Македонија
Вратите за Македонија во ЕУ се отворени
- Ние се грижиме за Балканот. Европа се грижи за иднината на Западен Балкан, изјави Оли Рен, европскиот комесарот за проширување.
Вакви позитивни пораки беа упатени до земјите од Западниот Балкана од неформалниот самит на шефовите на дипломатија од ЕУ, кој се одржува во чешкиот замок Хлубока. Вратите на ЕУ остануваат отворени за евентуалното членство на Хрватска, Македонија и Турција и покрај општата несигурност од проширувањето – е уверувањето што министрите за надворешни работи од Унијата го испратија до овие три земји од Западниот Балкан.
- Перспективата постои. На крајот од оваа економска криза, кој ќе биде наскоро, ќе бидеме поблиски и ќе треба да продолжиме да работиме заедно, не за да го направиме регионот – тоа значи Европа и Балканот, подобар, туку и да придонесеме за стабилноста на светот, кој без сомнеж ќе биде повеќе глобализиран, изјави високиот претставник на ЕУ, Хавиер Солана.
Во случајот на Македонија, европските бирократи ќе чекаат да го видат исходот од вториот круг на изборите, по што ќе ја оценуваат земјата за останатите осум критериуми, од чие исполнување ќе зависи дали земјава ќе добие датум за преговори.
- Првиот круг од изборите беше полуфинале. Помина добро. Верувам дека ќе го направите истото и во финалето. Потоа ќе ги разгледуваме 8-те критериуми. Многу добро е познато дека тие се поврзани со реформи во судството и борба со криминалот и корупцијата. И, во текот на годинава ќе размислиме дали е вистинско време за препорачување на отворање преговори за пристапување со вашата земја, изјави Оли Рен, европскиот комесарот за проширување.
Министерот Милошоски пораките од европските функционери ги оценува како добра прилика да се продолжи со реформите во земјата.
- Демократската зрелост што ја покажаа македонските граѓани и сите релевантни политички актери многу добро влијаеја за зголемување на угледот на Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ. И Владата и општеството и одговорните институции ценам дека имаат добра прилика, а исто така и добри домашни можности, искуства и капацитети да продолжат со реформите кои се потребни за Македонија да ја добие препораката за отпочнување на преговори со ЕУ, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
(28.03.2009)
ЧЕКАЈ МАЛКУ!!! НЕЛИ НЕКОЈ НЕ УБЕДУВА ДЕКА СМЕ ИЗОЛИРАНИ И ДЕКА ГРУЈО НЕ ВОДИ ВО ИЗОЛАЦИЈА?