Сезона на собирање потписи за кандидат за Претседател.
Според достапни информации на наредните претседателски избори ќе имаме најмалку 7 кандидати.
До сега 2 кои се кандидираат за претседател на Иљирид (не се релевантни заради балистички наратив), потписите го собраа благодарение на автобусите кои ги имааат... (нема податоци колку евра ги чинела операцијава).
Од страна на Левица кандидатот Ванковска е блузу да ги собере потребниот број на гласови, значи сигурно ја гледаме во претседателската трка.
Од страна на ЗНАМ, Димитриевски се говори дека ги собрал потребните потписи.
За очекување беше дека Максо кој ја има улогата на појас за спасување на бегалците од Северџганскиот Сојуз дека ќе ги собере, ама не се очекуваше дека ќе ги користи методите од неговата поранешна партија, наголемо се говори дека ги КУПУВАЛ потписите за 100 до 300 денари, значи веќе видено.
И него ќе го гледаме во траката.
ГРОМ со Стевчо е исто така пред крај, се обидува но по јавната изјава дека “многу е тешко да се поништи договорот од Нивици“ ќе ја има улогата на спотер, и на крајот ќе тргува со гласовите, не верувам дека може да изненади.
Вело Марковски независен кандидат, по се изгледа иако има значителен број на потписи, заради јавните настапи каде нема јасни ставови во поглед на внатрешната/надворешната политика како и односот кон референдумот можно е да не ги собере а можеби сепак ќе го гледаме во трката, би било интересно и тој да влезе во трката...
Томе Николоски, Господин Попоски, Ѓорѓи Манасков и Зорица Цветковска заради очигледната медиумска цензура и неможноста да преку истите побараат подршка во собирањето на потписи, а по се изгледа и немањето на доволно Денари/ЕВРА, како Максо на пример, веројатно нема да успеат во собирањето на потписи.
Од сите кандидати, единствено Манасков ЈАСНО изјави дека ќе работи на поништување на договорот од Нивици и поништување на донесените акти по државниот удар од 2017, сите останати глумаат лудило.