Мислам дека не постои одредено време за стапување во брак, тоа треба да се почувствува или едноставно да се создадат можности и околности за заеднички живот, желба и насоченост. Сепак бракот не е мал чекор и пред се мора да постои голема сигурност од двете страни и нормално љубов и подготвеност на сите обврски што ги сноси оваа институција.
Кога би морала да одберам кога, би се одлучила за заеднички вонбрачен живот на возраст од околу 24-25 години од чисто репродуктивни, љубовни причини и сопствени принципи.