Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
R

RAYTHEON23

Гостин
Of lele ako pobedi gorge tesko nas ke bide kako 'marioneta na grujo'
za frckovski DA SPOSOBEN E......ama me plasi ekipata zad nego TOA e PROBLEMOT
se poveke i poveke mislam deka koj i da pobedi nema da i donese dobro na makedonija
no ne sum partiski opredelen pa da ja vidam programata..ama gorge e isklucen..
Selmani e isto dobar kandidat...no ke vidime
No koj i da bide el prezidente nema da ima nekoi promeni..
OSVEN FRckovski koj e mnogu umesen a i iskusen(ne znam dali pozitivni al negativni)oti vrskite premier-pretsedatel ni se kak igrana RASIPAN TELEFON:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::helou:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Кои морони гласале за ЉДФ!??

Ах што не ејавна анкетава па да ве соберев сите одеднаш на мегдан и да ве поднаучев зошто не треба секој да оди на две нозе, ами понекој со една или в количка! Ах како ќе ве учев анатомија на вашите сопствени тела.
 
А

Адриано

Гостин
Кои морони гласале за ЉДФ!??

Ах што не ејавна анкетава па да ве соберев сите одеднаш на мегдан и да ве поднаучев зошто не треба секој да оди на две нозе, ами понекој со една или в количка! Ах како ќе ве учев анатомија на вашите сопствени тела.
Море нека му ја мислат сите други што не гласале и поздрав да се пазат на паркинзи !!:pos2:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Јас да сум на местото на Иванов не би прифатил дуел со човекот кој од кога Македонија стана независна и спрема само некои си заговори,дури и учествуваше во промената на името:toe:
Еј немој вакви муабети...
Кога Грујо одби, беше затоа шо се плашеше од моќната сукња на Рада.
Сеа ќе испадне дека Иванов се плаши од..хммм...мрсната коса и цвикот на Данаилов.

Народна со Љубе (кој као фол независен)
Ова е твоја претпоставка или искочиле официјално со нешо вакво?

*прашувам пошо денес не се упдејтував со инфо
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Додовски изјави дека ќе го поддржат Љубе како партија.


Немај гајле, прашувај, тоа што знам ќе кажам, тоа што не знам, нема да излажам!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.748
Of lele ako pobedi gorge tesko nas ke bide kako 'marioneta na grujo'
za frckovski DA SPOSOBEN E......ama me plasi ekipata zad nego TOA e PROBLEMOT
se poveke i poveke mislam deka koj i da pobedi nema da i donese dobro na makedonija
no ne sum partiski opredelen pa da ja vidam programata..ama gorge e isklucen..
Selmani e isto dobar kandidat...no ke vidime
No koj i da bide el prezidente nema da ima nekoi promeni..
OSVEN FRckovski koj e mnogu umesen a i iskusen(ne znam dali pozitivni al negativni)oti vrskite premier-pretsedatel ni se kak igrana RASIPAN TELEFON
Дај бе ако имате нешто конкретно да забележите во ред, ако не, барем не го повторувајте истото што го слушаме пред секои избори. Овој ќе бил марионета на оној. Како Борис што ќе беше марионета на Љубчо. Па после за време на кризата овој вториот не можеше да се разбере со него.

Со таа реченица СДС(?) секогаш ја започнува кампањата. Ако сте од нивните во ред, ако не, не се залетувајте да повторувате се што ќе ви нафрлат. Втората реченица е секогаш “што им имаат ветено на Албанците?“ Тие две се константа годиниве.

И Фрчкоски и Иванов се универзитетски професори, високо образувани луѓе. Иванов е политиколог и на свој терен се наоѓа, не е некој аматер што ќе се учи во од. Фрчкоски ни е многу познат од порано, способен е за широк спектар на работи, од Министерување до редарски активности по паркинзи.

Дајте некоја кокретна забелешка за човекот, освен што е од ВМРО...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ајде, сите кајганџии да одат утре и да потпишат за канидатурата на Амди Бајрам!

Не има над 10 000!

Ќе биде лудо и незаборавно да го предложиме. Спортски!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.748
ШТО ПРАВЕА ВО ИЗМИНАТИВЕ ДВЕ ГОДИНИ КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ
Секој може да се амбицира, но само еден да победи
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AEB50DE170A14F4CA97378D03E53248B

епа јасно се гледа кој е кој
Еве тука ќе го пастирам текстот од линкот:

Секој може да се амбицира, но само еден да победи!

СДСМ немаа кого да кандидираа, сите бегаа од кандидатура. А Фрчко им се нудеше, па мораа да го прифатат. Сега СДСМ има проблеми. Во самата партија најавуваат дека нема да гласаат за Фрчко. Во прилог на ова се и ставовите на Утрински Весник, весникот кој важи за најблизок до СДСМ. И овој весниик смета дека Фрчковски ја нема поддршката ниту во самата партија

Луѓе со амбииции, професори кои сакаат поупешна кариера, дипломати ексминистри. Ова се само дел од оние кои имаат желба да ја водат државата. Народот на 22 март ќе го избере новиот претседател, петти по ред. Македонија двапати му ја даде довербата на Киро Глигоров. По него шефуваше покојниот претседател Борис Трајковски. По Трајковски на сцена стапи Бранко Црвенковски. На 22 март во претседателскиот кабинет ќе влезе нов човек, а за оваа фотелја има многу кандидати. Ѓорге Иванов, Љубомир Фрчкоски, Љубе Бошкоски, Слаѓана Тасева, Нано Ружин, Имер Селмани, Благоја Марковски, Невзат Халили. Ова е листат на оние со претседателски амбиции. Но што правеа досега тие и по што беа познати во јавноста во изминативе неколку години?!

Ѓорѓе Иванов: Од провинција до универзитетски професор
Професорот Ѓорге Иванов е предводник на новата генерација интелектуалци која никому ништо не му должи за успехот кој го постига. Тој е пример за еден обичен човек, кој пред 30 години дошол од провинција и имал желба да стане нешто и успеал во тоа.
Речиси две години беше меѓу народот, но никој не го забележуваше неговото присуство, го испитуваше мислењето на граѓаните, даваше проценки за рејтингот на политичарите.
Во осумдесеттите години, преку Млад борец, Студентски збор и Младински форум, ги отвора темите кои беа забранети во поранешниот политички систем.

Од уредник во третата програма на Македонското радио, Иванов стана професор ценет и од колегите и од студентите. Пред точно десет години, колегите од Правниот факултет го избраа за доцент на предметите Политички теории и Политичка филозофија, а веќе следната година е избран за визитинг професор на постдипломските студии за Југоисточна Европа на универзитетот во Атина.
Од 2000 година е член на Советот на директори на европските постдипломски студии за Демократија и човекови права на универзитетот во Болоња и координатор на курсот за демократија, што се изведува на универзитетот во Сараево. Од 2001 година е раководител на Политичките студии при Правниот факултет во Скопје.
Иванов е еден од ретките кандидати кој зад себе нема хипотеки од минатото.
Изминативе години Иванов го немаше многу во медиумите. Едновремено се појавуваше со листинзите за рејтинзи на политичките партии. Подоцна неговото име се појавуваше само како консултиран експерт за важните политички прашања за Македонија. На избори оди со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

Фрчко тепаше, лажеше, осуден за клевета
Љубомир Данаилов Фрчкоски, педесет и едно годишен скопјанец, професор по меѓународно право. Некогашен министер за внатрешни работи во времето кога беше извршен атентатот врз претседателот Киро Глигоров, за кој истрагата тапка во место. Минатата година Фрчкоски често го имаше во медиумите. Се чини најголема фама крена со колумната за атентатот на Киро Глигоров, со физичкиот напад врз жена и осудата за клевета. Тој е кандидат на СДСМ.

Во мај минатата година Фрчкоски на паркинг ја нападна Катерина Велјановска, која негодувала што неговата сопруга со возилото и го блокирала автомобилот. Прво сопругата на Фрчкоски почнала да ја влече за коса Велјановска, а потоа на помош и дошол и амбициозниот Љубомир кој интервенирал со тупаници. За ова Љубомир Фрчковски заработи прекршочна пријава за физички напад, а неговата сопруга, адвокатката Ирена Фрчковска, пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Фрчкоски има искуство во тепање жени и од претходно. Неговата поранешна сопруга Алида Муча во отворено писмо објавено во неделникот Фокус го обвини дека физичка ја малтретирал, ја тепал дури и пред децата.
Судот го осуди Фрчкоски за клевета, навреда и за омаловажување на премиерот Никола Груевски, носејќи пресуда тој да плати 100 дневни глоби во вредност од 2.500 евра, во рок од три месеци од правосилноста на пресудата и 1.800.000 денари за надомест на нематеријална штета во рок од три месеци од правосилноста на пресудата. Фрчкоски е осуден за колумната насловена "Окта визави Кољо Дијамантот", објавена на 4 септември 2007 година во весникот "Дневник".
И тетката на Фрчкоски застана против него. Како што објави ВЕЧЕР неговата тетка го обвини дека заедно со брат му ја прелажале и и го зеле станот.
Некаде во ноември, Фрчкоски во својата колумна, повикувајќи се на сведок кој или лажел или бил изманипулиран напиша дека ДБК била вмешана во атентатот врз Глигоров. Ги крена институциите, обвинителството го сослуша сведокот, полицијата направи истрага, и се установи дека се што напишал Фрчкоски било лага. По ова се бараше и прогон против Фрчкоски. Ексминистерот за внатрешни работи Павле Трајанов побара од јавниот обвинител Љупчо Шврговски да поведе целосна истрага за да се утврдат мотивите и одговорноста на Љубомир Фрчкоски, кој смета дека обинувањето дека некој е учесник или извршител на атентат, а за тоа да немате никакви докази, е злосторство и за тоа треба да се понесе одговорност. Рочиште се уште не се одржало поради отсуство на кандидатот за иден претседател, кој според Трајанов имал четири кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување во времето додека Трајанов бил министер за внатрешни работи.
Фрчковски е познат и како најагилен застапник да им се удоволи на Грците, во времето кога беше наметната референцата ФИРОМ, да го смениме знамето и Уставот, што ние го направивме, а од Грција, за возврат не направија ништо.
Фрчкоски ја објави својата последна колумна во Дневник пред претседателската кампања. Во неа немајќи што да каже за својот противкандидат, пишува за наводни приказни кои професорот Ѓорге Иванов ги раскажувал на некој роденден.


Тасева, отказни решенија, исклучувања, нова организација и работно место
Единствената дама, независен кандидат, која ќе истрча на трката за претседател е професорката Слаѓана Тасева. Четириесет и осумгодишната антикорупционерка на јавноста и стана позната по раководењето со Комисијата за борба против корупцијата. Беше и директорка на Полициската академија од 13 февруари 2004 година. Својата кандидатура ја објави на нејзина веб-страница
слагјанатасева.цом., направена главно на англиски јазик. Тасева во биографијата посочува дека зборува англиски, бугарски, хрватски и српски.
Во 2006 година Тасева поднесе оставка од функцијата директор на Академијата. По ова се пишуваше дека Тасева добила и отказно решение на местото професор во Полициската академија во Скопје поради, како што се наведува во решението, немање финансиски средства за нејзината плата. По ова кандидатката за претседател почна да предава на Првиот европски универзитет Република Македонија.
Покрај отказот од местото професор, таа изминативе години се соочи и со исклучување од невладината организација Транспарентност Македонија поради "грубо кршење на статутарните одредби на здружението и работење спротивно на неговите цели и задачи". Тогаш таа влезе во војна со претседавачот Сашо Клековски и претседателот на Управниот одбор Сашо Орданоски. Заради војната меѓу Тасева и Ордановски, бордот на Транспаренси интернационал, со седиште во Берлин, и ја одзема акредитацијата за работа на Транспаренси Македонија. Тасева формира нова невладина организација Транспарентност - нулта корупција", каде сега е претседател "Транспарентност - нулта корупција" повторно ја доби лиценцата од Транспаренси интернационал
Тасева беше и еден од четирите сведоци на одбраната на Љубе Бошкоски во Хаг, кој сега е нејзин противкандидат.

Селмани без скандали и афери
За еден од Албанците кои се кандидираат за македонски претседател, Имер Селмани последните две - три години речиси и немаше лош натпис во медиумите. Тој е најмладиот кандидат. Четириесет и едно годишниот Селмани не дозволи ниту една афера или скандал поврзани со неговото име ниту кога беше градоначалник, ниту пак како министер за здравство. Дипломирал на
Медицинскиот факултет, а од 1993 година се занимавал со бизнис со моторни масла и автоделови. На избори се појавува како кандидат на Нова демократија.
Освен како министер за здравство, Селмани во Владата на ВМРО-ДПМНЕ пред предвремените избори во еден период ја извршуваше и улогата вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор.
Минатата година најмногу се пишуваше за новата партија која ја формираше Селмани, Нова демократија. Партијата брзо се замеша на рејтинг-листите. Се разијде со лидерот на ДПА Мендух Тачи и ја промовираше новата партија која според него дејствува во центарот, но гравитира кон десната ориентација.
Во неговата партија преминаа Ружди Матоши, Сулејман Рушити, Абедин Зумбери. Во Собранието има тројца пратеници во дресот на Нова демократија.
Селмани до 2000 до 2006 година беше градоначалник на Сарај.

Бошкоски: Ослободтелна пресуда, постапка во Пула
Љубе Бошкоски, познат и како Брат Љубе е човекот кој можеби најмногу го имаше во медиумите изминатите години. Причина за тоа е судењето во Хаг и годините поминати во затворот во Шевенинген. Четириесет и осумгодишниот независен кандидат е поранешен министер за внатрешни работи. Ова му е втор обид да стане претседател. Во април 2004 година собра 10.000 потписи, но од страна на Државната изборна комисија неговата кандидатура беше отфрлена заради неисполнување на условот за 15 години непрекинато живеење во Македонија.
2004 година Бошкоски е депортиран во затворот во Шевенинген. Во јуни и јули, минатата година, најголем простор во медиумите доби токму тој заедно со Јохан Тарчуловски. На 10 јули 2008 беше прогласен за невин од страна на Хашкиот трибунал за настаните во скопското село Љуботен во август 2001 и е ослободен, но Тарчуловски доби казна од 12 години. Откако се врати во Македонија, се појавува на сите манифестации.
Во судот во Пула се води постапка против Бошкоски за случајот Раштански лозја. Рочиштето е закажано за неколку дена. Министерството за правда се обидува да го врати предметот во Македонија, но засега без успех. Се товари за поттикнување на убиство на шест пакистански и еден индиски државјанин, на 3 март 2001 година.
И во судот во Гостивар се води постапка против Бошкоски, заради инцидентот што настана откако тој како министер сакајќи да промовира ново оружје, рани новинарка, преведувачка и вработени во АРМ.

Ружин: Амбасадор на годината во НАТО
Педесет и едногодишниот кадидат за претседател Нано Ружин, јавноста го знае најмногу како амбасадор во НАТО. Тој е првиот претседател на Евроатлантски клуб на Македонија, во периодот
од 1997 - 2005 година.
Ружин е рекордер затоа што е единствениот амбасадор од Македонија кој успеал да остане на дипломатското место и покрај промената на три влади.
Во февруари 2008 година Ружин се најде на сите насловни страници. Беше прогласен за амбасадор на годината во Брисел, а година претходно овој примат го понесе американската амбасадорка Викторија Нулан.
Со името на Ружин беше врзан еден скандал, за наводно издавање на класифицирани информации на претставници на печатот. Ружин за ова беше повикан во Македонија на разговор кај министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Во медиумите се појави и информација дека за Ружин е поведена постапка и во НАТО. Се работеше за извештајот за напредокот на Македонија кон НАТО, но ваквата информација беше демантирана и од НАТО и од Ружин. Во НАТО немаше никаква постапка против овој претседателски кандидат. На изборите ќе излезе со дресот на ЛДП.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Додовски изјави дека ќе го поддржат Љубе како партија.


Немај гајле, прашувај, тоа што знам ќе кажам, тоа што не знам, нема да излажам!
А кој беше тој Додоски и која партија? :pos2:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ајде, сите кајганџии да одат утре и да потпишат за канидатурата на Амди Бајрам!

Не има над 10 000!

Ќе биде лудо и незаборавно да го предложиме. Спортски!
nema potreba......mislev nema da go kandidiraat , ama koga veke go lansiraat, frcko tepa....ko na parrking...so dooobra razlika...:)
...ivanov nema sansi so nego......:pos2:
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Еве тука ќе го пастирам текстот од линкот:
quote]

ја ќе ти пастирам неколку други текста од истиот вечер... колку да се знае што работеле последниве две години

Не верувајте во анкети и рејтинзи!
По неколкуте гафови и подметнувања со наводни испитувања јавно мислење кои ги направи Институтот за Демократија, познат како Институт на Ѓорѓи Иванов, за подолг период ќе мора да се запре со довербата во домашните агенции за испитување на јавното мислење.
Накусо: добар дел од агенциите лажат, Институтот за Демократија најмногу, и даваат порачани податоци. Последнава анкета за гледаност на телевизии е порачана од Косово, платена за потреби на афирмација на Телевизија Алсат.


Стана тренд, мода а секако и исплатлив бизнис, последниве години да се прават анкети за рејтинзи, читаност, гледаност, застапеност на пазарот на некоја компанија или производ... што често се прави во пазараниот свет. Но, се прави според правила.
Прво, анкетите се даваат на нарачателот и служат за негови потреби. Ако анкетите се објават јавно, тогаш на јавноста мора да и се дадат сите податоци за заинтересирани страни, или медиуми, да можат да извршат проверка или увид во резултатите. Во спротивно, треба некому да се верува на збор. А кога се деловни интереси, политички или финансиски во прашање, ни брат на брата на збор не верува, а камо ли јавност на анкета со скриени, тајни податоци.
До скоро никој не знаеше дека постои Институт за Демократија. Но, постоел. Предводен од Ѓорѓи Иванов, професор на Правен факулет. Година дена наназад познат како брат на еден од главните инволвирани цариници од Гевгелија за шверц на цигари, за што се води постапка пред суд. Накусо, Институтот за демократија по кусо време (основан во 1999 година) сфаќа дека порачаните анкети за рејтинзи се добро платена работа за која некому не се дава отчет и одговор, и решава да се фрли во бизнисот.
Во Институтот работат седум-осум лица, речиси сите помлади од 30 години и речиси сите соработници на еден човек. На Ѓорѓи Иванов.
Прават анкети. Според нивните изводи за телефонски сметки, нема докази дека од телефоните на Институтот се направени над илјада повици во времето на наводните анкетирања. Потоа, излегуваат со резултати кои ги соопштува Телевизија Алсат, сопственост на контроверзниот, подземен бизнисмен од Албанија и Косово, Веби Велија.
Анкетите, нормално, кажуваат дека Алсат е неверојатно добро гледана телевизија. Тоа што барем 90 насто од граѓаните не ни знаат што е тоа Алсат, не е ни важно.
Имено, според порачките на Веби Велија, а одработено од Институтут за Демократија, Алсат е погледана и од Сител, и од Канал 5, и од Телма... далеку од секаква можност, но блиску до секаков профит.
Познато е дека косоварите блиску соработуваат со Форум, односно Сашо Орданоски и Ѓунер Исмаил промовирајќи ја косовската политика во Македонија. Да се споменеме само на прес конференциите кои, во Скопје, се организираа за настапи на косовските лидери како Ветон Сурои и други. Сега косоварите решаваат да го прошират бизнисот со контрола на влијанието во Македонија. Им треба голем рејтинг на нивната Алсат, и тоа треба да го одработи некој, Институтот за Демократија е тој. Ненад Марковиќ е човек кој работи и за Форум, а и за Институтот за Демократија. Со иста цел. Штета.
Кога во иднина ќе видите било која анкета потпишана од Институтот за Демократија, фрлете ја настрана. Платена е за да даде резултат каков што оној кој ја платил порачал.
Дали е сево ова така? Бидејќи се податоците од анкетата јавно објавени, со што стануваат јавна информација подложна на проверка и докажување, побаравме од Институтот да имаме увид во материјалот од наводната анкета и да направиме пилот проверка на некои од анкетираните. Не ни дадоа увид во материјалите, иако како јавно објавена информација имаа обврска за тоа.
- Веродостојноста може да се докаже со компаративна анкета од друг Институт, велат во Институтот за Демократија. Или, порачајте си анкета па споредете ги резултатите.
Зарем ви личиме на Веби Велија?
http://217.16.95.52/?ItemID=0A5AA5F6EA05B140B5C146476F0F33E6
--------------------------------

Командирот од Богородица "пропеа" за шверцот со цигари

БЛАЖО ИВАНОВ, ОБВИНЕТ ЗА КРУМЧАРЕЊЕ ВО СЛУЧАЈОТ "ЈУГ" ТВРДИ ДЕКА Е СМЕНЕТ ОТИ ЈА "ЗА.... РАБОТАТАСО ЦИГАРИТЕ" ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ИЛИЈА ИЛОСКИ


Шверцот со цигари, вчера стасаа и во судница. Во најголемиот судски претрес во државава кој се однесува за случајот "југ", за криумчарење мигранти и шверц на луксузни возила, обвинетиот Блажо Иванов вчера во своја одбрана ја отвори Пандорината кутија за шверцот со цигари. Тој е поранешен командир на полициската станица на граничниот премин Богородица, а подоцна помошник командир во Секторот за внатрешни работи во Гевгелија. Во своето обраќање кон судот, презентирајќи ја одбраната, зборуваше за случај на шверц на цигари од Граничниот премин Деве Баир.
Иванов изјави дека во октомври минатата година на Деве Баир пристигнал камион со грчки цигари кои ги превезувала српска фирма. Цигарите наводно биле за друга српска фирма, но и по неколку дневен престој на граничниот простор кај Деве Баир, камионот наместо кон Србија стасал на Граничниот премин Богородица.
"Главниот од царината на Богородица, комуницираше со некого на телефон"- се присети Иванов. Тој тврди дека цариникот му го подал телефонот и му рекол оти главниот сака да разговара со него.
- Не претпоставував со кого ќе разговарам, но откако го чув гласот, а и по преставувањето разбрав дека човекот со кој зборев е директорот на Царинската управа, Илија Иловски. Цариникот ме убедуваше дека треба да го пропуштам возилото поради некои проблематичности, по што ми рече "Не се секирај, командире, за ова не се оди во затвор, ако одам јас ќе одиш и ти" тврди Иванов. Учтиво и со почит кон него и функцијата ја одбив работата, изјави обвинетиот.
Но убедувањата од Иловски не престанале. Според кажувањата на Иванов, цариникот му рекол оти за случајот е запознаен и министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски, со инсистирање да му се јави лично нему.
- За случајот не попуштив па сочинетата службена белешка ја испративме до Одделот за организиран криминал и Регионалниот центар Југ со седиште во Кавадарци. Никој од надлежните не се јави да праша што стана со случајот. -рече Иванов. Неколку дена потоа лице кое има врска со структурите, кое Иванов не сакаше да го обелодени го повикало на разговор. Тој од него разбрал дека ќе биде сменет од функцијата од Богородица во Гевгелија оти ја "за.... работата со цигарите". Десетина дена по разговорот со лицето на Иванов му било врачено решението. (К.Ѓ.)
Блажо Иванов е обвинет за криумчарење
Според обвинението Блажо Иванов се товари за криумчарење. Тој беше притворен откако првообвинетиот Дејан Стамков го посочил Иванов дека помага во шверц со возила кои според обвинителството потекнуваат од криминални активности. Иванов како командир на ПС Богородица по барање на Стамков во четири наврати помогнал и овозможил пренесувања на пет возила. Обвинението го товари Иванов за избегнување на царинската контрола на БМВ ХХ3, мерцедес, автомобил БМВ, џип БМВ Х5 и автомобил Ровер. Вчерашното признание остави на Блажо Иванов остави голем простор за шпекулации. Имено обвинетиот е брат на професорот Ѓорѓи Иванов.
http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=27953


Мислам дека со овие два текстови може да се разјасни како комунистот станал врховист, како сдсмовецот станал вмровец :) и на овие избори не се бориме за најинтелегентен и најпаметен претседател, туку се бориме за претседател со најголемо криминално искуство, а верувам во неговата победа!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom