Еднаш прашав на друга тема но не добив конкретен одговор, па си реков и тука да си ја пробам среќата. Каде одат, како се рачунаат гласовите од дијаспората ?
Парламентарни -
- Сите гласови од дијаспората се гласови од изборна единица број 7.
- Изборна единица број 7 ги опфаќа сите избирачки места од цел свет со исклучок на избирачките места во Македонија.
- Дијаспората може да има најмногу 3 пратеника, а може да нема ич.
- Од 2016 и 2020 година изборите, дијаспората немаше доволно гласови да избере пратеник.
- Гласањето се одвива во амбасадите и конзуларните претставништва вкупно 52, и го спроведува избирачки одбор пратен од Македонија на државен трошок. Тоа опфаќа, авионска карта, престој во хотел, дневница(во зависност од тоа во која држава и град ќе биде), и авионска карта за назад (добри 300-400 евра фаќаш и гага шетање до Вашингон, Берлин, Чикаго, Лондон праиш селфиња се курчиш, ова е место за блиски семејни роднини и пријатели на моќни политичари тука често во избирачките одбори има луѓе што повеќе имаат искуство во чепкање на нос отколку изборен циклус). За да биде отворено гласачко место во конзуларна канцеларија во странство, треба да бидат пријавени најмалку 10 гласачи.
- Најголем дел од амбасадите на Македонија се наоѓаат во само 1 град во цела држава, пример Австралија и нашите од другите држави не сакаат да издвојат пари и да патуваат цел ден за да гласаат и затоа не ни одат со што излезноста е минимална. Дополнителен проблем е што среда е работен ден, па покрај трошење на пари, губат и работни денови па никој не сака да жртвува ништо за да изберат пратеник во МКД.
- Гласањето се одвива исто како во МКД, ама не во регуларниот ден, туку денот однапред - пример ако кај нас се во среда таму се во вторник, ако кај нас се во недела кај нив се во сабота.
- Гласањето трае од 7 сабајле до 7 навечер по што гласовите се бројат и се испраќа информација до ДИК веднаш. Затоа знаеме уште истата ден како завршило гласањето во Австралија, а кај 03.00 - 04.00 веќе се знае и резултатот од Америка.
- За да биде избран пратеник од Изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори. Ако сака двајца пратеника треба да има дупло од тоа, ако сака дијаспората тројца треба да има тродупло.
- Доколку се пријават повеќе од минималното за да може да изберате 1 пратеник, ќе има гласање во дијаспората, доколку не се пријават, нема да гласа дијаспората на изборите и нема да може да добие пратеник од ИЕ7.
За изборите оваа година според ДИК нема доволно пријавени значи нема да се гласа во ИЕ7 и дијаспората нема да има пратеник. Вкупно пријавени биле 2.954 иселеници. ДИК има прифатено 2.610. На минатите избори пратеник со најмалку избрани гласови бил пратеникот со освоени 5.355 гласови.
- Оваа година нема да има избори за пратеник во ИЕ 7. За да се избереше 1 ќе требаше да има 5.355 пријавени, да имаше двајца ќе требаше да има 10.710 пријавени за да се изберат сите 3ца ќе требаше да има 16.065 пријавнеи
- Ако се исполнат условите, после гласањето дијаспората одма знае дали има пратеник. Пратеник станува тој со најмногу гласови ако се гласа за повеќе од 1 се користи донтовиот модел како во другите изборни единици.
Овој систем на гласање досега јасно покажа колку курот не ја боли државава за нашите во странство, и колку нашите во странство курот не ги боли за Македонија.
Нити државата сака да им обезбеди електронско гласање, нити овие сакаат да ебат дневница да изгубат од работа и да трошат пари да патуваат со саати само за да гласаат за некој со трето одделение вечерна школа да биде мисир шо ќе дреме у собрание.
Претседателски - Гласовите за претседателско ливче одат на вкупното конто затоа што нема изборни единици кога се работи за избор на претседател. Тука се користи мнозински модел. Нивните гласови се битни само ако е тесно. Тоа е се за претседателски избори.
Локални - Дијаспората не учествува освен ако ДУИ(државата) не плати авиони и да ги донесе до Кичево за да гласаат за кандидатот на ДУИ.