Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.516
Да не ја труеме другата тема ќе те цититирам тука.Пријател ако веќе одиш на тоа што повеќе ти се исплати, у чиста загуба си да работиш за наша фирма односно фирма што регрутира кадри на наш пазар. Значи западно-европски/амерички бруто плати на сениор девелопери ти се минимум дупло поголеми од тоа што ќе ти предложи некоја од HR. Најмал проблем у тој случај се парите за пензиско.
Има една народна што вика: „Во Солуна грош сомуна, до Солуна сто сомуна".
Знам колку плаќаат Европските, и знам како оди со најава дека не им треба повеќе сервисот и трчање да најдеш друг клиент за вработените, колку пари губиш кога вработениот е на одмор/боледување, колку пари губиш за празници, како оди пазарењето за саатите, како оди кога ќе ти намалат обем на работа, колкави се трошоците за фирма и тн.
Ете и за фриленс пресметај ти колку ќе земеш ако работиш 10 месеци (20+ денови одмор + уште скоро толку празници), и ако легално си платиш се на државата, направи математика како ќе го организираш тој период со клиентот (него му треба сервис, го заболе дека ти сакаш да одмараш), и врати се да ми објасниш да научам и јас

На крај од денот никој не отвора фирма и не те зема на работа оти си убав, или оти те сака, туку поради профит.
А тоа со фриленсот е крива државата, да бидеме реални, освен низок данок се друго е дибидус за водење на бизнис, или треба да тргнат за сите да биде исто без замаранции, или да го затегнат со фриленсерите, а и општо со сите сиви пари.