Игор Џамбазов со ново шоу „ЏИШ“

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.677
Поени од реакции
8.106
Можеби ова ќе започне 31-ви Декември ,сигурно го чуваат за новогодишната програма
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Иииии МТВ се препородија еј. И нека е утка шоуто ама битно да има нешто ново македонско.
МРТ Рулззззззз :D
Logo_of_the_Macedonian_Television_2012.svg.png
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Иииии МТВ се препородија еј. И нека е утка шоуто ама битно да има нешто ново македонско.
МРТ Рулззззззз :D
Прегледај го приврзокот 57146
Тоа ми е и мене муабетот деновиве. Баш прееска гледав на Алфа дел од емисијата “Еден бакнеж“, каде наши пејачи изведуваа стари македонски хитови и излегуваа на екран облачиња со информации за песните, кога, што како и се израдував како мало дете, ама баш како мало дете, си пеев заедно со нив и станав и си играв низ дома.:icon_mrgr:
Тоа ни е потребно, повеќе домашна програма и продукција. На почеток можеби ќе има несовршености, но подобро да се почне од некаде, па потоа да се корегираат грешките и да се зголемува квалитетот, отколку само да се купуваат ОДВРАТНИ серии кои шират депресија и негативна енергија со НЕРВОВАДАЧКИ синхронизации, каде сите плачат, умираат и слични депресивни појави.
Не може да имаш среќен народ, ако главна тематика на сите серии кои ги купуваат телевизиите е смрт, скршени срца, криминал, убиства, плачење и слично... Потребна е домашна програма, повеќе емисии, музички и забавни, квизови (не, она со кутиите на Сител за мене не е квиз) со прашања налик Милионер. Порано имаше милион квизови како Без паника, Енигма (или нешто така) и баш беше забава за цело семество, сите се собираат и се обидуваат да погодат прашања од дневна и фаќаат сеир на натпреварувачите. А сега, која забава за семејство? Мајка ми и баба ми во една соба, ја во друга дремам на интернет, затоа што ни на крај на памет не ми е да седнам и да се измачувам себеси покрај телевизор и да гледам како цимолат и плачат и вриштат. Пошто демек не сме доволно изложени на стрес и негативна енергија во секојдневието, па сега уште и сериите ни фалеа за малце драма и депресија. И ќе ми речат: Ти цело време на компјутер, не седиш со нас ко порано. Викам: Па како да седам, ме измачува едноставно само кога ќе ги чујам у проаѓање до ВЦ или кога влагам/излагам од дома, не па да седнам пред телевизор и да ги гледам. Или оние грдине глупи реални шоу-а. Одвратно.
 
Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608

Кај ме потсети на Енигма на Сител со Лила. Едвај чекав да дојде четврток и да гледам. Мтв полека се враќа на старите патеки,уште еден таков квиз и некоја Македонска серија фали и ке биде топ.
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
ЏИШ и Игор Џамбазов стартуваат на 10 февруари

Долгоочекуваното шоу на мега популарниот Игор Џамбазов стартува на 10 февруари. Недела ќе биде денот резервиран за ЏИШ кое ќе се емитува на МТВ.
Игор Џамбазов најпрво најави дека шоуто ќе почне во октомври, нопоради технички причини тоа е одложено за 10 февруари. Се најавува спектакуларно, досега не видено шоу.

Во последното интревју кое Џамбазов го даде за првиот број на „Република“ изјави:
- ЏИШ не е класично ток шоу. ЏИШ, всушност, не е ни ток шоу. ЏИШ е телевизско шоу слично на „Седуммина млади“, најгледаното ТВ-шоу. Има малку „Седуммина млади“, малку Бени Хил, малку Мистр Бин… Однапред смислени точки, кои се монтираат со метрика, динамика, не траат многу, не го заморуваат гледачот и кои ќе бидат духовити. Ќе има музички точки, скечеви, римејк на познати филмски сцени. Македонски познати личности ќе глумат со мене заедно. Најважниот, односно најсериозниот дел од ЏИШ – ќе направам антологија на македонската поезија. Најпознатите 40 македонски песни, затоа што во првата сезона ќе има 40 ЏИШ, ќе се најдат во таа топ-листа. Ќе направам 40 поетски спотови, со музика и драмско дејство. Не зборуваме за кажување поезија во парк кај езерцата или на кеј за да има убава природа. Зборуваме за драматизирани сцени. Тоа е нешто што ќе остане. Македонската поезија вреди многу, а досега не била третирана така како што треба. Не ја третираат добро својата поезија ни нашите соседи. Мислам дека нашата екипа ќе биде прва што ќе направи сериозен пристап кон македонската поезија. Ќе одиме од Т`га за југ, па сè до поезијата на новите, млади поети. Ќе имаме и дел откривање на нови таленти. Но не како што тоа се прави во овие реални шоу, туку таленти над 60 години кои никогаш немале можност да го покажат она што го знаат, а го знаат многу добро.

-Јас ќе ги глумам сите ликови. Ќе се појавува лик кој ќе се вика Александар Антички. Потоа Кирил Македонски и Дејан Европски. Тоа се тие три опции на Македонецот. Едниот мисли дека ги влече корените од антиката, другиот кој тврди дека е чист Словен кој допатувал од Дунав и едниот малку геј што сака да оди во Европа. Тоа е мозаик од ситни анегдоти, вистински вицеви, па се до сериозни драмски сцени. Можеш ли да замислиш како ќе изгледа последната сцена од Казабланка во која на местото на Ингрид Бергман и Хемфри Богарт се појвуваме јас и Калиопи… Најважно ми е што дојдов до човекот со кој сакав да го работам ова, Бојан Трифуновски, кој ќе биде официјален режисер и косценарист – додаде тој.
извор:http://republika.mk/?p=12686
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Имавме проблем со авторските права за користење на името :), мада по преговори во 8 очи (јас со наочари, Игор со наочари) успеавме да најдиме заеднички јазик и да постигнеме заемно прифатливо решение кое не задира во идентитетот и не ги поминува џиш црвените линии.

Затоа, со Џиш напред во нови рекорди! Нека е со среќа. Или шо би рекле Queen - Show must go on!
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Има малку „Седуммина млади“, малку Бени Хил, малку Мистр Бин… Однапред смислени точки, кои се монтираат со метрика, динамика, не траат многу, не го заморуваат гледачот и кои ќе бидат духовити.
Кое е ова Седуммина млади?
 
CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
uff kolku fali vakvo sou ili stariot dobar dzandar zbira so maestro IG fali nekoj dobar kviz od tipot na milioner ili moebi ako nekoj se sekjava na vrtko se vrti kako bese toj, tv krstozbor imase nesto interesno ali bingoto bese neso nezaboravno ,e sega jas ne se slagam okolu tajmingot bas sabota i nedela kolku tolku davaat po nekoj igran film neka odese vo sreda neka probase makedonskata produkcija da im se sprotistavi na naplivot od turski seriii bas toa sakav da go vidam koj sto ke gledase
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Во кои термини ќе има реприза?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom