Избор за песна за Евровизија 2010

Статус
Затворена за нови мислења.

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Да да, Влатко не прави тезги, исклучиво на вип парти пее. Деген.
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
кога ли ќе научиме каква песна треба да се прати на евровизија :tapp:
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
даj не квичете толку, баш е добра песнава на Ѓоко со оглед на тоа какви песни имаше на овогодинешниов избор.. само напред Ѓоле! :)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Според мене ако двајца имаат исти бодови тогаш предност треба да се даде на фласовите од публиката.

Сепак правилото дека жирито е приоритетно не е од оваа година, туку така беше и минатите години. Така што кога се пријавуваа пејачите знаеја како ќе биде. така што не гледам причина зошто сега плаче Влатко. Ако не му чинеа правилата не мораше да се пријавува воопшто.

На крајот на краиштата гласаат само другари/ки и попалени малолетнички, плус уште некој мал процент онака што има мерак да гласа.
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
а бе јас сега приметувам дека Ѓоко уствари има многу шабанско вибрато на гласот:pos2: ајјј и песната е турлитава поп пејач+рапер +рок гитарско соло+галама гола вода у аранжман=бурулеска
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Гласовите за Есмас бенд отидоа кај Ѓоко Танески?!

Тој со песната „Јас ја имам силата“ имаше изедначен број поени со Влатко Илиевски, но ја имаше наклонетоста на жирито за да добие виза во мај да отпатува на Евровизија во Осло


Популарниот поп-пејач и еден од најдобрите македонски машки вокали во моментов, Ѓоко Танески, на 25 мај ќе ја претставува Македонија во Осло, на 55-то издание на Евровизија.
Тој со песната „Јас ја имам силата“ во саботата вечерта триумфира на националниот Избор за песна на Евровизија, „Скопје 2010“, кој се одржа во Универзална сала во Скопје.
Песната е авторско дело на Кристијан Габроски, на кого во аранжманот му помогна Дарко Тасев.
Ѓоко Танески на сцената настапи со раперот Били Ѕвер и со еден од најдобрите млади македонски гитаристи Дамјан Пејчиноски.
Во драматичното финале на националниот Евросонг, Ѓоко Танески собра вкупно 22 поени - 12 од стручното жири и 10 од публиката (5.005 гласови), колку што собра и второпласираниот Влатко Илиевски (10 од жирито и 12 од публиката - 7.877 поени), кој настапи со темата „Среќа“. Сепак, според правилата на МРТВ, во ситуација со изедначени поени, победник е оној што имаше повеќе поени од стручното жири.
Тоа не и се допадна на публиката во салата, затоа што многу пологично е да се земе во обѕир „судот“ на илјадниците телефонски гласачи, наспроти шестчленото жири избрано од МРТВ, и затоа имаше исвиркувања за победникот.
Скандал, сепак, немаше. Второпласираниот му ја честиташе победата на Ѓоко, како и сите негови други колеги кои се натпреваруваа.
Бидејќи, пак, Ѓоко во полуфиналето не освои толку гласови од телевоутингот како во финалето, се претпоставува дека оние кои во втората полуфинална вечер гласале за „Есмас бенд“ кои настапуваа под 11 позиција, и во финалето гласале за истиот реден број 11, кој сега пак му припадна на Танески, и со тоа тој на свое конто доби многу повеќе од очекуваното. :pos2:


На третото место на националниот Евросонг се најде Маја Вукиќевиќ, со темата „Фама“, а по неа Влатко Лозаноски со „Летам кон тебе“, Наде Талеска „Среќен крај“. Следуваа „Браво бенд“, Александар Белов, Ангела Здравкова, Сузана Спасовска во дует со Дарко Нешовски, „Есмас бенд“, „Трета димензија“, Кристијан Јованов, „Водолија“, „Тумбао салса бенд“, Дарко Илиевски и Викторија Апостолова.

Во жирито во финалето членуваа Авни Ќаили (текстописец и ТВ водител), Наум Петрески (фолк пејач), Дарко Гелев - Брејк (поп-пејач, Сашо Гигов - Гиш (поет и музичар), Александар Џамбазов (композитор) и Саша Николовски - Ѓумар (професор и диригент).
Од сите нив само Гиш можеше да почувствува како му е на Влатко Илиевски, кој со ист број поени со победникот нема да ја види Евровизијата (овојпат) бидејќи во 1998 година Гиш на домашниот избор направи бум и блесна со песната „Самовилска свадба“, ама публиката гласаше за попопуларниот Владо Јаневски („Не зори зоро“).
Во ревијалниот дел на програмата настапија Каролина Гочева со свој мини-концерт, а гости беа и претставникот на Босна и Херцеговина - Вукашин Браиќ и претставничката на Албанија - Јулијана Паша.
Во публика беа и американскиот амбасадор Филип Рикер, менаџерот Велибор Џаровски-Џаро, пејачката Есма Реџепова-Теодосиевска.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Ова беше дефинитивно најслабиот избор за песна за Евровизија досега, Целосен бојкот од страна на композиторите, кои не можеа да исфрлат ниту една впечатлива песна. Ако не друго мило ми е што не победија моите антифаворити Влатко И и Есмас Бенд, првиов ми е многу антипатичен, песната бепе дооосададна, сценскиот настап беше неоригинален, а вториве ќе беа жива брука со оглед на слабите гласовни способности на пеачката.
Во една таква конкуренција добро е што победи Ѓоко, ако не друго барем има вокални квалитети, а и песната е певлива лесно влегува во уво. Само нека и направат подобар аранжман, а мислам дека подобро ќе звучи да биде испеана на англиски, па ај со среќа.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.788
Поени од реакции
11.355
Само нека и направат подобар аранжман, а мислам дека подобро ќе звучи да биде испеана на англиски, па ај со среќа.
Дефинитивно. Помоќен ќе биде самиот настап и душа на песната, но луѓето зборат ко канта да тропа, на крај ќе ја испосерат уште толку :icon_lol:
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
и јас глеам
али ЖИРИТО!
има ли смисла тошо малерот да го ставаат у жири.
Ова е сериозна работа. Треба да бидеме претставителни на евросонг! :toe:
Тошо малерот може на тебе да ти држи лекции по кавал ако треба. Ако не знаеш човекот музички колку е способен не коментирај на празно.

Иначе песнава е СРАЊЕ, значи има шанси за евровизија :)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ќоко сакал да пее на англиски но уште не се знае. Што мислите може некои корекции на песната да се направат и да пееме на андлиски ли на македонски?
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Били ѕвер бе пеер... Ај следната година не можат да го пратат Ратко од браво шоу:tapp:
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Како може Александар Белов да не добие ни бод од жирито?
Барем ако местат нешто нека местат неприметливо, овака ептен е очигледно што било работата.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ќоко сакал да пее на англиски но уште не се знае. Што мислите може некои корекции на песната да се направат и да пееме на андлиски ли на македонски?
Се надевам на англиски.Верувам ќе ја потсредат убаво,вака е без некој ефект.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Македонски бенд царува низ Шведска



Македонија ќе имаше два претставници на Евровизија. Шведскиот бенд Andra Generationen & Dogge со нивната одлична певлива песна Hippare Hoppare, за малку не успеа да се пласира во финалето. Слушнете ги македонските Швеѓани!</SPAN>Влатко Анчевски, Влатко Гичаревски, Даглас Леон, Матс Нилсон, Теди Паунковски, Отис Сандсјо и Стеван Томулевски можеа да бидат шведски претставници на овогодинешната Евровизија.Со нивниот, како што го нарекуваат Балканбенд, Andra Generationen (Втора генерација) заедно со шведскиот рапер Доги Догелито, настапуваа во втората полуфиналната вечер (има вкупно 4), од каде што се избираа само двајца финалисти, но тие иако ја воодушевија шведската јавност, сепак не успеаја да се пласираат во финалето.Фронтмен на бендот е Влатко Гичаревски, а и останатите Македонци се наследници на онаа генерација која се иселила во Шведска во 50-те и 60-те години на минатиот век.Слушнете ја нивната Hippare Hoppare и запазете кај 1:45! :)

http://www.taratur.com/node/14254
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
уба е песната не јајте лања
Да јајвме лања, ти ќе ни беше у тањир.
Он топик: Нумерава, арна, така за преку година слушање. Во секој случај нема да пасува на евровизискиот кич и шунд, каде победуваат или шок или еротика. Најчесто двете. Вака прописно стандардна песна, со убав текст и ненормален гитарист, не оди со севкупната евровизиска концепција. За таква манифестација, би упалиле оние Есмас бенд. Организација ќе коментирам у колумна, оти има едно 400 реда да се напишат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom