ИТ фирми и пракси во Скопје

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Пријател ако веќе одиш на тоа што повеќе ти се исплати, у чиста загуба си да работиш за наша фирма односно фирма што регрутира кадри на наш пазар. Значи западно-европски/амерички бруто плати на сениор девелопери ти се минимум дупло поголеми од тоа што ќе ти предложи некоја од HR. Најмал проблем у тој случај се парите за пензиско.
Да не ја труеме другата тема ќе те цититирам тука.
Има една народна што вика: „Во Солуна грош сомуна, до Солуна сто сомуна".
Знам колку плаќаат Европските, и знам како оди со најава дека не им треба повеќе сервисот и трчање да најдеш друг клиент за вработените, колку пари губиш кога вработениот е на одмор/боледување, колку пари губиш за празници, како оди пазарењето за саатите, како оди кога ќе ти намалат обем на работа, колкави се трошоците за фирма и тн.

Ете и за фриленс пресметај ти колку ќе земеш ако работиш 10 месеци (20+ денови одмор + уште скоро толку празници), и ако легално си платиш се на државата, направи математика како ќе го организираш тој период со клиентот (него му треба сервис, го заболе дека ти сакаш да одмараш), и врати се да ми објасниш да научам и јас :)

На крај од денот никој не отвора фирма и не те зема на работа оти си убав, или оти те сака, туку поради профит.

А тоа со фриленсот е крива државата, да бидеме реални, освен низок данок се друго е дибидус за водење на бизнис, или треба да тргнат за сите да биде исто без замаранции, или да го затегнат со фриленсерите, а и општо со сите сиви пари.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968

Не секој сака да се ебава со отварање на фирми.

Не знам што подразбираш под фриленс, ама кога работиш за странска фирма склучуваш договор исто ко кога се вработуваш во наша фирма. Ти стои само бруто плата во зависност на перидот на кој те исплаќаат. Се водиш според нивни празници и ти стои колку дена одмор ти следуваат. Ја имам повеќе слободни денови сега отколку во било која македонска фирма за која сум работел. На државата си плаќам персоналец, за пензиско колку да тече стаж ако сакаш можеш да пробаш да најдеш фирма и сам да си ја плаќаш платата.

Многу нормално, исто ко што и вработениот работи за надоместок и се стреми кон максимизирање на тој надоместок.

Зашто па со фриленсерите да го затегнат? Кај пари носат у државава, па уште да ги затегнат. Дури тогаш ќе имаш масовен brain drain. Фриленсерите си работат поштено, не се тоа никакви сиви пари.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Не секој сака да се ебава со отварање на фирми.

Не знам што подразбираш под фриленс, ама кога работиш за странска фирма склучуваш договор исто ко кога се вработуваш во наша фирма. Ти стои само бруто плата во зависност на перидот на кој те исплаќаат. Се водиш според нивни празници и ти стои колку дена одмор ти следуваат. Ја имам повеќе слободни денови сега отколку во било која македонска фирма за која сум работел. На државата си плаќам персоналец, за пензиско колку да тече стаж ако сакаш можеш да пробаш да најдеш фирма и сам да си ја плаќаш платата.
Епа тука лежи зајакот, небитно е за кого работиш, ти мораш да се придржуваш до правилата на игра во местото каде што живееш.
Државата од тебе е оштетена мин. 15% на сумата што ја заработуваш. Истиот ти доколку си вработен преку фирма во државата би оставил миним двојно повеќе од моменталните, а со твоја фирма уште 2 пати по толку и тоа ако си човек фирма.

Многу нормално, исто ко што и вработениот работи за надоместок и се стреми кон максимизирање на тој надоместок.

Зашто па со фриленсерите да го затегнат? Кај пари носат у државава, па уште да ги затегнат. Дури тогаш ќе имаш масовен brain drain. Фриленсерите си работат поштено, не се тоа никакви сиви пари.
Така де, исто како што е многу нормално фирмата да го максимизира профитот, никој не е Црвен Крст.

Генерално треба да важат истите правила на игра за секој, вака фриленсерот излегува привилегиран во однос на секој друг.
За Шпанија на пример од колега што живее таму знам дека си плаќа подеднакво како да е вработен во тамошните фирми, ако можат таму, зошто не и тука?

Еве јас со драго срце би платил само 11% на целата сума што останува + пензиско на минималец.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Така де, исто како што е многу нормално фирмата да го максимизира профитот, никој не е Црвен Крст.

Генерално треба да важат истите правила на игра за секој, вака фриленсерот излегува привилегиран во однос на секој друг.
За Шпанија на пример од колега што живее таму знам дека си плаќа подеднакво како да е вработен во тамошните фирми, ако можат таму, зошто не и тука?
Треба да важат. Па така чим треба да важат ќе го оставиш вработениот сам да преговара за своја плата со клиентот, нема ти да му ја одредуваш, а твојот профит ќе се состои од наплаќање на правно-административни услуги кон вработениот за кои што ти ќе трчаш за него, место он сам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Треба да важат. Па така чим треба да важат ќе го оставиш вработениот сам да преговара за своја плата со клиентот, нема ти да му ја одредуваш, а твојот профит ќе се состои од наплаќање на правно-административни услуги кон вработениот за кои што ти ќе трчаш за него, место он сам.
Финтата е што ти не си вработен туку самовработен, нешто најблиску до категорија трговец поединец. Ако гледаме објективно на работите си и нелојална конкуренција на останатите бизниси, привилегирано имаш помали трошоци со што си од старт во предност, значи државата самата работи против инвеститорите, т.е кон оние кои и го полнат буџетот и вработуваат.

Инаку за последното, на тоа е стигнато со македонските вработени, ако ги ставиш сите трошоци, ако ставиш дека работи 10 месеци и треба да му искешираш 3000-4000 евра бруто секој месец, парите ги чекаш по 2-3 месеци од кај клиентот, останува смешен процент.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Епа ете ти де, некои се и под 10% чиста заработка што е смешно за ИТ бизниси од ваков мал обем, а генерално им се движи околу 20% што е веќе задовололитен. Како прво не се огромни корпорации од типот на Гугл па 10% да е wow профит, и плус дел од овие се присутни со свои канцеларии на пазарите каде што нудат услуги. Во превод: не се нудат како „поефтин аутсорсинг“, туку како компанија која нуди професионални услуги во таа држава (пример како македонска компанија да фати работа пример за МК Телеком по стандард цена, и да аутсорсира некој од Африка).

Ако си втора рака цените се уште пониски, а дури и да се исти пак на 100-200к инвестиција тоа се 15-20к евра заработка и тоа да се скапиш во трчање по клиентите (ако е газдата програмер повеќе пари ќе извади од програмирање).

Има пари, далеку од тоа дека нема, само процентот е драстично паднат од тоа што беше пред неколку години, и конкуренцијата е силна за да фатиш нов клиент.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Морав да ги гуглам Фуриос Авокадо пошто немам слушнато за нив ама испадна дека ги знам само не им знаев име. Браво за соодносот на приход и добивка со оглед на тоа што се 11 вработени(на линкедин).
 
Член од
15 март 2009
Мислења
68
Поени од реакции
15
Здраво дечки. Ваше искуство/мислење за ИТ фирмата The Bright Box? Моментално го прошируваат тимот и ме исконтактираа за разговор, па ме интересира некој ако знае повеќе за нив. Фала.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
783
Поени од реакции
262
Здраво на сите. Имено по завршувањето на факултетот, седам дома повеќе од две години зашто нели кај нас по струка ако немаш врски, нема шанси да се вработиш.
Видов дека многу луѓе со слични судбини како мојата, се преусмеруваат и одат на обуки, пракси во некои од овие ИТ компании/школи, и релативно брзо се вработуваат. Може ли некој да ми помогне, да ме упати од каде и како да почнам? Би му бил многу благодарен.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Здраво на сите. Имено по завршувањето на факултетот, седам дома повеќе од две години зашто нели кај нас по струка ако немаш врски, нема шанси да се вработиш.
Видов дека многу луѓе со слични судбини како мојата, се преусмеруваат и одат на обуки, пракси во некои од овие ИТ компании/школи, и релативно брзо се вработуваат. Може ли некој да ми помогне, да ме упати од каде и како да почнам? Би му бил многу благодарен.
А која струка си?
 
C

confusion

Гостин
Си купив два курса на udemy за software testing од некои индијци, као бестселер беа и на попуст. Како побогу ги слушате индијциве, квалитетни се со објаснување и материјал ама како ги навикнувате да ги слушате, ме умара за кратко :D
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.822
Поени од реакции
10.551

Ако се од Rahul Shetty гледај ги на 1.5 брзина, јас така ги гледав инаку заспивав. А на индискиот акцент се навикнуваш после стотици саати изгледани туторијали. Може серат по улици таму во Индија, ама и факултетска диплома и работа ми дадоа мене. :D
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.822
Поени од реакции
10.551
Покрај толку квалитетни туторијали, тие индијци земале да гледаат.
Јебига тие ги има на торент без пари, кога си студент не бираш, парите ти се за други работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom