Идеи за Македонија

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] 1 "Ти си Македонија" и "Од тебе зависи" се слоганот и пораката на новата владина кампања. Според објаснувањата, кампањата била потребна бидејќи "индивидуалната одговорност и енергија се претвориле во пасивност, бездушност и апатија".
Значи тоа било работата. Билбордите со тупаницата што ми се заканува треба да ми ја вратат душата и да ме извлечат од апатија. А јас, пак, си мислев дека требало пари да се исперат.
Уште кога ја најавија кампањата, се чудев зошто Груевски има потреба да ме убедува дека јас сум Македонија.
Е па сум! Сум останал тука, тука ми живеат децата, одат во државни градинки, чесно и успешно работам, плаќам данок, гласам на избори, немам бугарски пасош, ме малтретираат во редиците за визи, се лекувам во јавното здравство и нема да одам на одмор во Грција.
И Владата сега, место да си ја заврши својата работа, сака да ме убеди дека јас сум во апатија и не сум доволно свесен за Македонија, па ќе ме освестува со билборди. И тоа со мои пари.
Не, господине Груевски. Ти си Македонија! Затоа што ти си на власт и ти треба да создадеш услови за да бидам јас горд, да не бидам пасивен, бездушен и да не ме држи апатија. Јас покажувам секој ден што правам за Македонија. Ај сега ти покажи што имаш да направиш за Македонија. Никој не ти брани. Напротив.
[/FONT]
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
razmislete...za ova bar mislam deka e top napisano.Sekoja cest
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Насловот на топикот е идеи за македонија а:
епа....
1.Да воведиме еднопартиски систем (по можност партија која ке сака да имплементира комунистичка платформа)
2.Моежеме да го смениме уредувањето во монархија,на чие чело би избрале некој харизматичен лидер во стилот на Кастро или Чавез(ако можеме да нејдеме некој таков во Мкд :)).

Тоа се моите идеи за подобра Македонија!!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
тотално нелогичен чекор??? а и темава со време станува излишна, една идеја не падна
Како бе “не падна“ ни една идеја,идејата да се намалат придонесите за вработените “падна“ и Трајко си ја зеде како предизборен маркетинг на ДПМНЕ.Е затоа не ми се даваат идеи пред избори.Добро сега има и придобивки,барем ги натеравме политичариве да читаат Кајгана,нели?:toe:
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
тоа не еидеа...туку алатка да се испразни буџетот..кој маж ке ја реализира...????
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
тоа не е идеа...туку алатка да се испразни буџетот..кој маж ке ја реализира...????
Јас мислам дека така се полни а не се празни буџет,само требаше намалување од 50% а не од минимални 10%.Кај армија со 400 000 невработени,кој не плаќаат во, туку само левитираат од буџет,единствено и практично решение е намалување на придонесите за вработените.Тоа треба да биде радикално доколку се сака да се постигне позитивен ефект,а не како што му “текнало“ на Трајко со што нема да се постигне апсолутно никаков ефект.Мислиш ли дека газдите на фирми кој вработуваат работници ќе се сложат да вработат некого само за 500 денари помали давачки?Тоа ти е предизборен маркетинг и нешто колку да се опстојува по медиумите како “реформска влада“.:toe:
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Јас мислам дека така се полни а не се празни буџет
добро де...се празнат партиско членство...кој ке иде во партија ако нема работа, 20% повисока плата за клати врата....

идеите се презентерини...реализатори малку а кочничари еден куп...
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] 1 "Ти си Македонија" и "Од тебе зависи" се слоганот и пораката на новата владина кампања. Според објаснувањата, кампањата била потребна бидејќи "индивидуалната одговорност и енергија се претвориле во пасивност, бездушност и апатија".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Значи тоа било работата. Билбордите со тупаницата што ми се заканува треба да ми ја вратат душата и да ме извлечат од апатија. А јас, пак, си мислев дека требало пари да се исперат. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Уште кога ја најавија кампањата, се чудев зошто Груевски има потреба да ме убедува дека јас сум Македонија. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Е па сум! Сум останал тука, тука ми живеат децата, одат во државни градинки, чесно и успешно работам, плаќам данок, гласам на избори, немам бугарски пасош, ме малтретираат во редиците за визи, се лекувам во јавното здравство и нема да одам на одмор во Грција. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]И Владата сега, место да си ја заврши својата работа, сака да ме убеди дека јас сум во апатија и не сум доволно свесен за Македонија, па ќе ме освестува со билборди. И тоа со мои пари.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Не, господине Груевски. Ти си Македонија! Затоа што ти си на власт и ти треба да создадеш услови за да бидам јас горд, да не бидам пасивен, бездушен и да не ме држи апатија. Јас покажувам секој ден што правам за Македонија. Ај сега ти покажи што имаш да направиш за Македонија. Никој не ти брани. Напротив. [/FONT]
ТАЧНО!!!!
:)
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
"Ти си Македонија" и "Од тебе зависи" се слоганот и пораката на новата владина кампања. (покрај многуте други кампањи)

Кога некој ќе ја восприеми оваа порака од владата може да изреагира на начин како што веќе видовме погоре... Меѓутоа јас како ја сваќам оваа порака...

Пред неколку години кога бев на стадион со црвена маица и сонцето од курлеш на неа, можев да забележам многу луѓе од мојата генерација на јужната трибина а и постари и помлади исто така.. со Југословенски дресови и НеМакедонски спортски мотиви на нив кои ги вееја со став како да знаат всушност што прават.... тие истите воопшто не збореа спрски и не беа срби :toe:

А сепак... фудбалскиот натпревар беше меѓу Македонија и Србија

Друг пример кој ќе го посочам до вас е на денот на независноста на Република Македонија пред исто така неколку години се случи Србија да стане Светски првак во кошарка.. и шетајќи се низ нашиве скопски улици можев да забележам доста коли со Југословенски и српски знамиња и луѓе со дигнати три прсти во вис.. а тие истите повеќето се декларираат како Македонци и воопшто не се презиваат дури ни на ИЧ, бидејќи многу добро ги познавам кои се... А сепак на денот на независноста тие не слават со државни знамиња... туку го слават тоа што некоја си Србија станала светски првак во кошарка ....

Овие слогани на владата според мене, се токму правилните слогани коишто колку-толку ќе допринесат за менување на свеста на тие „Македонци“ и ќе им дадат до знаење што всушност тие прават со таквите нивни непромислени акти.

Слоганите на оваа влада коишто ги споменавме воопшто не допираат до мене како иницијатива за убедување дека јас сум Македонија и Македонец, бидејќи јас бев и сум тоа уште многу време пред да се појават тие слогани. Тие треба да допрат до оние коишто прават токму такви непромислени и анти-Македонси потези.

Зарем мислите дека ако Македонија стане светски шампион во билошто Србите ке веат Македонски знамиња.. па уште згора и на денот на нивната независнот ??? Паа... и не би рекол!

Доколку тие слогани барем најмалку ја поткренат нивната Македонска свест на едно повисоко ниво и општо делуваат да се зајакне нашиот идентитет во вакви моменти... верувам во нивната целосна оправданост.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
"Ти си Македонија" и "Од тебе зависи" се слоганот и пораката на новата владина кампања. (покрај многуте други кампањи)

Потполна поддршка за тебе...










/quote]
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
ИДЕИ

Инаку.. бидејќи насловот е идеи за Македонија, би ги истакнал и моите размислувања околу наведениот наслов:

1. На државните објекти кои ќе ги гради владата да биде застапен минимум еден Македонски симбол од минатото коишто претстаува наш идентитет.

2. Да се изгради Македонски музеј во кој ќе биде отсликано нашето многу вековно, или подобро кажано повекемилениумско патешествие на оваа земјена топка, со слики, предмети и текстови...

3. На влезот на странски државјанин на територијата на Република Македонија да му биде бесплатно поделена кратка брошура или книже во тој стил, каде накратко ќе бидат прикажани Македонските дела, историја и места.

4. Да се посвети поголемо внимание во образовниот систем од 1во до 8мо одделение во областа на историјата која ја изучуваат нашите Македоснки деца.

5. Да се поделат бесплатни истории на нашата дијаспора и да се поделат бесплатни примероци на Македонската историја на сите видни историчари ( и институции ) познати во светот

6. Да се воспостави контакт и однос со нашата дијаспора на база на размена на деца од 8 до 18 годишна возраст при што во летниот или зимскиот период на одредено време ќе доаѓаат Македонски деца од странство и ќе престојуваат во Македонија при што ќе им се пополни времето преку разни активности со Македонски теми и активности.

7. Да се искористат луѓето коишто ја владеат урбаната култура и да се направат цртежи или графити во сите градови со Македонска тема претставена во истиот тој урбан стил.

8. Под итно да се инвестира во Танец и сличните на него културни друштва.. да се отворат нови, и да се прошират веќе постоечките.

9. Да се подели бесплатен примерок на Македонско знаме на секоја фамилија во Македонија.

10. Да се издадат Македонски државјанства на Македонците во Турција коишто се во значителен број и имаат побарување за истото веќе подолг период.

11. Да се мотивираат луѓето да продолжат да живеат во селата и тотално да им се даде целата подршка за земјоделството и сточарството.

12. Да се реновираат сите училишни устнови во сите градови и села, а воедно да се снабдат со библиотки кадешто ќе може учениците без никаков проблем да се обраќаат за информации и самоволно да читаат литература.

13. Да се изгради грандиозен споменик на плоштадот во Скопје од Филип втори.

14. Да се изградат споменици на сите заборавени Македонски дејници и борци и луѓе коишто се еквивалент со Македонскиот идентитет.

15. Да се изградат станбени згради во тетово, гостивар и струга коишто на некој начин ќе бидат поделени на Македонски млади брачни парови со договор да несмеат да ги продаваат и дека воедно ќе им бидат одземени ако во следните 10 години не направат 2 деца, за кои ќе добијат финансиска и институцијална поддршка.

16. Да се направат интернет страници за Македонската историја, Македонскиот туризам, и воедно за се што имаме да му кажеме на светот. Проектот да биде инвестиран од владата на Р. Македонија.

17. Да се заштитат многу брендови кои потекнуваат од Македонија со името Македонски ова, Макдонски она итн итн...

18. Да продолжи акцијата со садење дрва во Македонија бидејќи можам да кажам беше со одлични резултати а и ќе роди со плод во следните 5,6 години.

19. Да се развие селскиот туризам на многу повисоко ниво, а воедно тоа да биде и извор на дел од финансиите на самото селото.

20. Децата од Македонија и од дијаспората да се носат по најубаите делои од Македонија од кои можеме да направиме одлична листа.

21. Напорно да се работи на воспоставување контакт со семакедонското население во Егејска и пиринска Македонија. Да им бидат доделени бесплатни примероци наисторија и литература. Да им се отворат канцеларии и збирни места каде ќе го негуваат Македоснкиот дух и култура. Истите тие луѓе да се носат во Македонија и да им биде пружена поволна можност да се запознаат со нашиот народ и нашите убаво места кои никогаш не ги виделе во својот живот.

22. Да се изгради меморијален центар за сите загинати Македонци во геноцидот од страна на Грците во Егејска Македонија. Нешто слично како меморијалниот центар коишто го градаи еврејската заедница на Република Македонија од другата страна на вардар (под калето) Такви центри да се изградат во Америка, Канада и Австралија.

23. На денот на независноста да има парада во главниот град на Македонија - Скопје.



и многу многу други... кои ќе ги напишам кога овие ќе бидат остварени
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Инаку.. бидејќи насловот е идеи за Македонија, би ги истакнал и моите размислувања околу наведениот наслов: и многу многу други... кои ќе ги напишам кога овие ќе бидат остварени
Ова е топ, ама заборави уште една работа...За да и се зголеми угледот и кредибилитетот на Република Македонија низ светот, треба дел од нашите "добронамерни соседи" да се извинат за историјата на Македонија,(исто како што тоа го направи Ангела Меркел за жртвите на геноцидот во Втората Светска Војна,) и за страдањата на Македонците кое продолжува и денес на нивните територии.:helou:
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Абе види сеа ... ние треба да очекуваме да ни се извинат други за тоа што тие или некои трети ни го направиле ??

Па и да ми се извинат, нема да ги врати сите жртви паднати од 1903 до денеска ... реално гледано ... никој нив нема да ги врати!

Ако некој простува, тоа сме ние КОН нив ... !

Затоа велам дека ние како народ Македонски треба работата да си ја земеме во наши раце безразлика што другите велат и прават. Ние си имаме држава и си имаме свест. Си имаме паметни генерации (колку-толку) и велам дека треба да му се даде место на тој што сака да работи за Македонија!

Ако се започне и заврши со идеите кои ги набројав во следните 10 години.
Можам да кажам дека сме на коњ!

А Гркот, Бугаринот, Србинот, Англичанецот, Французинот и Русинот нема потреба да ми се извинуваат.... само нека не ми стојат на патот како што го правеле тоа во последниве 200 години. Мене и тоа ми е доста!
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Така јет...(што би рекол Колозов), само со самото извинување со друго око ќе не гледа светот, инаку се согласувам дека никој нема да ги врати жртвите ама тоа е морален чин...а за 10 години...здравје боже.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom