Идеја за сопствен бизнис

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Кој? Овие на сајтот? Инсталација на соларни панели.... производство на пелети.... и откуп на секундарни суровини.
Ова третото да, но за првите две се сомневам. Можеш ли да ни кажеш кој напраил пара од првите два бизниса? Кажи ни го името на фирмата, човекот кој се обогатил од тие бизниси!? Навистина незнам, но можени има!? Да произведуваш те монтираш соларни панели кои имаат рок на траење 10 години, а самите (со уштеда на енергија) се исплатуваат по 12 години.... Или да произведуваш гориво - производ (пелети) за печки кои чинат колку половина или котли за индивидуално парно кои чинат колку една нова кола, па макар и тоа била Hyundai I10.... башка лезет што за да произведуваш пелети и бидеш исплатлив треба да имаш пилана која има капацитет на ДНЕВНА преработка на граѓа од 40-50 кубици, за да имаш отпад, или некорисен материјал од 5-10 кубици кои би ги користел за производство на пелети.... мислиш дека ке направиш договор со 2-3-4 пилани и си го решил проблемот!?.... САМО ТИ ОБИДИ СЕ! Или ќе не убедуваш дека од свашта нешто може да се прават пелетите: од лушпи од ореви, костени... или незнам кои све будалаштини не се изнаслушав и не прочитав од што се се прават пелетите.... како што во некои српски земјоделски часописи за земјоделци (а ние од нив препишавме) дека од нојот се користело буквално се: месото скапоцено, јајцата ноеви исто така, пердувите, дури и од трепавиците и од ноктите се правеле некои ташаци! А уствари целата работа со ноевите излезе *ташак-сармаси* Слично нешто е и со пелетите... верувај ми дека е така!
Го разгледав сајтот *Енергетска ефикасност* .... имате обработено многу теми за алтернативни енергии, заштеда на енергија..... но една огромна дупка, еден голем пропуст! Енергетска ефикасност знаеш ли со кој поим највеќе се употребува? Со она што вие воопшто го немате чепнато она што е најбитно - таму каде што живееме: НИСКОЕНЕРГЕТСКИ КУЌИ, low Energy House.... пасивни куќи. Таа тема треба да ја обработите, а не *зелени бикини* или соларни канти за отпадоци.... Ќе преживееме ние и без едното и без другото, но куќите во кои ќе живееме ние или следните генерации СЕ НАЈБИТНА РАБОТА! Луѓето не се едуцирани, немаат информации што е тоа... но кога вакви специјализирани сајтови за Енергетска ефокасност не информираат за тоа, што може да очекуваме од останатите.... Е токму тоа може да биде *зелен бизнис*.... и рециклирањето на секундарните материјали.... никако пелетите, сега засега мислам ни соларните панели.... можеби идните генерации на панели!?
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338

Interesno razmisluvanje samo edno prasanje zosto se tolku skapi kaj nas tie kuci a naprimer vo Srbija ili Slovenija ne se ?? A nie sme utepani so plata e toa ne mi e jasno
 
Член од
7 мај 2009
Мислења
710
Поени од реакции
55

100% се согласувам
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
нема многу место за водење бизнис овде......да се снајдиш и да успееш да проработиш некоја сендвичара или пицеривче колку да излегува една плата денес....
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Interesno razmisluvanje samo edno prasanje zosto se tolku skapi kaj nas tie kuci a naprimer vo Srbija ili Slovenija ne se ?? A nie sme utepani so plata e toa ne mi e jasno
Сосема обратно е, барем со Словенија.
Не се скапи овдека, таму се многу поскапи:
http://www.lumar.si/datoteke/dokumenti/Lumar_SejemDom_Cenik_press.pdf
ако го разгледаш ценовникот ќе видиш дека цените почнуваат од 500 Евра Classic (куќа од 120м2 чини 60,000 Еур)... па се до скоро 1000,- Евра Avandgarde pasive house.....
овдека се од 250-400 Евра.... Е сега несакам да зборувам за квалитетот. Словенците се самиот врв во европското градежништво на нискоенергетски куќи.... Имаат фантастично добар квалитет, фирми со традиција на градење. Марлес на пример ги гради овие куќи 40 години! Јеловица исто така долго време.... во меѓувреме се изродива многу помали фирми кои егзистираат на нивниот пазар 10-15 години... Сигурно денес имаат 20-30 фирми кои се бават со овој тип на градба. Е сега ние овдека какви не дал Господ, сакаме да ги стигнеме... тешко, дури невозможно, но тоа нема да не обесхрабри да пласираме нешто ново на пазарот и нешто што ќе биде стандард во градењето.... Да, за компаративните предности на *дежелата* не би сакал многу... само ќе кажам: Најголемите производители на градежна столарија се на Балканот и пошироко. Имаат висококвалитетни производители на врати прозори, подни, зидни облоги..... натаму треба ли да напомнам дека имаат пазар за пласман од 400-500 милиони жители? Треба ли да кажам дека на граница ја имаат Австрија во која градбата на Low energy House е доминантна во нискоградбата, на 300 км ја имаат Германија во која овој тип на градба исто така надмина 50%...
Несакам да зборувам за квалитетот на градбата како што реков, но лесно може да се заклучи дека поред сите нивни компаративни предности, сепак цената на MQ е доста поскапа.
Со Србија, ако не се лажам цените се тука некаде....
Во однос на платата не би сакал да навлегувам во една таква расправа.... Овде во однос на платата се е поскапо!
ај сега ке збориме зошто нафтата и бензинот се толку скапи кога имаме помали плати.... тоа нема крај!
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Тешко е да почниш бизнис во Македонија има доста Бирократија и партиски застраховки ,

За респект е секој што работи било каква приватна работа или ИДЕЈА.

ако навистина ти оди бизнисот ќе те дерат од банки па даноци ,па ова она ,

Целта ќе им биде да се откажеш ,

Можеби во Косово и Албанија се прават добри пари е сега колку е сигурно не знам.

Како и да е да возиш такси ќе имаш за леб и ништо повеќе.
 
A

Accipiter82

Гостин
Енергетска ефикасност знаеш ли со кој поим највеќе се употребува? Со она што вие воопшто го немате чепнато она што е најбитно - таму каде што живееме: НИСКОЕНЕРГЕТСКИ КУЌИ, low Energy House.... пасивни куќи. Таа тема треба да ја обработите, а не *зелени бикини* или соларни канти за отпадоци.... Ќе преживееме ние и без едното и без другото, но куќите во кои ќе живееме ние или следните генерации СЕ НАЈБИТНА РАБОТА! Луѓето не се едуцирани, немаат информации што е тоа... но кога вакви специјализирани сајтови за Енергетска ефокасност не информираат за тоа, што може да очекуваме од останатите.... Е токму тоа може да биде *зелен бизнис*.... и рециклирањето на секундарните материјали.... никако пелетите, сега засега мислам ни соларните панели.... можеби идните генерации на панели!?
Енергетски ефикасен дом – мит или вистина?

Што е тоа хибридна куќа – интервју со Робин Бојчевски директор на АРЕСЕ Солушнс

Митови за „зелениот дизајн“ на зградите

Нискоенергетски градби

Толку за твоето тврдење дека немаме чепнато за пасивни куќу и дека го имаш разгледано сајтот. Да, можи да има уште повеќе натписи за оваа тема и ќе ги има. Значи прво добро разгледај го некој сајт па речи да ли има или нема тема.

За соларните панели. Се додека постојат и работат фирми кои произведуваат соларни колектори за топла вода значи да тој бизнис е исплатив инаку никој нема да се занимава со нешто ако не донесува добивка. Сакаш пример - Еуротерм Прилеп, а ги има уште и сите си работат
--- надополнето: Jul 20, 2011 10:28 PM ---
И да не останам должен за пелети или брикети. Едно прашање. Имаш можи пробано да се договориш за откуп на отпадниот материјал од пилани или така даваш генерални оценки или си слушнал од некого кој има слушнато од некој кој има пробано, или во најдобар случај имаш слушнато од прва рака?

Значи да има пиљевина и други отпад како нус производ од обработка на дрво има (и не само дрво каде е отпадниот материјал од земјоделството). Да ли тој отпад можи да се преработи во гориво и да се продава? Да можи. Е сега прашање е на вештина на потенцијалните инвеститори како тоа се сами ќе организираат - од откуп до продажба.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
http://www.time.mk/read/8441aaac21/2ec6d729d4/index.html
Eve kako se pocnuva biznis vo Makedonija citajte pa ce vi e jasno ..a na ovoj Dodevski treba da mu dadat nobelova nagrada

На тврдењето од новинарите дека иселеници од Австралија неколку месеци се обидуваат да отворат фабрика во Македонија, но се заглавени во лавиринтите на катастарот и општина Ѓорче Петров, Додевски немаше друг коментар освен дека не знае за случајот, но Владата правела многу за привлекување странски инвестиции во државата.

Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906

Немој само од тајм.мк да постираш линкови жити све..
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
тоа со пелетите добро звучи, пиланите порано ја даваја без пари онака колку да им ја тргнеш а сега ( лани) ја даваја 10 или 20 денари вреќа наполнати готови.и се тоа би било во ред ако немаше еден до два три четири реални проблеми кои го прават овој бизнис малце нереален.
првиот е дека пилевината како таква е многу габаритна и тешко пренослива роба( ем фаќа голем волумен ем малце маса има) , да не речам неисплатлива за носење што значи дека пелетарата или брикетарата препорачливо е да биде во самиот круг на фабриката оти инаку ништо не правиш.
другиот проблем кој е позаебан е влажноста на таа пилевина.таа треба да биде од 12 -17% влажност , не повеќе не помалку.заебанцијата е што повеќето пилани кај нас работат со сурово дрво кое како такво е со многу поголема влажност а со самото тоа и пилевината ќе биде со осто таква влажност.а пилевината да ја исушеш ти треба повеќе енергија од да ја претвориш во пелета или брикета.немојте да се лажете дека сама ке се исуши на сонце или така нешто.едноставно нема да се случи посебно не ако се работи за големи количини како на пример еден тон дневно колку што имаат можност да обработат повеќето машини за брикети или пелети( тука секако не спаѓаат огромните фабрички пелетари или брикетари со капацитет од 100 тони дневно пошто во цела македонија нема да собереш толку пилевина дневно).
значи ви треба дрвна индустрија што работи со веќе суво дрво како паркет на пример.е тогаш да има есап.
трет проблем е пласманот на пелетите.за наш пазар доволни ви се еден тон дневно или некаде ако успеете да прозиведете и продадете 100 тони годишно рачунајте дека сте успеале затоа што пелетите лани се движеа некаде околу 200 евра тонот.за надворешен пазар колку и да произевдете ако најдете пласман толку ке ви откупат нормално ако имаат доволно калории и се квалитетни( да не навлегувам во детали ама ке речам најбитен фактор е пепелноста на пелетите).
значи доаѓа четвртиот проблем а тоа е материјалот и квалитетот на истите.точно е дека пелетите можат да се прават од се што е органско или растително.од тутун до сено и трева лисја.буквално се.ама има еден проблем.пепелноста.ако пелетата ствара голема количина на пепел тогаш потрошувачот ке се отепа чистење и заебавање со печката поради што ке му гасни затнува блокира и тн( ова го знам од искуство пошто лани ги монтирав сервисирав и програмирав).за своја домашна употреба можете не е проблем посебно ако ги знаете сетинзите на печката и нејзините перформанси за да ја наштеловате на таков тип на пелети.но за широка потрошувачка нема шанси затоа што печките се веќе приближно штеловани на пелети од бука како материјал кој ствара најмалце пепел или комбинирано со даб.дури и ако печката ви е штелована на одреден тип на пелети ако земете од друга фирма кои се некоја класа понеквалитетни( мешавина со трева сено и што ти не знам јас што) одма ке се забележи разлика во калоричноста и потрошувачката на истите и нормално во одржувањето.што значи дека иако имате неограничен извор на органски одпад со кој би можеле да правите пелети ако не можете да ги истиснете регуларните пелети од бука од пазарот( локалниот барем) тогаш ништо од идејата.никој нема да ви зема затоа што ке си имаат проблеми со печката.
значи сума сумарум ако немате пристап до веќе сува букова пилевина или комбинирана од која поголемиот дел е бука тогаш не ни размислувајте за нешто посериозно освем за свои домашни потреби.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

..сума сумарум..производството на пелети не е работа за мал бизнис......или имаш пари и знаење да воспоставиш индустриска инсталација со ГОЛЕМ КАПАЦИТЕТ и евтин квалитетен производ или и малкуте пари кои ги имаш за инвестиција ги џиткаш низ пенџере..:)
...со гранки, трева , лозови прачки..друго неквалитетно дрво, рециклирани врати и прозорци и слично..... има еден друг занимлив бизнис во областа на загревањето и продавање топлинската енергија за кој вреди да се размисли, ама мислам дека сепак во Македонија не му е дојдено времето.., ако воопшто и дојде некогаш..
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
не не погрешно ме свативте.тука и да сакаме нема капацитет за голем фабрички капацитет за производство на пелети, едноставно немаме толку голема дрвна индустрија која ке произведе толку одпад за таков капацитет( освем во берово мислам дека беше а тие веќе происведуваат брикети).
Но ако има некој пристап до мал преработувачки капацитет кој вади сува пилевина од бука или така нешто и може да обезбеди барем 400-500 кг пилевина на ден тогаш да вреди да се иневстира во овој бизнис и да се бори на локалниот пазар.една проста математика само
со 500 кг пилевина излегува 500 кг пелети на ден , а тоа е да речиме со сегашната цена на пелетите околу 100 евра на ден кои ке ги направи машината за 5 или 6 сати ако земиме во предвид дека се нема да течи така едноставно( нема да заглави нешто бла бла бла).таквите машини претежно имаат капацитет од 100 кг на сат и имаат потрошувачка од 7 - 8 кв/ч стуја.па ако ги додадеме дополнителните трошоци како паковање ,работна снага превоз и некој други давачки излегува дека отрпилика
за струја ке потрошите индустриска околу 400 денари за 6 сати, дневница за дечкото ако имате потреба од таков 500 денари ( зборувам за 5 сати надница а не за регистриран работник), амбалажата најлонска не е посебно скапа и нема да влијае посебно на цената или со се се друго имате давачки од око кажани максимум преку сила 2000 денари.тука не ги спомнувам непланирани девекти на машината и резервните делови кои мора да се заменат и општо непланирани трошоци затоа што и се непланирани и не очекуваме дека секој ден ке ги има нели!!
па така ви остануваат едно добри 4000 денари на ден за 5-6 сати работа што и не се така малце ако се земе во предвид дека просечна дневница во македноја е 500 денари.
па да земеме дека временските услови за оваа работа одговараат само во касна пролет лето и рана есен пооради влагата( секако ако сте во хала тоа нема да биде проблем) значи некаде 8 месеци во годината. 8 х 26(работни дена) = приближно 200 работни дена а тоа се 100 тони пелети во просек.
100 тони х 8000 денари = 800 000 денари чисти = 13000 евра поделени на 12 месеци иди некаде од 1000 евра плата месечно ( од оваа сума се веќе одземени трошоците за струја и други тракатанци).
па сега и ако имате фирма и си платите осигурање пензиско и здравствено сепак ке имате многу добра заработувачка во однос на просекот во македонија, ке си бидете свои на своето сам свој газда што би рекле и ке имате одмор од 4 месеци во годината што и не е така лошо.
и тоа сето ако имате пристап до 500 кг сува пилевина, ако имате повеќе тогаш и заработката ке се зголеми.ако имате пристап до помалце тогаш нормално ке се намали ама тука ви се основните пресметки па можете да израчунате дали ви се исплаќа или не.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Енергетски ефикасен дом – мит или вистина?

Што е тоа хибридна куќа – интервју со Робин Бојчевски директор на АРЕСЕ Солушнс

Митови за „зелениот дизајн“ на зградите

Нискоенергетски градби

Толку за твоето тврдење дека немаме чепнато за пасивни куќу и дека го имаш разгледано сајтот. Да, можи да има уште повеќе натписи за оваа тема и ќе ги има. Значи прво добро разгледај го некој сајт па речи да ли има или нема тема.

За соларните панели. Се додека постојат и работат фирми кои произведуваат соларни колектори за топла вода значи да тој бизнис е исплатив инаку никој нема да се занимава со нешто ако не донесува добивка. Сакаш пример - Еуротерм Прилеп, а ги има уште и сите си работат
--- надополнето: Jul 20, 2011 10:28 PM ---
И да не останам должен за пелети или брикети. Едно прашање. Имаш можи пробано да се договориш за откуп на отпадниот материјал од пилани или така даваш генерални оценки или си слушнал од некого кој има слушнато од некој кој има пробано, или во најдобар случај имаш слушнато од прва рака?

Значи да има пиљевина и други отпад како нус производ од обработка на дрво има (и не само дрво каде е отпадниот материјал од земјоделството). Да ли тој отпад можи да се преработи во гориво и да се продава? Да можи. Е сега прашање е на вештина на потенцијалните инвеститори како тоа се сами ќе организираат - од откуп до продажба.
Не е тоа тоа! Барем не она што го очекував или еден потенцијален корисник на една ваква куќа. Не зборувам јас за Хибридна куќа. ниту за енергетски ефикасен дом, зелен дизајн или за марсовци..... Зборувам за Нискоенергетските куќи (Low Energy House) или за пасивни куќи Passive House. Мислев дека во поднасловот Нискоенергетски градби ќе најдам нешто од оваа материја ама се излажав..... Ете некој Питерсон објаснувал дека за нискоенергетска куќа, требало повеќе од тоа да се купи *штедлив* бојлер.... но и многу повеќе од тоа да се гаси мониторот или да се става на стенд бај, да се гасат ДВД-јата.... или да се гасат сијалиците! Веќе кога чланакот носи име *градби* каде ви е разработена таа тема? Само за Hi-tech технологии и трици еколошки и економични сијалици од 500 денари или панели за топла вода кои со бојлер ќе вио заштедат електрична енергија толку колку за 15 години да ја исплатите инвестицијата.... или што велите:
Можел да се управува преку компјутер и притоа ја исклучува струјата на одредени штекери според програмиран тајмер или рачно, со кликање на глувчето. Се разбира, ова е само еден дел од мерките кои може да се преземат за да го претворите вашиот дом во нискоенергетски или енергетски независен
ова ли е за нискоенергетската градба? Што не кажувате вакви работи? :ROFLMAO: ..... А каде е градбата?
Погледнете ги словенските сајтови што ја обработуваат оваа тема, или хрватски, српски... па спореди го овој натпис кој незнам зошто носи наслов нискоенергетски градби!?
А за пелетите или брикети не прашувај дали имам слушнато.... слушнато имате вие од ојле дојле можеби.... и сосема ПАУШАЛНО пишувате дека било ТОП! Јак бизнис и тоа зелен...! Ееее штом е зелен....:D
Јас сум во бизнисот те фирмата во која работам, од сопствениот отпад и некорисен материјал, произведуваме брикети и горе-доле верувај ми ја знам проблематиката!.... Ти објаснива МКД Владе и Конкрит, напишав и јас што мислам за пелетите....несакам да се повторувам!
Еуротерм можеби не, но повеќето од фирмите кои монтираат сончеви колектори, само кубурат на ивица на рентабилноста, како и повеќето бизниси. Еуротерм можеби и се успешни, ама не се само во производство и монтажа на солар-колектори, туку монтираат и системи за централно греење и климатизација..... еден топол сончев ден (а можеби и порано) кога ќе се измислат поисплатливи соларни колектори.... можеби бизнисот нема да биде само продавање *топла вода*.... Сега-засега, ќе речам ЗА ЖАЛ за овој бизнис неможе да се каже дека е добар и многу профитабилен.
 
A

Accipiter82

Гостин
...... Веќе кога чланакот носи име *градби* каде ви е разработена таа тема?
.............А за пелетите или брикети не прашувај дали имам слушнато.... слушнато имате вие и пишувате дека било ТОП!
Еве Змиго еден предлог прати текст за нискоенергетски градби едуцирај не не само нас веќе и другите луѓе со задоволство ќе го објавиме.

А за палетите и брикетите, на блогот се пишува за нивните карактеристики како потенцијално гориво. Податоците шти ги прикажавме не ги измисливме тие се, тоа е факт. Никаде во текстовите не пишувавме дека бизнисот со брикети е ТОП како ти што тврдиш. Во текстот зелени бизниси производство на пелети го спомнавме како потенцијален добар бизнис. Па и самиот МКД Владе според неговите пресметки потврди дека производство на пелети/брикети е потенцијално добар бизнис за наши услови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom