Избор за песна за Евровизија 2010

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Абе луѓе сфатете го како забава и нема потреба од нервоза и кулирајте само. Па не е ова спорт па да има навијање. Ние сме дел од европа и пожелно е да се дружиме со другите земји а не да се затвораме и да не учествувгаме као некој дегени, така д аставрно престанете со тоа не треба да учествуваме пошто тука се гледа колку и мислите добро на македонија и колку го сфаќате сето тоа дружење.

евросонг е како европско во фудбал на кое гледам до сега не сме отишле ниеднаш па така да колку толку со промовираме знаме јазик и остало па кој сака нека гледа кој нека смени програма.
 
Член од
1 јули 2006
Мислења
853
Поени од реакции
84
Ние сме дел од европа и пожелно е да се дружиме со другите земји а не да се затвораме и да не учествувгаме као некој дегени,
Ги нарекуваш Италија и останатите земји што не учествуваат дегени? :pos2:
А, ние не сме, бидејки учествуваме? :uvo:
 

МадерФакер

Титл по моја желба
Член од
25 ноември 2009
Мислења
678
Поени од реакции
44
Одлична песна избравме. Сосема заслужена победа на Ѓоко. Му посакувам многу среќа на настапот во Осло.
Инаку мислам дека годинава нашиот народ го достигна врвот на сељачизмот. Го имавме најрегуларниот избод и нај регуларното гласање до сега, но сепак цела сала (која патем беше 65% деца кои по прогласувањето на победникот се скинаа од плачење) се противеше на изборот. До кога ќе бидеме сељачишта бе?! Си има правила по кои се постапува во случај на еднаков број на бодови. Плус тоа колку 12ки доби Влатко од жири а колку Ѓоко?!
Сценографијата средно жалосна. Место круговите можеле нешто друго да стават за да изгледа поубаво бината.
Како и да е, ќе кажам уште еднаш: одличен избор на песна имаме годинава. Доколку се гласаше за песна на Евровизија ќе имавме висок пласман, ама бидејќи се гласа за држава не очекувам ништо.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.155
Поени од реакции
30.287
Песнава е супер, мислам би била хит во земјава, само ритамот е застарен, и песнава не е за на Евровизија. Таму бараат металци облечени ко за прочка, и олимписки лизгач на мразче од 1м радиус. Веќе и така никој не ги слуша песните. Така да, ако Ѓоко донесе стриптизета сигурно ќе фанеме 1во место.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Песнава е супер, мислам би била хит во земјава, само ритамот е застарен, и песнава не е за на Евровизија. Таму бараат металци облечени ко за прочка, и олимписки лизгач на мразче од 1м радиус. Веќе и така никој не ги слуша песните. Така да, ако Ѓоко донесе стриптизета сигурно ќе фанеме 1во место.
Германците ја донесоа и Дита Вон Тис... ама не направија ништо :) :toe:

Не дека би му било лошо на Џоле да донесе нешто вакво:


 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
Не ми е јасно како може од 30 тина песни ни една да не влегува во уво, какви композитори имаме ние, па подобра беше песната која одеше помеѓу најавите на изведувачите лелееее КАТАСТРОФА, па гледам и попалени 15 годишни чупчиња плачат оти Илиевски или пазете еј Лозано :pos2: не победил, АЛОООО ПЕСНА БИРАМЕ НЕ МИС НА СВЕТОТ и се додека се тешиме со тоа дека на Евровозија одат и победуваат само некои кои прават циркус далеку ќе стигнеме, на сите фестивали има по некои залутани со кои публиката се смее ама сега а и секогаш СЕ БАРА ПЕСНА, а нашиве таленти со тоа се вадат на Евровизија победувало циркуз, ај кажете го циркузот во песните на Шерифович, Билан или Рибак, циркузот некои ќе го најдат во сценскиот настап на Руслана, Папаризоу и Лорди, кој беше само складен со песната, нема никаков циркус во песна што се вика Wild Dances и во настап во кој се застапени тиe Wild Dances. Секогаш има идиоти како Стефан Раб и слично кои си ја страмат земјата и на времето добиваа гласови, но тоа повеќе не пали, колку и да се глупираат на сцена тешко дека некој ќе гласа за 3 машки глуперди облечени во жени со shit песна(кои btw го копирале стилот на Dana, ама не и песната Diva) а не за некоја песна која певлива и влегува во уво плус сценскиот настап кој дава дополнителен впечаток а кај нас не се прави оригинално туку се емитира првото нешто на кое ќе се налета на youtube ЗНАЧИ ДО ПЕСНАТА Е И НИКОГАШ СМЕ НЕМАЛЕ ДОБРА ПЕСНА и се дури имаме избори каде татини синови се лутат оти не победиле, а победуваат тезгароши кои имаат сила да прелетаат преку сите неба :tapp: нема никаде да стигнеме. Шпанија си има добар избор, неколку песни за кои гласа народот, се бира една, а потоа се бира пеач и тоа некој непознат слично како Идол, ама тоа кај нас тешко, сигурно ќе се пикни некое дудуче што пак ќе не избрука :toe:
и за крај песни кои би растуриле на Евровизија(повеќето се ненормално совршени балади од златното време на Макфест кое за жал повеќе го нема)
Верица Ристевска - Галебе мој тажен
Маја Оџаклиевска - Многу солзи
Цветанка Глигорова - Не биди слеп
Хелена Блегне - Кога те нема
Љупка Димитровска - Звона звонат
Поп Дизајн - Дајте ги рацете
Ристо Самарџиев - Таму кај што си
Тања Кочовска - Твоите очи сине
Зорица Конџа - А бог да знае
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
прееска Влатко плачеше на вести у канал5 дека го заебале и се обиде нешо да се напраи паметен али неуспеа.
незнам зашто секоја година ко сите да имаат контузија и не се секаваат дека од секад има куп местенки и глупости секој преговара со жири секој купува 100/200 бројчиња за гласање и секоја година е изненадување како тоа не било фер бла бла.и мене не ми е по кеф овој шо ке оди али јеби га се потрудил дечкото може платил може излобирал некој да гласа за него и чао пријатно у Норвеша на евровизија или кај и да беше
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.383
Ги нарекуваш Италија и останатите земји што не учествуваат дегени? :pos2:
А, ние не сме, бидејки учествуваме? :uvo:
Кога сме веќе кај Италија, тие направија одличен избор што не учествуваат на евровизија...а причината е тоа што гласањето не е фер...се е изврзано со политики и триста чуда :) тепаа два пати по ред на евросонг и се откажаа
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Одвратно бе лелеле:uvo::tapp::nesvest:
Посебно ме импресионира Били Ѕвер:pos2::pos2::pos2:
Па рапот на Ѓоко!? Леле од кога почна он со вакви песни бе, се брука само нц нц нц
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Да знаеја на времето RUN-DMC кога направија песна со Aerosmith, дека после нив ќе настане еден од најлошите правци во музиката, сигурно никогаш немало да ја снимат Walk this way.

Последен пат нешто такво хит да стане беше Linkin Park & Jay Z - Numb (Encore).

Енивејз, кога ќе биде шоуто во Осло ќе напукам пуканки и ќе седнам пред ТВ. Од време на време душата ми бара селско шоу во европски рамки.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Реков уште после првото 1/2 финале дека Ѓоко ми остави најдобар впечаток. Песната мислам дека не е некоја што би оставила којзнае каков впечаток од едно слушање и не верувам дека ќе помине којзнае како на Евровизија, ама со оглед на конкуренцијата нр гледам зошто победата би била оспорувана толку.

Влатко Илиевски имаше интересен настап ама песната едноставно не м исе допаѓаше.

Есмас бенд имаа најинтересен настап и ритам кој влегува во уво, но како и некоолкумина погоре се согласувам дека пејачката го расипа впечатокот. Со помоќен вокал таа песна ќе беше мој фаворит.

Лозановски убава балада, сигурно ќе се слуша, но никаква кореографија т.е. недоволно впечатлива.

Сузана убаво аранжирана песна, ама сепак неколку вакви песни имаше на Евровизија последниве години и ниедна не помина сјајно.

Се на се, може ќе влеземе во финале, може и не, но не гледам причина зошто да се плука по Ѓоко. Нека испее најдобро што може, нека осмислат сценски настап па голема работа како ќе биде гласањето после.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
koe sranje e ova evrovizijata
sekoja godina istoto sranje go gledame
a inaku bili zver so sakase na evrovozijata,so gjoko tanevski zaedno peeja ili bili peese sam
ne gledav neznam
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Тоа што шест луѓе во жири одлучуваа наспроти повеќе од седум илјади кои ги дадоа своите гласови за мене, нема никаква логика, соодносот е еден спрема илјада...“, ни изјави Влатко Илиевски, кој додаде дека не се чувствува разочарано зашто неговата песна е веќе хит на радијата. „Мило ми е што имам голема поддршка и што луѓето ја поддржуваат песната. По завршувањето, имаше девојчиња што плачеа, ги утешив, ги гушнав и се сликав со сите, а тие ми кажаа дека веќе ја знаат мојата песна, но, за жал, не знаат ниту еден стих од песната што победи. Инаку, Ѓоко ми е пријател, ќе му посакам да влезе барем во финалето во Осло, па после ќе има повеќе тезги, ха,ха,ха!“
Bas mi e milo sto ne pobedi ,strasno maliciozna ,arogantna licnost ,lugeto posle objasnuva deka bile vsusnost devojcinja sto i se ocekuvase:pos2:,komentarot na kraj za tezgite pokazuva koja odvratna licnost e:bip:, djabe mu e ubavinata koga nema sarm ,ne samo sto go nema tuku e vo minus ,pa poradi toa ne mozes da vidis toj negov tolku "dobar izgled",drugata godina neka stavi poveke sminka ,malku imase staveno sega:tapp:
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
исфрустрирано нашминкано кретенче, 7000 гласале лелеееее ептен мнООООООгу, а ако одиме на тие споредби 5000 беа за Ѓоко што не е голема разлика и што се пријавуваат кога не знаат да губат, на крајот ќе дадат ваква глупава изјава во која се гледа колку мали личности се, да не беше жално ќе беше смешно
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom