе си играле, не албанциве, сите!!! Седум души сум море чоек дома. Гревојте не ни се гледаат. Јас ова досега не сум го доживеал. Ти ја блокираа пензијата - Да ми ја блокираа, море чоек. Не знаете каква тортура врши на сиромаштијата. А за гласање-ајдеее. Пет души одевме од дома.

Настески кој бил вработен во Жито Прилеп се пожали на условите во кои егзистира неговото семејство и побара помош, затоа што како што се жалеше со солзи во очите 7-членото негово семејство, егзистирало само од неговата пензија од 10-тина илјади денари.

http://10bez10.com/vesti/hronika/19-vesti/hronika/2626-prilepchanec-legna-na-sred-ulica-sakajkji-da-se-samoubie-mu-ja-blokirale-penzijata#photo
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
349
Поени од реакции
181

Vistinita surova realnost sto zema se pogolem zamav, no ne e samo vo MK veruvajte,
 
Ова е провокација од опозицијата, која не и мисли добро на Македонија.
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Дедево бар на вистински начин го изрази својот револт од овие вампири кој им пијат крвта на народот, за жал имаме одгромна маса на народ кои ја снашла иста мака, кои освен што ке се јават во некоји емисии од типот на јади корка леб, чао Македонијо, молкот на народот и др, и ќе се исповедаат не презеле ништо.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.727

a što da pravi doveritel koj e ošpteten a nemože ništo da si povrati ??
... okolu izvršuvanjeto edino što možebi treba e so ZAKON da se zadolžat site davateli na uslugi so januarska smetka da davaat pregled na site smetki od godinata, pa građanite po edna godina samo taa smetka da ja čuvaat...
A treba i voveduvanje krivična odgovornost ili barem debeli obeštetuvanja za građanite koga nekoj će se obide 2x da naplati... ovaka samo si poravat biznisi i advokatite i izvršitelite ..
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Мислам дека такво нешто не помага
Во други земји има застарување на сметките за комуналии. На пример ако сметката, од било кои причини, не се наплати за 3 или 5 години таа застарува
Има ограничување на вкупната камата која може да се наплати. И кај нас до пред некоја година имаше, кога камата ќе стане колку долгот ( 100%) - повеќе не се пресметува камата. Во Стариот Рим вкупната камата можела да биде 1/8 - 12,5%
Но кај нас политичариве не мислат на народот туку на свои лични интереси. Затоа Топлификација за долг од 1000 денари, наплатува 30 илјади денари
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
a što da pravi doveritel koj e ošpteten a nemože ništo da si povrati ??
... okolu izvršuvanjeto edino što možebi treba e so ZAKON da se zadolžat site davateli na uslugi so januarska smetka da davaat pregled na site smetki od godinata, pa građanite po edna godina samo taa smetka da ja čuvaat...
A treba i voveduvanje krivična odgovornost ili barem debeli obeštetuvanja za građanite koga nekoj će se obide 2x da naplati... ovaka samo si poravat biznisi i advokatite i izvršitelite ..
Треба закон па да одговараат ако 1/3 од платата наменета за подмирување на долгот самоволно си ја присвојат како награда а долгот да го пријават дека снемало средства од каде да се наплаќа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom